ВМРО–ДПМНЕ на протестен марш во Охрид

Пред малку во Охрид заврши  маршот организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата причината за протестот е катастрофалното лошо работење на владата, во Охрид е екипа на Канал 5.

Протесниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид го следеше Михајло Видимлиски.

Како помина маршот и какви пораки беа испратени?

– Договорот за менување на името е штетен и треба да се отфрли. Тој е против македонските национални интереси, против македонската држава. Тој е „диво месо“ вметнато во здрав организам што не гуши и допрва ќе не влече надолу ако не се спротиставиме, истакна лидерот на ВМРО-ДМПНЕ Христијан Мицкоски.

Во видеото погледнете го целиот извештај од Охрид.

Милијардерот Мурдок (92) ќе се жени со поранешната тешта на олигархот Роман Абрамович

Милијардерот Руперт Мардок е фотографиран со неговата свршеница, 25 години помладата Русинка Елена Жукова.

Парот е фотографиран како го шета своето куче, а окото го привлече огромниот веренички прстен на Елена.

Венчавката ќе се одржи во Калифорнија, во Murdoch's Vineyard and Moraga Estate, а на Руперт ова му е шеста свршувачка. Американскиот милијардер и медиумски магнат минатата година се вери со Ен Лесли Смит, но свршувачката траеше само две недели.

Мардок и Жукова беа сликани заедно во август минатата година, откако раскина со поранешната свршеница. Жукова, по професија молекуларен биолог, е мајка на Даша Жукова, поранешната сопруга на рускиот олигарх Роман Абрамович.

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев - одбележана 121 годишнина

Владина делегација ја одбележа 121 годишнина од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ја одбележа 121 годишнина од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Пред саркофагот на великанот се поклонија и му оддадоа почит и Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и делегациите на Собранието, на Армијата, на Сојузот на борците, на дипломатскиот кор, на политичките партии како и други почитувачи на делото на Гоце Делчев.

Денес се сеќаваме на големото дело на Гоце Делчев како срцевина на македонската револуционерна и интелектуална борба за македонска држава која е еднаква за сите. Тој се бореше и го положи својот живот за слободна и независна Македонија, неговите идеали и заложби се наша заедничка обврска да продолжиме да градиме демократска и економски напредна земја. Вечен останува споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, соопштуваат од Владата.

Лукаревска: Почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев.

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев, а неговиот аманет е за сегашните и за идните генерации.

„Денеска оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев. Неговиот аманет е и за сегашните и за идните генерации. Делчев е симбол на единството и државотворноста, се борел за слободна и просперитетна држава. Ние сме тие коишто неговиот аманет ќе треба да го продолжиме во иднина“, рече Лукаревска, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер