Седница Владата : Обезбедени 80 милиони денари за Собранието на РМ за кампања за референдумот

На 84 седница владата одлучи да родолжи еколошкиот проект гасификација, Водно целосно заштитено, Сашо Тасевски е нов директор на БЈБ во МВР. На седницата е одобрена програмата за евтини летови до 2021 година и се  зголемени платите во здравството.

На денешната, 84-та редовна седница, Владата донесе одлука со која го задолжи Министерството за финансии да подготви предлог-одлука за обезбедување на 80 милиони денари од тековната буџетска резерва кои ќе бидат ставени на располагање за спроведување кампања, врз основа на одобрен план, на Собранието на Република Македонија, како овластен предлагач на референдумот. Доколку на крајот на кампањата има непотрошени средства, тие ќе бидат вратени во Буџетот на Република Македонија.

Во врска со распишаниот референдум од страна на Собранието на Република Македонија, Владата на РМ одлучи да спроведе процес на планирана јавна комуникација од јавен интерес – кампања за референдумот, базирана на принципите на објективност, транспарентност и рационалност, односно, поконкретно преку процес на планирана јавна комуникација за референдумот, за да ги оствари следните комуникациски цели:

- Прикажување на добивките за граѓаните на Република Македонија од влезот на Македонија во Европската Унија.

- Прикажување на добивките за граѓаните на Република Македонија од влезот на Македонија во НАТО.

- Објаснување пред граѓаните на Република Македонија на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратешко партнерство и

- Повикување на граѓаните на Република Македонија на остварување на правото на гласање на референдумот и на преземање одговорност за носење важни одлуки.

Во спроведување на планираната јавна комуникација за референдумот, Владата на Република Македонија ќе ги користи следните комуникациски алатки:

- Комуникација со и преку медиумите – соопштенија за јавноста, брифинзи, изјави, прес-конференции, интервјуа и ТВ и радио гостувања;

- Комуникација преку социјалните медиуми – Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Фликр и Јутуб, за кои активности Владата ќе реализира средства во износ од 400.000 денари од редовниот буџет на Генералниот секретаријат на Владата, а останатите комуникациски алатки ќе се реализираат во рамки на редовните владини активности;

- Активности од јавен карактер – теренски посети, неформални средби, состаноци, гостувања и учество на јавни настани.

Во спроведување на процесот на планирана јавна комуникација за референдумот, Владата на Република Македонија ќе работи транспарентно и отчетно, согласно стандарди за јавни комуникации од интерес на јавноста – релевантност, објективнoст, пропорционалност и рационалност.

На истата седница, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во однос на продолжување на изградбата на Магистрален гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар кај потегот на Водно, и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да подготви и во рок од 30 дена до Владата да достави предлози на закони за прогласување на парк шумите Водно, Матка и Гази Баба за заштитени подрачја.

Како дел од заклучоците за оваа точка, Владата му препорачува на Град Скопје, во соработка со надлежните институции, во рок од 30 дена да изготви проект за зелени појаси на реките Лепенец и Серава, а Министерството за животна средина и просторно планирање да го помогне Град Скопје во реализација на проектите за зелени појаси на реките Лепенец и Серава и за рекултивација и пошумување согласно предлозите од граѓанските здруженија.

Со оваа одлука му се укажува на МЕР АД Скопје да продолжи со изградбата на Магистрален гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар кај потегот на Водно согласно новите мерки и измени, и да склучи договор за регулирање на односите за оштетени зелени површини со Град Скопје како договорна страна.

На денешната седница Владата на Република Македонија го прифати предлогот на Министерот за внатрешни работи Сашо Тасевски да биде именуван за нов директор на Бирото за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи.

На денешната седница Владата донесе одлука досегашниот директор на Македонски пошти Фадис Реџепи, да биде разрешен од оваа должност заради завршување на неговиот мандат, и за нов директор да биде именуван Ејуп Рустеми.

Министерството за транспорт и врски на денешната седница предложи, а Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со постапката за доделување финансиската поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници, односно за така-наречените евтини летови.

Со оваа одлука на Владата на РМ, се задолжува Министерството за транспорт и врски да отпочне постапка за доделување на финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници, наредниот ден од денот на влегувањето во сила на Уредбата за начинот, поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од корисниците на финансиската поддршка, согласно Програмата за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2019-2021 година.

На денешната владина седница е разгледана и усвоена Информацијата за склучување на Спогодба за утврдување на вредноста на бодот за најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, и ќе изнесува 13.286,00 денари.

Со оваа корекција, вредноста на бодот во здравството се зголемува за 5 отсто, а пресметувањето на најниската плата утврдена во ставот 1 на овој член ќе отпочне да се применува со исплатата за месец септември 2018 година, и согласно колективниот договор нема да изнесува помалку од 15.770,00 денари.

На денешната седница, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со донесување на Решение за формирање на Комисија за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, и го донесе Решението за формирање на Комисија за спроведување на постапка за избор на универзален снабдувач, која треба да ја спроведе на постапка за избор на универзален снабдувач да го достави Јавниот повик и Тендерската документација до Владата на Република Македонија на усвојување, најдоцна до 3 септември 2018 година.

Владата денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за потпишување Договор меѓу Генералниот секретар на Обединетите нации и Владата на Република Македонија: Обврска да се елиминира сексуалната експлоатација и злоупотреба, и го задолжи министерот за надворешни работи, г-дин Никола Димитров, во име на Владата на Република Македонија, да го потпише Договорот меѓу Генералниот секретар на Обединетите нации и Владата на Република Македонија: Обврска да се елиминира сексуалната експлоатација и злоупотреба.

