МОСТ објави периодичен извештај од набљудувањето на

 Граѓанската асоцијација МОСТ денеска објави периодичен извештај од набљудувањето на референдумот.

Во набљудуваниот период добиени и анализирани се 311 извештаи за кампања и 978 дневни извештаи за настани и случувања во општините.

Од нив, како што наведува МОСТ, може да се заклучи дека единствениот субјект кој има интензивни активности на терен е коалицијата „Заедно за европска Македонија“.

Забележани се главно директни средби со граѓаните и повисок интензитет на т.н. кампања врата до врата. Забележан е и значително помал процент на активности на субјекти кои пропагираат граѓаните да не гласаат на референдумот. Во исто време, меѓународни и домашни организации и останати субјекти одржуваат информативни дебати и трибини. МОСТ цени дека овие информативни активности придонесуваат за зголемување на нивото на знаење и информираност на граѓаните.

- Апелот на претседателот на Владата на РМ до бизнисмените, финансиски да ги мотивираат вработените во нивните компании да гласаат, е неетички потег кој не треба да биде дел од еден ваков важен процес. Ваквото однесување поставува преседан кој во иднина може да стане составен дел од кампањите и однесувањето на политичарите. наведува МОСТ во својот извештај.

Натаму, граѓанската асоцијација го поздравува воведувањето на веб-алатката од МИОА која овозможува пријавување притисоци во администрацијата. Особено позитивно е што алатката овозможува анонимно пријавување, што уште повеќе треба да ги охрабри вработените во администрацијата да пријават евентуални притисоци. Во текот на набљудуваниот период не бил пријавен ниту еден случај на оваа веб-алатка.

- Новиот состав на ДИК беше избран неспоредно пред распишување на референдумот, со мандат од 6 месеци. Претседателот и два члена беа избрани на предлог на опозицијата, додека потпретседателот и три члена на предлог на власта. Во набљудуваниот период ДИК работеше во колегијална атмосфера и сите одлуки ги донесе едногласно, што е за поздравување. Исто така, позитивно се оценува и транспарентноста на работата на ДИК, имајќи предвид дека првпат сите седници се јавни и за првпат се почитува обврската од Изборниот законик за редовно објавување на записниците од седниците на Интернет. Дополнително, ДИК ги одржува седниците во временскиот интервал пропишан со нејзиниот Деловник, наведува МОСТ.

Од друга страна, при разгледувањето на барањата за изземање од извршување на должност член на ОИК, ДИК прифати едно барање поради службени обврски, иако тоа не е предвидено со Изборниот законик. Оттаму, додава МОСТ, можеби е потребно да се разгледа можноста за проширување на основите по кои може да се бара изземање од членство во изборните органи.

- Забележани се и извесни пропусти во прирачникот за едукација на изборната администрација, како и неусогласеност на одредени делови со видео-прирачникот кој го подготви ДИК и кој се користи за обуките на изборната администрација, посочува граѓанската асоцијација.

МОСТ ја набљудуваше и постапката за дополнување на составот на избирачките одбори во 73 општински изборни комисии. Треба да се нотира дека истата заврши неколку дена по законски предвидениот рок.

- За првпат изборот не се вршеше паралелно за повеќе општински изборни комисии одеднаш, туку поединечно, што придонесе за зголемување на транспарентноста и можноста за набљудување и контрола на процесот. Генерален заклучок од набљудувањето е дека базата на службеници во администрацијата содржи неажурирани податоци кои го отежнуваат случајниот избор на членови на избирачките одбори. Дополнително се отвора дилемата дали одредени професии како што се на пример лекарите и останатите здравствени работници, коишто не се дел од администрацијата во потесна смисла на зборот, треба да бидат дел од базата од која се избираат членовите на изборните органи, наведува МОСТ.

МОСТ препорачува да се подобри софтверот и базата за избор на членови на изборните органи, како и да се преиспита начинот на избор и составот на изборните органи.

МОСТ ги охрабрува сите граѓани да се информираат за секој аспект од референдумот, активно да се вклучат во носењето одлуки и својот глас да го дадат согласно нивното лично уверување и волја. Секаков притисок, уцена или заплашување на граѓаните се спротивни на демократските вредности и принципи.

Граѓанската асоцијација ги охрабрува граѓаните да пријават какви било притисоци или нерегуларности на бесплатната телефонска линија 080-080-080.

Набљудувањето на референдумот од страна на МОСТ започна на 3 септември, со распоредување на 80 долгорочни набљудувачи, кои ги покриваат сите општини во Македонија. МОСТ ја следи работата на Државната изборна комисија, општинските изборни комисии, како и активностите на сите субјекти поврзани со претстојниот референдум.

„Највалканиот човек на светот“ 60 години не користел вода и сапун (ВИДЕО)

Во октомври 2022 година, медиумите ја објавија смртта на Аму Хаџи, кој беше познат како „највалканиот човек на светот“, во Иран.

Оваа „титула“ ја заслужил затоа што не се капел шест децении, а за последен пат ги затворил очите на 96 години.

Аму секогаш бил покриен со прашина и пепел, живеел во колиба направена од чакал, но бил виден и како спие во дупки што ги ископал самиот.

Еден новинар опишува дека „изгледал како карпа“ и дека се вклопувал во околината поради тоа колку бил валкан и сив, пренесува LadBible.

Непосредно пред неговата смрт, мештаните успеале да го убедат конечно да се избања. Се разбира, двата настани не се причинско-последично поврзани, бидејќи Аму починал од старост.

