Хрватка и Бугарин претепале хомосексуална брачна двојка

Девојка од Хрватска и нејзиното момче од Бугарија со метални палки претепале Италијанец и неговиот сопруг во белгискиот град Гент.

Хрватката , идентификувана како Јасмин Р. на 21 годишна возраст заедно со својот партнер , 23 годишен Бугарин , крвнички ги претепале познатиот цртач на стрипови , Италијанецот Мауро Падовани (47) и неговиот сопруг , 59 годишниот Томас Фриман . Полицијата од Белгија работи на случајот , а насилниците се уапсени.

Падовани на фејсбук споделил фотографии од него и од сопругот по претепувањето од хомофобните соседи во белгискиот град Гент. Тој напишал дека насилниците не се осврнувале ниту кога им кажал дека сопругот е болен од Алцхајмерова болест. ,, мене и Томас не нападнаа нашите соседи . Беше навистина брутално . На мојот сопруг пред три години му е дијагностицирана Алцхајмерова болест , тој е како дете. Не нападнаа со метални прачки” изјавил Падовани за италијанските и за белгиските медиуми.

Рекол дека ова не е прв инцидент со оваа насилна двојка.Тоа трае веќе четири години , а животот му бил пеколен . Томас го удриле по глава пред две години , а пред два месеца бил нападнат и Мауро , кога девојката од катот над нив му фрлила две цигли кон него.

На девојката и определиле мерка забрана за приоѓање до соседите , хомосексуалци , а момчето од Бугарија ќе помине еден месец во затвор. Девојката мора да го напушти Гент и да очекува судско рочиште од слобода , а на момчето му се закануваат две години затворска казна за нанесување тешки телесни повреди.

Според белгискиот закон , доколку се утврди дека злосторството е направено од омраза кон хомосексуална двојка , на напаѓачите им следува двојно поголема казна.

МОН: Наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја.

Министерство за образование и наука

Четворица млади Германци се уапсени, додека полагале бели рози во куќата на Хитлер

Четворица Германци биле фатени како положуваат бели рози во куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во западна Австрија на неговиот роденденот, а една жена меѓу нив го извела нацистичкиот поздрав додека се фотографирала.

Полицијата во провинцијата Горна Австрија соопштила дека четворица Германци, две сестри и нивните партнери, на возраст од 20-ти и раните 30-ти, отишле во зградата во саботата за да положат бели рози во прозорците, објави Политико.

Тие се фотографирале пред куќата, а една од жените го извела нацистичкиот поздрав. Патролните службеници ја забележале групата и ги однеле во полициска станица на распит.

Жената рекла дека не била сериозна во врска со поздравот, но полицајците изјавиле дека нашле разговор со други на нејзиниот мобилен телефон, во кој споделувале пораки и слики со нацистички теми.

Полицијата соопшти дека ќе ги пријави сите четворица пред обвинителството поради сомневање дека го прекршиле австрискиот закон за забрана на нацистички симболи.

Хитлер е роден на 20 април 1889 година во Браунау ам Ин.

По долги расправии за иднината на куќата во која е роден, минатата година почна да се работи за нејзино претворање во полициска станица, што требало да ги одврати оние кои го величаат Хитлер и имаат намера да ја посетат.

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

притисни ентер