Трајковски продолжи да ги тресе противничките мрежи, му се придружи и Несторовски

 Македонските фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски имаа значаен придонес во најновиот триумф на Палермо. 

Тимот од Сицилија попладнево во 4.коло од Серија Б  ја победи Перуџа со 4:1.

Трајковски најпрво му асистираше на Белуши во 14.минута, а потоа постигна гол во 58.минута. Ова за него е втор погодок во новата сезона.

Својот првенец го забележа Илија Несторовски кој во листата на стрелците се запиша во 18.минута, а 50 минути подоцна (68.минута) од пенал го постигна својот втор гол на натпреварот.

Со новите три бода Палермо се искачи на 3. место на табелата со две победи и два нерешени исхода. 

Ѓоковиќ и Халеп – најдобри на светот за 2018

Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп се прогласени за најдобри тенисери на светот за 2018 од Меѓународната тениска федерација.

Според федерацијата со седиште во Лондон во денешното известување , Ѓоковиќ оваа награда ќе ја добие по шести пат , додека на Халеп ова и е прва титула , што ќе и биде доделена на традиционалната свечена вечера на 4 јуни во Париз , за време на одржувањето на Роланд Гарос.

,, Посебно сум горд на ова достигнување со оглед на тоа низ какви физички тешкотии минував оваа година , иако дел од мене секогаш веруваше дека можам да се вратам на врвот. “ изјави српскиот тенисер кој годинава ја завршува како прв на АТП листата , иако по Роланд Гарос беше на 22 место.

Симона Халеп , пак токму во Париз го прекина чекањето за победа на Ролан Гарос , а дури 40 недели годинава помина на првотот место на ВТА листата.

,,Имав неверојатна сезона , го освоив мојот прв Гренд Слем на Ролан Гарос и ја завршив годината како број еден. “ , вели младата тенисерка.

Во конкуренција на машки двојки првото емсто им припадна на Американците Мајк Брајан и Џек Сок , додека во женска конкуренција најдобри на светот се чешките тенисерки Барбора Крејчикова и Катерина Синјакова.

Видео: Бруталниот старт на Томас Милер

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер важи за фер и коректен играч.

 Но, во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите на мечот против Ајакс заслужено доби црвен картон.

Милер неочекувано брутално во занесот на играта стартуваше над дефанзивецот на Ајакс Талиафико.

Милер веднаш по „маја-гери“ стартот заслужено доби црвен картон.

Јувентус подготвува зимска трансфер „бомба“

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е подготвен да  понуди 80 милиони евра на Манчестер Јунајтед за во јануари во своите редови да го врати францускиот интернационалец Пол Погба.

Иднината на Погба е неизвесна на Олд Трафорд поради неговите константни несогласувања со менаџерот Жозе Мурињо, поради ова одличниот фудбалер од средниот ред сигурно би бил презадоволен ако повторно се врати во Торино.

Раководството на италијанскиот гигант уште на стартот на  новата година  ќе се обиде да го реализира трансферот на Погба, кој токму од Јуве се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед  во 2016 година за тогаш рекордни 105 милиони евра.

Интересен е фактот дека Погба пред Јувентус  исто така го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, што значи дека ова би бил само уште еден негов трансфер Манчестер – Торино.

Пол Погба е на мета и на каталонскиот гигант Барселона, поради што Јувентус има план „Б“ , а тоа е фудбалерот на Реал Мадрид Иско.  

притисни ентер