Поради свлечиште во прекин сообраќајот Битола-Ресен кај с. Крклино - Канал 5

Поради свлечиште во прекин сообраќајот Битола-Ресен кај с. Крклино

Поради свлечиште во прекин е сообраќајот на патот Битола-Ресен кај с. Крклино.

Поради свлечиште во прекин сообраќајот Битола-Ресен кај с. Крклино

Како што соопшти АМСМ, поради свлечиште над патот А3 Битола - Ресен поточно на раскрсница за с.Крклино до бензинска пумпа Лукоил кај м.в Билбил Камен, истиот е затворен во двата правци од 19.40 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Законот за соодветна и правична застапеност на пленарна седница

Законот за правнична застапеност ја разгори атмосферата во Собранието. 

Законот за соодветна и правична застапеност на пленарна седница

Опозициските пратеници од албанските партии влегоа во кавга со потпретседателката Весна Бендевска, на која и забележуваат зошто по завршување на расправата не го стави законот на гласање туку премина на следната точка од дневниот ред на седницата.

Неколку часа се пријавуваат со процедурални забелешки, како единствена алатка да го кажат нивниот став дека законот се прескокнувал поради отсуство на пратениците од Вреди кои се неопходни за финалното гласање.

Бендевска тврди дека не го крши деловникот. Вели дека точниот датум и час на гласање ќе го одреди претседателот Африм Гаши, а потсети и дека таква пракса имаше и во време на Талат Џафери.

На кратко на седницата се појави и лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој вообичаено присуствува кога треба да се гласаат поважни закони со бадентерово мнозинство.

Законот за правична застапеност, кој доаѓа како замена за балансерот, ќе се носи со т.н. „мал бадентер“, односно покрај мнозинство од присутните пратеници ќе биде потребно и мнозинство од присутните коишто припаѓаат на немнозинските заедници.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и попредвидлив пристапен процес

Осум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и попредвидлив пристапен процес за земјите-кандидати, со јасно дефинирани правила и временска рамка за нивното членство.

Осум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и попредвидлив пристапен процес

Во документот, зад кој стојат Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Италија, Словачка и Словенија, се нагласува дека процесот мора да остане заснован на заслуги, при што секоја држава ќе напредува според сопствените реформи. Истовремено, се предупредува дека воведувањето нови политички предуслови и постојаното менување на правилата во текот на преговорите ја поткопуваат довербата во процесот на проширување.

-Избегнување на непотребни нови пречки. Континуираното додавање нови барања, политички предуслови или дополнителни институционални пречки во текот на пристапниот процес ги демотивира земјите-кандидати, ја поткопува кредибилноста на европската перспектива и го ослабува влијанието на Унијата во соседството. - Нон-Пејпер.

Дополнително, во документот се предлага и воведување на заштитни клаузули со кои ЕУ би обезбедила и по евентуално членство на земја-кандидат, да се следи спроведувањето на обврзувачките меѓународни договори кои биле составен дел од пристапниот процес, особено во делот на добрососедските односи. Сепак, според авторите, ваквите одредби не би воведувале нови барања и услови, туку би гарантирале исполнување на веќе преземените обврски.

-Заштитните клаузули, кога е соодветно, би можеле да се приспособат за да обезбедат продолжување на спроведувањето, и по пристапувањето, на обврзувачките меѓународни договори што претставувале суштински дел од пристапниот процес на една земја-кандидат, особено во контекст на добрососедските односи. Таквите одредби не би создавале нови обврски, туку би ги зајакнале обврските што веќе биле составен дел од условите за пристапување-- Нон-Пејпер.

Новиот нон-пејпер доаѓа еден месец по француско – германската иницијатива со која Макрон и Мерц од самитот ЕУ –Западен Балкан во Тиват предложија нов модел за постепена интеграција во Унијата. Во документот, покрај постепено вклучување во одделни политики и во заедничкиот европски пазар пред полноправно членство на земјите-кандидатки, се предлагаше и воведување на процес на интеграција врз основа на јасно дефинирани етапи и преодни фази.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта и опозицијата ги продолжија обвинувањата кој е виновен за немањето консензус за Изборниот законик

И по недонесувањето на измените во Изборниот законик, власта и опозицијата продолжија со меѓусебните препукувања кој бил виновен за тоа и кој го кочи европскиот пат.

Власта и опозицијата ги продолжија обвинувањата кој е виновен за немањето консензус за Изборниот законик

Од СДСМ обвинуваат дека земјава губи милиони евра од ЕУ, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Македонија останува лидер во реформската агенда и сепак ќе добие најмногу средства од Планот за раст. Обинуваат дека СДСМ, ДУИ и Левица одбрале го блокираат напредокот на државта и да го опструираат законот и покрај тоа што имало простор за консензус и подготвеност од власта да се прифатат сите нивни барања.

„СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик. Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии“- Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак обвинуваат дека не се губат само европски пари, туку и иднината на граѓаните и стратешката цел на државата, поради како што велат политиката на излоација од страна на власта.

„Вистинската цена не се 4,2 милиони евра, вистинската цена се милијарди евра изгубени европски фондови, пропуштени инвестиции и украдена европска иднина за Македонија. ВМРО-ОКГ намерно го туркаше Изборниот законик со спорни одредби за изборна гражба преку гласовите од дијаспората, за да создаде привид дека опозицијата го блокира европскиот пат“- Кети Штерјова, СДСМ.

Од Левица пак посочуваат дека ниту кај ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај СДСМ не постоела политичка воља за донесување на нов Изборен законик. Сметаат дека тоа им одговарало и на двете парти кои според постојниот закон ќе поделеле 10 милиони евра за политичко рекламирање.

Донесувањето на измените во Изборниот законик пропадна по неколку неуспешни обиди партите да се договорат околку начинот на гласање на дијаспората.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер