Беким Алиу погребан во родното Јеловјане

На гробиштата во тетовското село Јеловјане на Шар Планина денеска беше погребан 36-годишниот Беким Алиу, кој пред два дена беше застрелан и запален од полицаецот 24-годишниот  Енвер Тоска во атарот на прилепското село Беловодица.

Неговите соселани и роднини се револтирани од тоа што убиецот е полицаец, кој наместо да ги штити граѓаните посегнал по животот на Алиу поради пари.

Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп на полицаецот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена

Притворот ќе се извршува во Казнено поправната установа Затвор Скопје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи вчера поднесе кривична пријава против Е.Т. вработен во Министерството за внатрешни работи како полицаец во Полициска станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што информира МВР, убиството било извршено завчера попладне во атарот на село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде осомничениот Е.Т. со службениот пиштол го застрелал А. Б., по што го полеал со бензин и го запалил. Откако го извршил кривичното дело, со возилото се упатил во правец кон Битола.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер