Грозоморно убиство од полицаец кај Беловодица, Прилепско

Полицијата го откри и го приведе сторителот на свирепото убиство на 36-годишниот Бекир А. од Битола, што се случило вчера околу 16.30 часот на патот за с.Беловодица, Прилепско, потврдува Маријана Илиеска, обвинител во прилепското јавно обвинителство.

Станува збор за 23-годишниот Енвер Т., полицаец од СВР Битола, кој од битолската е доведен на распит во прилепската полиција.

- Ноќеска е откриен сторителот на свирепото убиство. Полицаецот од СВР Битола Е.Т, роден 1995 година го призна убиството и сега е на распит во прилепската полиција, потврдува Илиеска.

Прилепското обвинителство го смета за свирепо убиство. Вчера во 16.30 часот телото на патот за селото Беловодица го пронашол прилепчанец кој најверојатно се упатил на риболов во блиското езеро.

- Телото беше делумно изгорено, главно на главата но препознатиливо на лицето. Во себе имаше и документи за идентификација и станува збор за 36-годишен Б.А од Битола. Покрај телото се пронајдени траги од два автомобила од кои едниот, најверојатно голф и констатирано е дека е со битолски регистерски таблички. Околу телото се пронајдени четири чаури и едно зрно, најверојатно од пиштол што треба да го утврди вештачењето. Убиството е извршено свирепо. Наредена е обдукција, изјави Илиеска.

Полицијата го обезбедува местото. Малкуте жители во селото Беловодица не виделе ништо. Педесет и едногодишната Блага Мицеска вели дека нејзиниот сопруг само ги слушнал истрелите.

-Мојот домаќин слушнал пет-шест пати како пукнало. Изгледало како да е од пиштол, ама друго не знае. Беше да ги напасува кравите. Си ги прибрал потоа и си дошол дома. Јас со синот не знаевме ништо но кога се враќавме во селото имаше многу автомобили, полицајци.

Од СВР Битола велат дека МВР во текот на денот ќе информира случајот.

Олимпискиот оган го започна патувањето од Грција кон Франција за ЛОИ „Париз 2024“

Со историскиот француски едреник со три јарболи „Белем“, од атинското пристаниште Пиреас, олимпискиот оган утрово го започна патувањето кон Франција за Летните олимписки игри ,„Париз 2024“.

Со историскиот француски едреник со три јарболи „Белем“, од атинското пристаниште Пиреас, олимпискиот оган утрово го започна патувањето кон Франција за Летните олимписки игри ,„Париз 2024“, а на 8 мај се очекува да пристигне во Марсеј, јави дописничката на МИА од Атина.

Олимпискиот оган за првпат ќе биде пренесен по морски пат, а според најавите, „Белем“ ќе го придржуваат 1.000 бродови.

Вчера, на церемонија на античкиот стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина, онаму каде што во 1896 година беа одржани првите модерни Олимписки игри, олимпискиот оган им беше официјално и свечено предаден на организаторите на Летните олимписки игри „Париз 2024“.

Спасовски: 27 ми април е крвав потсетник што носи режим, да не дозволиме да се повтори

Никогаш не смееме да заборавиме и да дозволиме да се повтори 27 ми април, најцрниот ден, најцрниот датум во историјата на македонската демократија.

Сликите и снимките од крвавите настани, за кои на овој начин денеска пред македонското собрание потсетуваме, нека останат паметник за тоа какви последици има од десничарскиот режим на ДПМНЕ.

Насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок.

А насилници никако не се уставобранители како што Мицкоски и Силјановска ги нарекуваат.

Најавите за нивно помилување се скандалозни и недозволиви и покажува дека ништо не е променето во ДПМНЕ.

Почитувани,

27 ми април е тежок, крвав потсетник колку лесно опасна власт може да ја втурне земјата во провалија.

Не смееме да заборавиме и не смееме да се откажеме од борбата за слобода, демократија, правда и правичност.

СДСМ не се откажа на 27 април, нема да се откаже ниту на 8 мај.

Глас на 8 ми мај за СДСМ и коалицијата е глас за слободна, демократска и европска држава.

Изјава за медиуми, Оливер Спасовски носител на ИЕ2

СДСМ

Иран најави дека ќе го ослободи екипажот на запленетиот брод „MSC Aries“

 Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахјан изјави дека екипажот на запленетиот брод „MSC Aries“, кој пловеше под португалско знаме и е поврзан со Израел, ќе биде ослободен, пренесоа иранските медиуми.

Според информациите, Амир Абдолахјан во телефонски разговор со шефот на португалската дипломатија Пол Рангел рекол дека Иран сака да го ослободи екипажот на запленетиот брод бидејќи го смета за хуманитарно прашање.

Абдолахјан изјави дека екипажот ќе им биде предаден на амбасадорите на нивните земји во Техеран, без да прецизира точен датум кога тоа ќе се случи.

Иранската револуционерна гарда го заплени товарниот брод „MSC Aries“ со 25 членови на екипажот во Ормутскиот теснец на 13 април, еден ден откако Техеран објави дека ќе возврати на нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел. .

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека бродот бил запленет бидејќи наводно „ги прекршил поморските закони“ и дека нема сомнеж дека е поврзан со Израел.

MSC го изнајмува Aries од Gortal Shipping, подружница на Zodiac Maritime, која е делумно во сопственост на израелскиот бизнисмен Ејал Офер.

притисни ентер