Ахмети: На 30 септември се гласа за мир, стабилност и подобра иднина

Со митинг во Спортската сала на Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово ДУИ вечерва ја започна својата кампања „Излези за европска Македонија“.

Претседателот на партијата Али Ахмети истакна дека треба сите храбро да работат, бидејќи на 30 септември, како што потенцира, се гласа за мир, стабилност, подобри меѓуетнички односи, економски развој, подобра иднина и младината што сега бега во други земји да остане тука.

- Да работиме посветено и сите политички партии без разлика на национална припадност. Особено ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во референдумската кампања, бидејќи и тие сакаат подобри меѓуетнички односи. Овој референдум е обединувачки за Македонците и Албанците затоа што за првпат тие имаат заедничка кауза за зачленувањево ЕУ и НАТО. Има земји на исток кои не сакаат мир, стабилност и регионот да се насочи кон Европа, туку сакаат да остане дестабилизиран, рече Ахмети.

Додаде дека за жал има македонски политички партии, па дури и Албанци што, како што рече, и служат за оваа темнина од исток.

Единствен пат, според него, е НАТО и ЕУ. Тој смета дека не е вистина мислењето на некои Македонци дека ќе го загубат идентитетот, културата и јазикот.

- Напротив со зачленувањето во НАТО и ЕУ нашата држава се засилува, идентитетот се зацврстува додека надвор од НАТО и ЕУ оваа држава не ни може да преживее, рече Ахмети.

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери рече дека на овој пратенички состав му е дадена чест и одговорност да биде носител на кампањата за референдумот.

- Таа ќе биде транспарентна, правична и без дискриминација. Договорот со Грција ги отвора и ги прави опипливи вратите на НАТО и овие две прашања се тесно поврзани и ние не можеме ако не го прифатиме договорот да ја исполниме стратешката цел за влез во ЕУ и НАТО со што е прифатено од целиот свет, рече Џафери.

Вицепремиерот задолжен за европски прашаеа Бујар Османи потенцира дека на 30 септември Македонија треба јавно да докаже дека сме про НАТО, про ЕУ и про американски расположени и, како што рече, со нашата рака да го прекинеме секој сон на Русија дека ќе се врати тука.

Пред присутните на собирот во Тетово зборуваше и шефот на централаниот штаб на ДУИ за референдумот Атила Реџепи и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.

Македонија бира претседател и нов парламентарен состав

Македонија гласа на двојни избори..

Веќе осум часа повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас избираат претседател и нов состав на парламентот.. Нашите репортери се на терен и одблиску го следат изборниот процес.. Елизабета Дамјановска Спасеновска ја имаме во живо со најновите информации од ДИК.

Одиме прво во Државната изборна комисија.. Бети, колкава е излезноста досега и има ли посериозни нерегуларности..

Се откачи рингишпил на панаѓур во Србија- 13 повредени , меѓу кои повеќето се деца

На панаѓур во Куршумлија излета дел од конструкцијата на рингишпилот и во таа прилика се повредени 13 лица, од кои едно потешко, потврди за Танјуг лекарот од Здравствениот дом Куршумлија, Славиша Дошовиќ.

- Екипите се на терен. Засега едно лице е во тешка состојба и со возило на брза помош итно е префрлена во Прокупље - изјави Дошовиќ, пренесе Телеграф.

Вртелешката била поставена на платото кај автобуската станица, а МВР на Србија наведува дека полицијата и итната помош се на терен.

Досега во болницата во Прокупље влегле пет возила на Брза помош. Според неофицијални информации, повеќето од повредените се деца.

Трендот на земање едно гласачко ливче присутен и на дел од избирачките места во Скопје

Македонија избира Шеф на дражвата, претседател на Владата и нов пратенички состав .

Македонија избира Шеф на дражвата, претседател на Владата и нов пратенички состав – граѓаните излегоа да го остварат своето право на глас – но не секој од нив се одлучи да земе од двете избирачки ливчиња.

Екипи на Канал 5 од рано утринава беа во обиколка на неколку избирачки места, во општина Центар, Чaир....

Oд она што го забележавме на терен, иако имаше граѓани кои гласаа за двата вида на избори, имаше и граѓани кои го остварија своето право на глас, но одбраа да гласаат само за парламантарните избори.

„Само едни, да ти кажам право само парламентарни, а за претседател тешко да има сега..“

„Да за давата...и за парламентарни и за претседателски...“

„И едно и друго, само да даде господ нешто малце да се смени...“

Велат надеж за подборо утре имаат, но не очекуваат некој поголеми промени.

„Дај бог да има нешто да биде подобро....“

„Сигурно ќе биде нешто подобро мора да имаме некоја вера. “

„Па вајда некој промени нешто подобро....“

„Би сакала луѓето да бидат слободни и да ги остварат своите права....“

Согласно новите насоки од Државната изборна комисија на денешните двојни избори од страна на членовите на Избирачкиот одбор на граѓаните им се поставува прашањето „Дали сакаат да гласаат за двата вида избори, или само за парламентарни или претседателски“.

-Ќе гласате и за парламентарни и за претседателски избори – ДА.

А дека имало реакции од граѓани посочија и дел од претседателите на некој од избирачките места, велат добиле поплаки дека прашањето го чувствувале како притисок.

„Имаше неколку прашуваа го чувствуваа тоа како притисок, но бидејќи е тоа насока од ДИК им објаснувавме и се поминува во ред потоа.“-изјави Лазар Јованов – Претседател на Избирачко место 2683.

Сите 3 480 избирчаки места во земајва беа отворени навреме.

За вториот круг од претседателските избори да биде успешен, односно да се избере претседател, потребно е на гласање да излезат најмалку 40% од вкупниот број на запишани избирачи.

притисни ентер