Димитров од Делчево: 30 септември празник на иднината

Во Делчево вечерва се одржа дебата „ЗА европска Македонија“. Гостин беше министерот за надворешни работи Нилока Димитров кој пред делчевчани дебатираше за евроатлантските перспективи на земјава и претстојниот референдум.

За градоначалникот Горан Трајковски кој исто така беше дел од дебатата нема сомнение дека претстојниот рефрендум и гласот ЗА е шанса Делчево да се отвори кон перспективите кои се нудат преку структурните фондови кои ќе овозможат решавање на егизстенцијални проблеми за граѓаните.

- Со сегашниот буџет треба да чекаме 40 години за да доведеме во ред некои основни услови за живот. Можностите се мали, но со влегувањето во НАТО и ЕУ се отвараат структурните фондови преку кои можеме да направиме многу повеќе со што општината ќе биде вистински сервис на граѓаните, рече Трајковски.

По 27 години Македонија најде решение со соседна Грција со кое се изборивме за својот идентитет и затоа е жално после 27 години да чекаме уште, рече Димитров пред полната кино сала во Делчево.

- Прв пат по 27 години најдовме решение. Полека, средба по средба дојдовме до решение со кое ние се нарекуваме Македонци. Прв пат имаме шанса со чист идентитет и со официјален јазик да влеземе во НАТО и ЕУ. Жално е 27 години при своја држава да чекаме уште , а ние додека чекавме нешто да ни се случи земјите не претекнуваат, а младите среќата ја бараа надвор. Затоа велам ако ова успеавме да го решиме тогаш се можеме да направиме, истакна Димитров пред делчевчани.

Придавката Северна, додава тој, кажува дека нашиот дел е еден дел од Македонија.

- Факт е дека Македонија е дел и од Грција и од Бугарија, а ние сме оној северниот дел. Додека младите се тука должноста на нашата генерација е да ја исправиме Македонија на прав пат и затоа во недела никој да нема никаков сомнеж околу своето ЗА референдумот, порача Димитров.

Тој се осврна и на процесите кои ќе следуваат како што рече по успешниот референдум.

- На 1 октомври нема да тече мед и млеко, ама чекорот е во вистина насока и секој чекор почнува со првиот чекор. За една година ќе ја видиме разликата. Процесот ќе заврши до крајот на годинава, во 2019 ќе влеземе во НАТО. ЗА ЕУ ќе потрае подолго, ама самиот процес е поважен од целта. Тие години додека го минуваме процесот за влез во ЕУ ќе бидат најважни, тогаш ЕУ ќе не стави под лупа дали имаме чесни политичари, судии, медиуми. Тие години ни требаат оти ако влеземе во ЕУ утре ќе истанеме истата држава. Ова ќе го правиме со многу голема помош на Европа која вложува многу повеќе пари за време на тој процес, дециден беше Димитров пред делчевци.

Затоа, додаде тој, на 30 септември ќе биде празник на иднината, на одговорноста и храброста со што нашата генерација ќе го оствари заветот на нашите татковци.

- Јас ќе се дотерам и ќе одам насмеан и ќе гласам со гордост и чиста совест ЗА европска Македонија, порача на крај од својот говор во Делчево, министерот Никола Димитров./МИА

Принцот Хари бил на пет минути од резиденцијата на својот татко, па сепак не го посетил

Принцот Хари пристигна во Велика Британија, но нема да се види со својот татко, кралот Чарлс, како што првично се мислеше бидејќи монархот има „зафатен распоред“.

Војводата од Сасекс вчера пристигнал во Лондон од Калифорнија, сам, без сопругата и децата, за да присуствува на 10-годишнината од настанот Invictus Games, чиј основач е тој.

Инаку, Хари присуствуваше на настанот на место помалку од пет километри оддалечено од резиденцијата на Чарлс.

Како што пренесуваат британските медиуми, принцот Хари верувал дека за време на оваа посета на Велика Британија ќе се сретне со својот татко, со кого веќе некое време е во нарушени односи, но овој план му вродил контраефект бидејќи кралот Чарлс имал „полн распоред“.

„Одговорот на многуте прашања и тековните шпекулации за тоа дали војводата ќе се сретне со својот татко додека е во Британија оваа недела е дека, за жал, тоа нема да биде можно поради презафатениот распоред на неговото височество. Војводата, се разбира, ги разбира обврските и распоредот на неговиот татко и разни други приоритети и се надева дека ќе го види наскоро“, рече портпаролот на Хари.

Кралскиот аналитичар Ричард Палмер реагираше на оваа вест, нарекувајќи ја „изненадувачка“.

„Би било изненадувачки доколку кралот и Хари всушност воопшто не се сретнат и можеби тоа е знак за тоа колку повеќе е потребно за да се изгради мост меѓу нив. Имаше многу медиумски шпекулации за средбата татко и син. Иако отсекогаш било на ниво на шпекулации, претпоставував дека ќе се видат“, прокоментира Палмер.

Да потсетиме дека Хари и Чарлс последен пат се видоа во февруари оваа година, по шокантното сознание дека кралот боледува од рак.

Шест владици богослужеа за Марковден во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево

Шест владици денеска учествуваа на Светата божествена литургија одржана во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево по повод празникот посветена на апостолот и евангелист Св. Марко. 

Неговото преосвештенство г. Марко, епископ на делчевското каменичката епархија кој го носи името на апостолот, изрази благодарност до владиците кои учествуваа на литургијата и верниците со своето присуство збогативајки го денешниот настан.

- Упатувам благодарност до митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото преосвештенство епископот Дељадровско – илинденски г. Јоаким, Неговото Преосвештенство епископот Дремвитски г. Давид и Неговото Преосвештенство епископот Стобиски г. Јаков кои го збогатија денешното чествување на апостол Марко. Со Божја помош свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол. Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во Александрија. Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и сè добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чуда, истакна г. Марко.

Епископот на Делчевско-каменичката епархија на верниците им го честиташе Велигден, упатувајќи порака уште многу години да го празнуваат насјветлиот датум во христијанството.

Воедно, изрази благодарност на градоначалникот на М. Каменица Димчо Атанасовски кој присуствуваше на литургијата, за неговото како што рече епископ г. Марко, залагање за изградба на резиденцијата на свештениците во М. Каменица, чии градежни работи се во тек.

Литургијата заврши со делење нафора на верниците и доделување црковни сувенири во знак на благодарност за присуство на богослужбата.

Драма на аеродром во Турција: Авион „се заринка“ во пистата, летаат искри (ВИДЕО)

Товарен авион Боинг 767 утрово имал инцидент при слетување во Турција, откако му откажала опремата за слетување.

Летот со кој управува американската поштенска служба FedEx, полетал од аеродромот Шарл де Гол во Париз рано утринава и летал за Истанбул кога пилотот сфатил дека опремата за слетување не е во функција.

На шокантното видео се гледа моментот кога авионот се обидел да изврши принудно слетување, но предниот дел удрил во пистата, додека носот на авионот се лизгал на бетонот.

Од трупот на авионот летаа искри додека тој шкрипеше по асфалтот со чад што се извиваше, пишува Дејли Меил.

За среќа, противпожарните и спасувачките екипи веќе чекале на местото на настанот, а турското Министерство за транспорт испрати екипи за итни случаи веднаш штом дознале дека опремата за слетување на пилотот не работи.

За среќа во инцидентот нема повредени. Пистата каде што слетал авионот била затворена додека не се отстрани леталото.

притисни ентер