МакедонијаМицкоски: До 10-ти септември ќе соопштиме дали ќе повикаме на бојкот или неВМРО-ДПМНЕ до десетти септември односно до почетокот на кампањата за референдумот, ќе го соопшти својот став дали ќе повика на бојкот или да се излези и да се гласа против.Лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5 потврдува дека добил понуда за влез во владата но демантира дека барал измени на кривичниот законик кој би значеле амнестија за претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Битола: Екипи на „Нискоградба“ на десетина локации интервенираат по врнежите од дождГолемите количини на дожд кои попладнево паднаа во Битола предизвикаа проблеми во нормалното функционирање во делови од градот. Веднаш на терен излегоа екипи на ЈП „Нискоградба“ Битола при што интеренираа и интервенираат на следните места: - населба „Стрелиште“ на улицата „8 септемрври“ кај бензинската станица на „Лук оил“, - населба Карпош-Кланица на потегот кој излегува на улицата „Железничка“, - на улицата „Железничка“ на потегот кај „Император“ - населба „Стрчин“ на реката Курделес - улица „Патризанска“ пред Медицина на трудот, - Горно Оризари улица „Крте Нале“ одводниот канал, Раштански порој - улица „Бурса“. - улица „Цар Самоил“. Исто така екипи на „Нискоградба“ ќе интервенираат на улицата која води кон село Раштани, а имаше и помали интервеници во „Бадембалари“, населбата „Баир“, на улицата „Широка“ каде решетките не можеа да ја соберат водата од ридот, потоа на улицата „Васко Карангелевски“ на стариот Курделес кој излегува на улицата „Смилевски конгрес“. Екипи на „Нискоградба“ ќе интервенираат и на патот за Брусник и Лавци. Општина БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаСДСМ: Владата прави псевдо-реформи за да го блокира европски патБрисел по кратка постапка бара измена на Законот за Судски совет, иако ВМРО-OKГ и Мицкоски со месеци го претставуваа како „реформски“. Ова е уште еден јасен доказ дека реформите што ги спроведува оваа влада се правени без европски препораки и само за да се создаде илузија на напредок. Мицкоски повеќе не го споменува рокот 1 јуни, кој го постави. Причина е јасна - без реални реформи нема продолжување на европскиот пат. А токму тоа Мицкоски и неговата криминална група не го сакаат. Европската Унија носи независно судство и Европско јавно обвинителство. Носат крај на нарачување на истраги и процеси од собраниската говорница, од медиуми и по телефон. Носат крај на политичката контрола врз правосудството. А тоа значи и одговорност - некој ќе мора да одговара за криминалот и корупцијата. Затоа Мицкоски и ВМРО прават псевдо-реформи, формално нешто се менува, но суштински останува истото. Целта е јасна: да се спречи вистинска контрола од Брисел и да се заштити криминалната мрежа која ја контролира државата. СДСМ уште одамна предупредува дека без реални реформи нема напредок кон Европа. Мицкоски тоа го знае, но свесно го одложува затоа што не сака ЕУ. Доста е со лаги. Реформи сега. Европа сега. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степена. До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. Од петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16