Димитров: Уставните аманадмани не се напишани ниту се преговарани, тоа е задача на Собранието

 Уставните амнадмани не се напишани ниту се преговарани.

Нив ќе ги формулира Собранието на Република Македонија со големо двотертинско мнозинство, со јавна дебата, со расправа по комисии. Тоа е процес со цврсти рокови утврдени во деловникот на Собранието, рече шефот на дипломатијата Никола Димитров на прес-конференцијата во Владата за појаснување на сите аспекти од Договорот со Грција.

Тој ги појасни поентите на четирите уставни амндмани.

- Првиот се однесува на географската одредница северна кон името Македонија. Втортиот се однесува да не ги чепкаме границите, уште поголем чекор од немање територијални претензии што е дел од спогодбата. Ниту Грција кон нас има територијални претензии ниту ние кон нив. Грижата за припадниците на македонското малцинство во соседните земји ќе се прошири на грижа за правата на целата дијаспора на РМ во целиот свет. И конечно во делот на преамбулата нема да се чепка ништо во делот на државно-правниот наратив кој почнува од Илинденското востание, преку АСНОМ до референдумот за независност од 1991 година, туку ќе ги конкретизира, поединечно ќе ги наведе конститутивните одлуки на АСНОМ. Тоа се поентите. Формулациите не постојат ниту се преговарани, бидејќи тоа е наша работа, на Собранието, рече Димитров.

Одговарајќи на новинарско прашања во врска со амандманите тој уште еднаш подвлече дека тоа е работа и задача на Собранието, кое го отвара процесот со минимум 80 пратеници, а текстот се гласа со помало мнозинство.

Запрашан дали може да се обезбеди мнозинство за уставните амандмани и кога тој процес треба да заврши шефот на дипломатијата рече дека тоа зависи од граѓаните.

- Сите велат клучот е кај граѓаните. Ние сме вака во чекалната со години. За НАТО сме од 2008, иако тој пат го одиме од 93-та веќе 25 години. Кандидати сме за членство во ЕУ од 2005 година. Еве ја вратата еве го клучот. На 30 септември шест дена од денеска сите заедно треба да решиме, не како партии, не како Влада, не како опозиција, сите заедно граѓанството, македонскиот народ, деловите од други народи што живеат со нас - ќе го употребиме тој клуч или не. Колку повеќе луѓе ќе речат да, сакаме да одиме напред, сакаме да влеземе во НАТО, тоа ќе ни донесе стабилност, ќе ја завери нашата државност, ќе созаде подобри услови за успешна Македонија, толку полесен ќе биде политичкиот процес во Собранието, каде што ќе треба да се формира мнозинство од 80 пратеници, рече Димитров.

Додаде дека власта работи на тоа тој процес со такво мнзоинство за четирите уставни амандмани да заврши до крајот на оваа календарска година, односно заклучно со крајот на декември.

Појаснувајќи го прашањето во врска со идентитетскиот концепт од членот 7, Димитров рече дека тој содржи разлики во однос на припадноста и на културното наследство при употребата на терминот Македонец.

- Кога Грк во Солун или во Атина ќе каже ама и ние сме македонци, мислат на друг концепт. Тоа го кажува членот 7. Кога ние ќе кажеме „јас сум Македонец“ мислиме на нашиот државно-правен и историски наратив. Тоа е наратив кој што почива на два столба и кој е резултат на еден цел историски процес. Клучните во нашиот се 1903, 1944 и 1991 година. Се разбита дека тоа е процес што почнал многу порано. Никој не може нас во 21 век да ни спори право на самоопределување или самоидентификација, рече министерот Димитров.

Тој нагласи и дека во договорот нема ниту еднаш придавка северномакедонска, северномакедонски, туку има само македонско.

- Дистинкцијата меѓу нашата и нивната Македонија е со географската одредница северна. Таа географска одредница не може нас да не смени кои сме. Тоа го кажува членот 7. Ќе има работа бидејќи договорот е текст. Ќе треба да се реагира, ќе има грешки како што имаше грешки и досега. Факт е дека со ова ние растеме, расте и Грција, рече министерот за надворешни работи

Димитров меѓу другото појасни во однос на референдумот дека не е правен услов во договорот. Во него се споменува референдум, а тој е, вели, политичка заложба и ветување и на СДСМ во изборната програма и на ВМРО-ДПМНЕ од 2005.

- Во последната програма на ВМРО-ДПМНЕ со која излегоа на изборите во 2016 -та не постои цензус. Таму вели ако има договор на маса ќе ги прашаме граѓаните и ако мнозинството кажат „да“ ќе го потврдиме тој договор. Во програмата на опозицијата 27 години немаме договор. Прв пат имаме на маса, заштитуваме тоа што е најважно - кои сме. Тие од 2005 викаат референдум, дојдовме до тој ден. Референдумот ни е за шест дена и гледајте ни ја ситуацијата. Време е за ова прашање да се обединиме, нагласи Димитров.

Според него, легитимација на референдумот ќе биде големо мнозинство, а тука, вели, индикатори ќе бидат мнозинствата од претходни изјаснувања на граѓаните на претходнитепарламнетарни избори, но рече, не може да каже конкретна бројка./МИА.

Украина го осуди најновиот руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура

Во текот на изминатата ноќ руските сили извршија уште еден „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, при што беа повредени најмалку шест лица, соопштија украинските власти.

„Непријателот не се откажува од своите планови да ги лиши Украинците од уште еден масовен напад врз нашата енергетска индустрија“, напиша украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко на Телеграм.

Нападите беа насочени кон производството и преносот на електрична енергија во регионите Полтава (исток), Кировоград (центар), Запорожје (југ), Лавов, Ивано-Франковск и Виниција (запад).

Локалните власти соопштија дека шест лица се повредени во текот на ноќта во неколкуте нападнати области.

Се додава дека „сериозно се оштетени“ зградите на компанијата ДТЕК, најголемиот приватен инвеститор во енергетскиот сектор на Украина, како и три термоелектрани.

Локалните власти соопштија дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, во февруари 2022 година, енергетските објекти се бомбардирани околу 180 пати, од кои пет во последните неколку недели.

Како што соопшти денеска воената управа на градот Киев, руските стратешки

Во Куманово навреме отворени сите гласачки места, во Умин Дол едно со задоцнување

Во Куманово навреме се отворени сите гласачки места освен  гласачко место 1100 во село Умин Дол, каде што поради технички проблеми со апаратот за биометриска идентификација гласањето почнало во 8.45 часот.

Како што соопшти претседателката на Општинската изборна комисија Куманово, Елизабета Стојковска, за проблемот била известена Државната изборна комисија и по официјално барање на ОИК добиена е дозвола од ДИК гласањето да продолжи со УВ-ламба и УВ-спреј.

Според податоците на ОИК, во Куманово право на глас за Претседателските избори имаат 93.508 избирачи, а за Парламентарни избори 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.

Израел го отвори граничниот премин „Керем Шалом“

Израел го отвори преминот „Керем Шалом“ на својата граница со Појасот Газа, соопшти израелската служба што управува со пунктот.

Канцеларијата соопшти дека камиони со хуманитарна помош веќе минуваат низ проверки на пунктот.

Хамас пред три дена истрела ракети од областа на граничниот премин Рафа. Тие го гаѓаа граничниот премин „Керем Шалом“, при што во нападот беа убиени четворица израелски војници. Излезот беше затворен по нападот.

„САД синоќа беа известени дека граничниот премин „Керем Шалом“ меѓу Израел и Газа ќе биде отворен денеска“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

притисни ентер