Нимиц: Ако не успее референдумот, сите ќе дигнат раце од вас - Канал 5

Нимиц: Ако не успее референдумот, сите ќе дигнат раце од вас

И по два и пол месеца од потпишувањето на Договорот во Преспа, медијаторот Метју Нимиц е воздржан оптимист дека спогодбата лесно ќе помине во двете земји.

Нимиц: Ако не успее референдумот, сите ќе дигнат раце од вас

Во интервју за „БИРН“, 79-годишниот дипломат смета дека идејата да се чека нов подобар договор е ризична. Вели, поминаа 25 години, а може да поминат уште 25, зашто многумина ќе го загубат интересот.

- На оние во вашата држава што велат „ајде да почекаме“, да оставиме уште неколку години, ќе имаме подобар договор во иднина, jас им велам „Не знаете тогаш каде ќе биде ЕУ, дали ќе сакаат уште една членка, дали ќе сакаат тоа да биде вашата држава, не знаете каде ќе биде НАТО, не знаете што ќе се случи во Грција со смената на власта, не знаете што ќе се случи во регионот“, вели Нимиц во интервјуто за „БИРН“.

Нимиц е свесен дека три пречки се исправени пред целосно финализирање на спогодбата – референдумот и уставните измени во земјава и ратификација на Договорот во грчкиот парламент, прашање за кое лидерот на грчката опозиција Мицотакис е уверен дека сепак нема да добие зелено светло. Ќе ги искористиме сите карти што ни се на располагање за да ги смениме проблематичните аспекти на спогодбата. Дадовме македонски јазик и идентитет, а не добивне ништо за возврат, порачува Мицотакис во интервју за телевизија „Алфа“.

-Како се чувствуваат нашите граѓани кога господинот Заев и господинот Димитров велат „Јас сум Македонец и говорам македонски јазик“ и на тоа, никој не одговара. Ние нема да го ратификуваме договорот ниту сега, нито во следниот парламент, доколку не се ратификува во сегашниот парламент, изјави Кирјакос Мицотакис, лидер на Нова Демократија.

Нов, според најавите масовен протест против Договорот од Преспа веќе се подготвува за во сабота во Солун. Целта на организаторите е одблиску да му испратат порака на премиерот Ципрас, кој треба да присуствува на отворање на Меѓународен саем.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: „Подготвен сум за средба со Путин“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека американскиот претседател Доналд Трамп „сака да ја заврши војната“ и оти ќе стори сѐ за да успее во тоа.

Зеленски: „Подготвен сум за средба со Путин“

Во изјава за „Скај њуз“, Зеленски истакнал дека најважно е тоа што Трамп може да организира трилатерална средба на која би се разговарало за „сите чувствителни теми“ што би можеле да придонесат за завршување на војната.

На прашањето дали е подготвен да се сретне со Путин, Зеленски одговори дека е „подготвен“ и оти средбата би можела да се одржи „во секое време, кога сите страни ќе бидат подготвени“.

Зеленски изјави дека Трамп не му поставил никакви барања за време на денешниот разговор, но напомена дека двајцата лидери претходно разговарале за барањата на Вашингтон кон Киев.

Зборувајќи за разговорот со Трамп, Зеленски рече дека разговарале и за можноста за енергетско примирје меѓу Украина и Русија. Тој изјави дека Киев е подготвен за каков било формат на такво примирје, под услов Русија да не го напаѓа украинскиот енергетски систем. „Подготвени сме за каков било формат на енергетско примирје... За сè што е поврзано со енергетиката, сè“, рече Зеленски. Тој им се заблагодари на Трамп и на американските власти и додаде дека Вашингтон ќе ја пренесе позицијата на Киев до Москва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБ: Во август: Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити и од 13,6% на вкупната кредитна поддршка

Вкупните депозити на годишна основа се повисоки за  9,0%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор. 

НБ: Во август: Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити и од 13,6% на вкупната кредитна поддршка

Орочените депозити на домаќинствата (без средствата на трансакциските сметки), бележат годишно зголемување од 5,8%.

Кредитната активност бележи раст од 13,6% на годишна основа. Раст е забележан кај двата сектора, при поголем годишен придонес на корпоративниот сектор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио и Лавров се среќаваат денес во Њујорк- Ќе разговараат за војната во Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров  денеска во Њујорк . 

Рубио и Лавров се среќаваат денес во Њујорк- Ќе разговараат за војната во Украина

Средбата ќе се одржи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти Стејт департментот.

Средбата се одржува во рамките на дипломатските напори на Вашингтон поврзани со војната на Русија против Украина, пренесува „Киев индепендент“.

Еден ден претходно, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во ОН.

По средбата со Трамп, Зеленски изјави дека Украина е подготвена за енергетско примирје, под услов Русија да се согласи на истите услови. Двајцата претседатели разговараа и за поддршката за Украина во текот на зимата, за противвоздушната одбрана и за идните мировни преговори.

Руските државни медиуми објавија дека Лавров пристигнал во Њујорк за да присуствува на Генералното собрание на ОН. Рубио и Лавров се сретнале неколку пати во текот на изминатата година, како дел од напорите на администрацијата на Трамп да посредува за прекин на руската инвазија.

Двајцата дипломати се сретнале и на маргините на минатогодишното Генерално собрание на ОН во септември 2025 година, кога Рубио ја повикал Москва да го „запре крвопролевањето“ и да преземе конкретни чекори кон завршување на војната.

Пред тоа, тие одржале разговори во Ријад во февруари 2025 година – првите официјални преговори на високо ниво меѓу САД и Русија од почетокот на руската инвазија од целосен обем.

Стејт департментот соопшти дека Рубио престојува во Њујорк од 20 до 23 септември по повод 81-вата сесија на Генералното собрание на ОН. За време на посетата, тој се среќава со министри за надворешни работи од други земји за да разговараат за безбедноста, економските прашања и напорите за постигнување мир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер