Изложба на графики од збирката на Музејот на современа уметност

 Музејот на современата уметност (МСУ) вечер од 20 часот ќе отвори изложба на дела од неговата графичка колекција која има повеќе од 2000 отпечатоци изработени во различни графички техники.

Поголем дел од графиките припаѓаат на меѓународната збирка на Музејот што е прогласена за културно наследство од особено значење.

За изложбата е подготвена и публикација за разновидните истражувања на уметниците и нивните индивидуални стремежи преку графичкиот ликовен израз, како и за развојот на графичката уметност и широкиот спектар стилски определби - фигуративниот, нефигуративниот, апстрактни тенденции сè до поп-уметноста и концептуалниот дискурс. Изданието содржи и преглед на графичките техники застапени во збирката на МСУ.

Тоа ќе може да се види низ делата на авторите што ја одбележале историјата на ликовната сцена во 20 век: Ханс Хартунг, Виктор Вазарели, Андре Масон, Бернард Бифе, Ники де Санфал, Георг Базелиц... Куратор на изложбата е Благоја Варошанец.

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно,се е вратено во функција

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно, од МЗ за МИА велат нема штета, се е вратено во функција.

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката.

Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

МИА се обиде да стапи во контакт со медицинскиот директор на Токсикологија, но, досега нема одговор.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

- Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понедлникот лекари од Клиниката алармираат дека има проблеми на Клиниката и дека главен проблем со којшто во моментот се соочува Клиниката е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Меѓу нив, како што посочија лекарите во понеделникот, е и боилничар кој вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици со чиста урина. Ставот на лекарскиот колегиум, е дека немаме потреба од толкав број нови вработувања.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во видео-порака, Трамп изјави дека со нетрпение очекува тесна соработка со Орбан кога, како што изјави, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесуваат американските медиуми.

Трамп, во пораката, го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Пораката на Трамп беше емитувана на собир во БУдимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (CPAC) што е најистакната конзервативна организација во САД.

Тоа беше трет собир на CPAC во Унгарија.

Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговото претседателствување, а двајцата се сретнаа на Флорида минатиот месец.

По нивниот состанок, Орбан ја истакна својата јасна поддршка за Трамп и додаде дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

 Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки. на Шангајската организација за соработка во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот. /МИА

притисни ентер