Димитров: Изјавата на Иванов за бојкот за ваква крупна одлука е бегство од одговорност,

 Одговорот на претседателот на државата Ѓорге Иванов дека нема да гласа на референдумот не не изненадува.

Да се каже дека не се гласа е срамно бегство од одговорноста и тоа не се кажува во Македонија, туку преку океанот, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната прес-конференција во Владата, коментирајќи ја изјавата на Иванов дадена во Детроит.

Тој потсети, како што посочи, на одговорот на Иванов на соголените индиции за сериозна корупција, криминал и злоупотреба на службена положба во 2015 година бил аболиција, односно неказнивост. Исто така, посочи и на ситуацијата по изборите во 2016 година со одолговлекувањето на доделувањето на мандатот на партијата, односно коалицијата која има обезбедено мнозинство во Парламентот како резултат на што следуваа и настаните од 27 април во Собранието, најцрниот ден за нашата демократија од 1991 година.

- Често се повикува дека е тука за да го брани Уставот, меѓутоа Уставот не може да се брани со кршење. Ние не сме претседателски систем, ние сме парламентарна демократија. Претседателот нема резулутивно вето. Законот за договорот со Грција кога беше изгласан по вторпат во Парламентот според Уставот претседателот е должен да го потпише. Ние сме демократска држава, а граѓаните си бираат кој ќе им служи со гласање. Најдемократско средство во секоја демократија е референдумот. Да се каже за ова прашање заради кое изгубивме многу генерации, 27 години нерешен спор, да се каже после најава во кампања дека ќе има референдум кога и да има заемно прифатливо решение со Грција на маса дека ќе ги прашаме граѓаните, да се каже дека не се гласа, е рамно на бегство од одговорност. И тоа не се кажува овде туку преку океанот, рече Димитров.

Посочи дека како граѓанин чувствува голем проблем со тоа бидејќи, како што наведе, само тие што ќе гласаат учествуваат во одлуката за нашата иднина.

- Не може да седите дома, а да влијаете на одлуката. Ако има еден глас повеќе „не“, против членството во ЕУ и НАТО ние ќе се поклониме и ќе кажеме оваа работа не поминува. Меѓутоа само тие што гласаат може да влијаат врз таа одлука. Ако големо мнозинство од граѓаните кажат „да“ дури и да нема цензус тоа ќе биде земено предвид, меѓутоа ситуацијата ќе се врати во Собранието на РМ. Затоа да не се учествува со свој глас во ваква крупна одлука е бегство од одговорност, рече Димитров.

Тој посочи дека сите сакаме да влеземе во ЕУ и НАТО без да го решиме името, но не може да се каже јас сум за ЕУ и НАТО, а без да се каже како.

- Таа (претседател на држава) е прва најодговорна позиција во нашата држава по протокол и по Устав. Должност е да се покаже патот. Одговорноста од немање визија е огромна. Ако утре во Атина има влада што ќе има проблем со македонскиот јазик со јасните одредници - идентитетски дека сме македонски народ што зборува македонски јазик, кој ќе ја преземе таа одговорност за оваа сега пропуштена шанса, праша Димитров./МИА.

Израел почнува нови напади врз Газа во време додека траат преговорите за примирје

Израел денеска нападна цели во Појасот Газа, откако вчера ја презеде контролата врз главниот граничен премин кон Египет, земја во која преговарачите се обидуваат да ја искористат својата последна шанса да придонесат за договор за прекин на огнот.&nb

По неколку недели објавување на почетокот на копнената офанзива на пограничниот град Рафах, и покрај меѓународното противење, израелските тенкови вчера влегоа и презедоа клучен премин за испорака на помош на опколената палестинска територија.

Белата куќа го осуди нарушувањето на хуманитарните испораки.

Влегувањето во јужниот град Газа преполн со раселени цивили доаѓа додека посредниците во Каиро се обидуваат да постигнат договор за ослободување на заложниците и примирје во седуммесечната војна меѓу Израел и екстремистичкиот Хамас.

Анонимен функционер на Хамас предупреди дека тоа е „последната шанса“ на Израел да ги ослободи десетиците заложници што сè уште се држат во Газа.

Египетскиот „Ал-Кахра њуз“ објави дека сите страни, вклучително и Израел, се согласиле да ги обноват преговорите, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека израелската делегација е веќе во Каиро.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, оцени дека тоа не е безначајно.

И покрај разговорите во египетскиот главен град, очевидци и локална болница известија за израелски напади низ Појасот Газа минатата ноќ и утринава, вклучително и околината на Рафа.

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети во текот на изминатата ноќ

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети истрелани во текот на изминатата ноќ.

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле неколку десетици ракети и дронови лансирани од Русија претходната ноќ низ целата земја, како дел од нападот насочен кон енергетските инсталации.

- Непријателот (Русија) употреби 76 средства за воздушен напад – 55 проектили и 21 јуришен дрон, соопштија украинските сили на Телеграм, додавајќи дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале 39 проектили и 20 беспилотни летала.

Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко утринава соопшти дека руските сили во текот на претходната ноќ извршиле нов „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, во кој се повредени најмалку шест лица.

Веќе 4 часа Македонија гласа на претседателските и парламентарни избори

Канал 5 од раните утрински часови  го следи изборниот процес.  

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица, а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.

Канал пет утринава беше на избирачките места во Карпош и во Аеродром , а во моментов екипата е на избирачко место во Општина Центар, во ООУ Киро Глигоров е Игор Манасиевски.

Игор како тече изборниот процес ?

притисни ентер