Министрите во Владата на РМ денеска го разгледаа и усвоија Извештајот за извршени преговори со усогласен текст на Договор меѓу страните на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа за автоматизирана размена на ДНК податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила и усогласен текст на Имплементацискиот договор на Договорот меѓу страните на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа за автоматизирана размена на ДНК податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила и Меморандумот за разбирање за автоматизирана размена на ДНК податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила.

На оваа своја 84-та седница Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори со усогласен текст на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи, и го определи Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во име на Владата на Република Македонија, да го потпише Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи, се наведува во соопштението од Владата. .

Маричиќ-Стевановиќ: На Собранието му требаат современи патриоти и борци за еднаквост

Во заедничката изјава за медиумите, Милена Стевановиќ и Бојан Маричиќ од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 1, порачуваат дека „реформите ни носат системски промени и европски фондови“.

Во заедничката изјава за медиумите, Милена Стевановиќ и Бојан Маричиќ од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 1, порачуваат дека „реформите ни носат системски промени и европски фондови“, но и „демократски вредности со кои се пробиваат границите за еднакви можности за жените како докажана заложба на СДСМ.

Доктор Милена Стевановиќ во својот дел на изјавата истакнува дека „СДСМ, Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ и другарите социјадемократи се оние кои со знаење и капацитет можат да ја придвижат земјата напред“.

„Нам ни требаат луѓе како Бојан. Со исклучително познавање на институциите на ЕУ, со чиста и прогресивна мисла, вистински современи патриоти кои додека ја внесуваат земјата во ЕУ го штитат и промовираат македонскиот идентитет“, истакнува во видео пораката д-р Милена Стевановиќ.

Во ова видео обраќање таа ги повикува сите македонски демократи „во среда на 8 мај сите кои се за подобра, современа и демократска македонија да го заокружат бројот 1 за европска Македонија“.

Бојан Маричиќ во ова заедничко обраќање ја посочува Милена Стевановиќ како „претставник на прогресивното женско движење“.

Маричиќ порачува со д-р Стевановиќ Македонија и македонското општество ќе „напредок на полето на јавното здравје, на полето на женското здравје и машкото здравје“.

„На Собранието и треба Милена Стевановиќ, врвен професионалец кој го предводеше целиот тим на Инфективната криза за време на пандемијата од Ковид и која во исто време се докажа како храбар и непоколеблив борец за постојано унапредување на правата на жените“, истакнува Маричиќ во видео пораката.

Маричиќ порачува дека е важен гласот на жените, девојките, демократи и демократки.

„Вашиот глас за СДСМ и за Милена Стевановиќ на овие избори е глас за жените како еднаква силна движечка сила на општеството“, нагласува Маричиќ во заедничката изјава со д-р Милена Стевановиќ, како кандидати за пратеници на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина во изборната единица 1, се наведува во партиското соопштение.

ОН: Израелски копнен напад на Рафа би можело да доведе до масакр

Израелски копнен напад врз Рафа ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе огромен удар на хуманитарните активности низ палестинската енклава.

Израелски копнен напад врз Рафа ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе огромен удар на хуманитарните активности низ палестинската енклава, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Израел се заканува дека ќе изврши копнен напад врз Хамас во Рафа, каде што се засолниле речиси милион луѓе.

„Тоа би можело да биде масакр на цивили и неверојатен удар за хуманитарните операции во целиот појас, бидејќи тие се управуваат главно од Рафа“, рече портпаролот на ОЦХА, Јенс Лаерке, на брифингот во Женева.

Хуманитарните активности од Рафа вклучуваат медицински клиники и пунктови за дистрибуција на храна и центри за неухранети деца, рече тој.

Претставник на Светската здравствена организација (СЗО) на истиот брифинг изјави дека е подготвен план за копнен напад, кој вклучува нова полска болница, но предупреди дека тоа нема да биде доволно за да се спречи големиот број жртви.

„Тоа апсолутно нема да спречи значителни дополнителни смртни случаи“, рече Рик Пиперкорн, претставник на СЗО за палестинските територии.

Тој додаде дека е „многу загрижен“ што нападот ќе го затвори граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, кој се користи за увоз на лекови и медицинска опрема.

Официјално: Легендарен фудбалер по 12 години ја напушта Борусија

За тоа се шпекулираше и претходните месеци, објавија сите познати германски медиуми, а сега е и официјално! Марко Ројс по дванаесет години ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Напаѓачот преку социјалните мрежи им се обратил на навивачите и ја соопштил својата одлука да си замине. По 424 натпревари и 168 гола, два купа на Германија и еден Суперкуп, како и финалето од Лигата на шампионите во 2013 година, соработката конечно дојде до крај.

- Неверојатно сум благодарен и горд за ова посебно време во мојот сакан клуб. Поминав повеќе од половина од мојот живот во клубот и уживав во секој ден, иако секако имаше тешки моменти. Веќе знам дека ќе ми биде тешко да се поздравам на крајот од сезоната – рече Ројс во пораката до навивачите.

Ројс има 34 години и се уште не е познато каде би можел да ја продолжи кариерата. Тој е дете на Дортмунд, но од 2006 до 2012 година играше за Рот Вајс Ален и Борусија Менхенгладбах пред да се врати.

За германската репрезентација одигра 48 натпревари и постигна 15 голови.

притисни ентер