Се поставуваат прашања зошто 60 години избегнувал вода и сапун. Се верува дека страдал од аблутофобија, односно „постојан неоправдан страв од капење или миење“.

Наводно се плашел дека ќе се разболи ако се исчисти, односно дека водата и сапунот предизвикуваат болести.

Зборувајќи за фобијата која е поизразена кај децата, па кај жените, па дури потоа кај мажите, д-р Сива Лечор од клиниката „Толедо“ рече:

„Аблутофобијата е исклучително ретка. Во моментов почесто го гледаме кај постарите лица. Обично кај луѓе кои имале трауматски искуства во минатото“, објасни д-р Лечор.

Локалните новинари со години се обидувале да добијат информации за неговото минато и што го навело Аму да води ваков начин на живот. Вистината никогаш не била откриена.

Мајка си го фрлила болниот шестгодишен син во река полна со крокодили, таткото барал да го убие

Мајка го фрлила својот болен шестгодишен син во река полна со крокодили кои го растргнале, откако сопругот и татко на момчето ѝ рекле да се ослободи од него бидејќи малото момче било родено со физички маани.

Овој страшен настан се случил во Индија.

Како што пренесува „Дејлимејл“, Савитри Кумар (26) се скарала со сопругот Рави Кумар (27) кој ѝ наредил да се ослободи од малото дете кое тешко зборувало.

Таа го земала својот син додека спиел и го фрлила во блискиот канал полн со крокодили. Случајот, како што пренесува „The New Indian Express“, се случил во Утара Канад, област на западната индиска држава Карнатака.

Полицијата навела дека сопругот ѝ се пожалил на сопругата зошто таа родила дете со неизлечива мана. Сведоците кои ја виделе мајката како го фрла синот во каналот веднаш повикале полиција која почнала да трага по момчето. Потрагата набрзо била завршена поради темнината, а неговото осакатено тело било пронајдено во реката во неделата наутро.

Малото момче се здобило со страшни повреди и му била одгризана едната рака. Полицијата верува дека телото го растргнале неколку крокодили. Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Полицијата за локалните медиуми потврдила дека е покрената истрага за убиството и дека двајцата родители се уапсени.

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Бразил, спасените гладуваат (ВИДЕО)

Спасувачите се обиделе да ги евакуираат луѓето затрупани од разорните поплави низ јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, при што 90 лица се мртви, а очајните преживеани се обидуваат да дојдат до храна и основни потреби.

На периферијата на градот Елдорадо до Сул, 17 километри од главниот град на државата Порто Алегре, многу луѓе кои ги напуштиле своите домови спиеле покрај патот и изјавиле за Ројтерс дека се гладни. Цели семејства заминале пеш, носејќи работи во ранци и колички за пазарење.

„Немавме храна три дена и само што го добивме ова ќебе. Јас сум со луѓе кои воопшто не ги познавам, не знам каде е моето семејство“, рече млад човек кој се претставил како Рикардо Јуниор.

Поплавите ги отежнале спасувачките напори, при што десетици луѓе се уште чекаат да бидат евакуирани со чамец или хеликоптер од погодените домови. Мали чамци ги преполнија поплавените улици во потрага по преживеани.

Агенцијата за цивилна заштита на земјата соопшти дека бројот на загинати се искачил на 90, додека уште четири смртни случаи се истражуваат, а 131 лице се водат како исчезнати, додека 155.000 луѓе останале без покрив над главата.

Обилните дождови кои почнаа минатата недела предизвикаа излевање на реките, потопувајќи цели градови и уништени се патишта и мостови.

Во Порто Алегре, град со 1,3 милиони жители на реката Гуаиба, улиците во центарот на градот се под вода.

Жителите на Порто Алегре се соочија со празни полици во супермаркетите и затворени бензински пумпи, додека продавниците ја ограничија продажбата на минерална вода. Градот користел камиони за доставување вода до болниците и засолништата.

Поплавите ги погодија и службите за водоснабдување и електрична енергија, со повеќе од 1,4 милиони погодени луѓе, според Цивилната заштита на Бразил.

Речиси половина милион луѓе останале без струја во Порто Алегре и околните градови бидејќи компаниите за електрична енергија го прекинале снабдувањето со поплавените населби од безбедносни причини. Националниот оператор ОНС соопшти дека поради обилните дождови се исклучени пет хидроцентрали и далноводи.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека степенот на штетата ќе се знае само кога водите ќе се повлечат. Тој вети федерална помош за државата за она што се смета за најлоша климатска катастрофа.

Економистите на JPMorgan предвидоа дека влијанието на поплавите врз бразилската економија ќе биде удар за растот на БДП и маргинален пораст на инфлацијата, главно поради повисоките цени на оризот, кој главно се произведува во Рио Гранде до Сул.

Покрај уништувањето на критичната инфраструктура, обилните дождови и поплавите ги потопија житните полиња и загина добиток, прекинувајќи ја жетвата на соја и стопирани се работите во неколку погони за месо.

Пристаништето Рио Гранде работи нормално. Главното пристаниште за извоз на жито не е погодено од порастот на нивото на Лагуна дос Патос, во која се влева надојдената река Гуаиба.

Сепак, главните пристапни патишта не се проодни, што ја отежнува испораката на жито до пристаништето бидејќи камионите мораа да направат голем заобиколување, велат извозниците.

притисни ентер