Могерини и Мичел во Скопје за поддршка на референдумот

Високата претставничка за недворешни работи на ЕУ Федерика Могерини и помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Арон Вес Мичел денеска ќе престојуваат во работна посета на Република Македонија за поддршка на референдумот.

Могерини ќе има средби со премиерот Зоран Заев, со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, а ќе се сретне и со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Како што соопшти владината прес-служба, Могерини и Заев ќе ја посетат Старата скопска чаршија, каде што ќе дадат кратки изјави за медиумите.

Целта на посетата, велат од кабинетот на Могерини, е да разговара за „иднината на односите и перспективата на интеграција во ЕУ за земјата“, јави дописничката МИА од Брисел.

Високата претставничка потсети дека го поздравува „историскиот договор“ постигнат со Грција за името и дека ЕУ ја поддржува земјата, согласно „зајакнатата заложба на ЕУ на Западниот Балкан“.

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Мичел, пак, како што соопшти Стејт департментот, ќе има средби со премиерот Заев и со други официјални претставници за поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција и претстојниот референдум на 30 септември.

Мичел во Скопје ќе има средби и со претставници на парламентарните партии и на бизнис заедницата со кои ќе размени мислења и ќе ја нагласи американската поддршка за приклучувањето на Македонија во западното семејство, се наведува во соопштението.

Како што соопштија од владината прес-служба, Заев и Мичел по средбата ќе дадат изјави за медиумите пред платото на Владата со почеток во 18:30 часот.

Минатиот викенд земјата ја посети американскиот сенатор и претседавач на Комисијата за државна безбедност Рон Џонсон, кој е еден од коспонзорите на резолуцијата на Сенатот за поддршка на Договорот од Преспа, а наредниот викенд уште еден висок американски претставник ќе ја посети Македонија - секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис. Матис доаѓа во Скопје за да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Москва во процесот.

- Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели и јасно ќе ставам до знаење дека САД го поддржуваат македонскиот народ, рече Матис во изјава за новинарите во Пентагон.

Матис истакна дека е загрижен дека Русија би можела да се обиде да се вмеша во референдумскиот порцес во Македонија.

Посетите на Македонија што во изминатиот период ги прават важни политички личности од НАТО и ЕУ, според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, е уште една потврда дека државата е насочена кон вистинскиот правец, поради што ја добива таквата поддршка.

- В понеделник во посета ни доаѓа првиот човек на Пентагон, првиот човек на најмоќната армија во светот Џејмс Матис, што се случува првпат во последните 14 години. Заборавивме како изгледа посета на министер или секретар за одбрана на САД, иако оваа држава е наш стратешки политички и воен партнер. Тоа покажува колку е голем интересот за нас и поддршката за она што ние го сработивме во последната година, изјави вчера Шекеринска во Кочани.

Изминатите денови на интензвивна дипломатска активност во Скопје престојуваа и изразија поддршка за успешен референдум германската канцеларка Ангела Меркел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, австрискиот канцелар Себастијан Курц, министерите за надворешни работи на Луксембур и на Холандија Жан Аселборн и Стеф Блок, а поддршка дојде и од високи претставници на повеќе земји од регионот. /МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер