Страшна сообраќајна несреќа во Индија: Автобус паднал во провалија, 50 загинати

Најмалку 50 лица загинаа денеска во автобуската несреќа во индиската сојузна држава Телангана, на југот, соопштија локалните власти.

Автобусот со околу 80 верници кој се враќал од посета не еден храм на хиндуизмот, излетал од патот и паднал во провалија. Засега не се познати причините за несреќата.

Локалните власти во претходниот извештај навеле дека загинале 43 лица.

Половина од жртвите се жени, а меѓу настраданите има и три деца.

Сообраќајните несреќи во Индија се доста чести. Повеќе од 150.000 лица годишно страдаат на патиштата.

Арсовски: Јанева практично призна дека СЈО го претворила во рекетарски бизнис

ВМРО-ДПМНЕ и денеска обвинува дека случајот рекет допира до највисоките ешалони на власта, од СДСМ пак повикаа опозицијата да го поддржи законот за јавното обвинителство.

Повеќе во видеото.

Еуростат: Најскапа земја во Европа Исланд, најевтина Турција, па Македонија

Македонија е најевтина земја за живеачка, покажуваат последните податоци на Еуростат. Земјава се наоѓа на претпоследното 36то место на листата најскапи држави во Европа. Единствено поевтино од кај нас е во Турција.

Еуростат земјите ги рангира  според цените на храната, облеката, транспортот, кириите, алкохолот, цигарите..., односно сите основни трошоци  за живеење.

Сепак, за да ги задоволи основните потребни во месецот, на едно четиричлено семејство му се потребни 33 илјади денари, покажуваат последните пресметки на синдикалците.

Граѓаните се жалат дека живеачката овде е тешка. Платата не им стигнува, ниту да ги задоволат основните потреби.

Неодамна од власта посочија дека се оптимисти оти просечната плата може да достигне 500 евра до крајот на 2020тата, која сега изнесува 25 270 денари.Висината на минималецот во моментов е 12 508 денари.

Според Еуростат, од земјите во регионот, најскапа е Хрватска.  Црна Гора е на 30тото место, а по неа следат Србија, Албанија, Босна, па, Бугарија.

Најскапо за живеење во Европа е во Исланд. Цените таму лани биле дури 56% поголеми од европскиот просек. Станарина на помал стан во центар на град изнесува 1 300 евра месечно.Сепак просечната плата таму изнесува 4 500 евра.

Филипче: Зависниците ќе се дисперзираат низ повеќе општини, терапијата ќе ја примаат пред лекар

Сликата од пред Центарот за зависници во Кисела Вода ќе замине во историјата - дециден министерот за здравство Венко Филипче.

Тој останува на ставот дека решението на проблемот е во отворање дисперзирани пунктови. Најрано од септември, 530-те пациенти од Скопје ќе бидат сразмерно распределени и метадонската терапија ќе може да ја примаат во еден од 4-те пунктови: Кисела Вода, поликлиниката Јане Сандански во Аеродром, Ченто и во Болницата во Бардовци. Новина е и тоа што терапијата ќе мора да се прима единствено пред медицинско лице, со што се очекува да се стави крај на нелегалната препродажба на метадонот и расфрлани шприцови околу здравствените објекти. Како успешен пример министерот Филипче ја посочи ситуацијата во 8-септември.

Токму жителите на скопски Аеродром во неделата на протест повикаа ваквата одлука да се поништи, велејќи дека проблемот од Кисела Вода само ќе се префрли во нивната населба, а обвинија и дека пунктот во поликлиниката ќе се наоѓа веднаш до одделот за педијатрија.

Филипче пак апелира да не се крева паника и најави дека ќе разговара со локалното население, додавајќи дека ако е потребно ќе побара и ангажирање на полициски службеници.

Освен посочените 4 пунктови, во најава е изградба и на уште три други, во Ѓорче Петров, Чаир и Шуто Оризари.

притисни ентер