ВМРО-ДПМНЕ: Заев да го надмине стравот и да прифати дебата

Зоран Заев мора да го надмине стравот и да престане да бега од дебата, која е основно демократско средство во политиката.

Оваа дебата не е само за собирање на политички поени и надмудрување помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, туку станува збор за дебата на која што ќе се разговара за суштински прашања кои задираат во идентитетот на државата и треба да му помогнат на народот да одлучи во каква Македонија сака да живее.

Не му е тешко на Заев да застане на некој митинг на кој што ќе глуми дека бара камшици, а партиските функционери ќе му аплаудираат бидејќи им дели тендери и криминални иновации. На Заев не му е тешко на митинг да лаже 30-тина активисти на СДСМ дека здравството било бесплатно во германија или дека ќе има подобри вакцини за нивните деца ако го поддржат во промената на името на државата бидејќи тие очекуваат работа и милостина од него, за да можат да преживеат.

Заев знае дека е многу потешко кога ќе се соочи со виситината за неговата капитулација и кога ќе му бидат предочени сите аргументи за злото што и го нанесува на државата.

Затоа Зоран Заев се плаши од дебата. Тој е свесен за економскиот пустош и антидржавните политики кои ги спроведе.

Заев бега од одговори бидејќи не може да го оправда губењето на идентитетот, историјата, културата и традицијата на Република Македонија.

Тоа е причината заради која Заев ги потценува граѓаните и смета дека тие немаат право сами да одлучат.

Капитулантското дело кое го потпиша Зоран Заев е без оправдување и на директна штета на Република Македонија, токму затоа Заев бега од дебата бидејќи не може да ја оправда штетата што и ја причини на државта.

Заев трајно ги наруши преговарачките позиција на Република Македонија, кои беа градени од страна на сите влади од независноста до сега.

Оваа влада покрај лошите меѓународни политики и нанесе и тешки удари на економијата. Повеќе од година ипол економијата тоне, граѓаните се се посиромашни, а иселувањето кое најавуваа дека ќе го запрат, не само што не го запреа, туку и го забрзаа. Граѓаните разочарани од лошите политики не гледаат перспектива во Република Македонија под власт на Заев.

Заев наместо да бега од дебати и соочување со што сака да ја сокрие својата неспособност и штетност треба да си даде оставка пред штетите што ќе и ги нанесе на државата да биде ненадоместливи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер