Авиокомпаниите задолжително ќе го осигуруваат багажот и пратките

Авионските компании наскоро ќе бидат задолжени да го осигураат багажот на патниците и предметите кои ги пренесуваат.

Тоа е предвидено во измените на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, што ги изготви Министерството за финансии (МФ), со кои се утврдуваат права за надомест на штета на сопствениците на багажот и на пратките.

- Законските измени уредуваат и обврска за задолжително осигурување на дел од воздухопловите без екипаж - дронови. Со законот се опфаќаат дронови над пет килограми. На овој начин се заштитуваат граѓаните, доколку се предизвика материјална штета од управување со дронот, велат од МФ.

Со овие измени, потенцираат, се врши усогласување на Законот со европските регулативи од областа на цивилното воздухопловство.

Измените на Законот се ставени на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија - ЕНЕР, на кој сите засегнати страни можат да оставаат предлози и коментари.

Од Министерството за финансии информираат дека ќе ги земат предвид и внимателно ќе ги разгледаат сите сугестии пред пуштањена измените на Законот во владина процедура. /МИА

Тошковски – Ониди: Наша цел е членство во ЕУ преку исполнување на критериумите

„Наша цел е членство во ЕУ преку исполнување на критериумите и целосно владеење на правото“.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски коj присуствува на министерската конференција во рамки на „Салзбуршкиот форум“ во Австрија, денеска на маргините на конференцијата остварил средба со Оливер Ониди, заменик генералниот директор на Генералниот директорат за миграција и внатрешни работи при Европската комисија.

Министерот Тошковски, како што соопшти МВР, на средбата истакнал дека нашата цел како држава е членство во ЕУ преку исполнување на сите критериуми и целосно владеење на правото.

Муцунски упати честитка до идниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалната мрежа „X” упати честитки за постигнатиот консензус за назначувањето на Марк Руте за иден Генерален секретар на НАТО, соопшти МНР.

Во честитката, министерот Муцунски нагласи дека лидерството на идниот Генерален секретар ќе биде особено значајно, во контекст на безбедносните предизвици со кои се соочуваме. Воедно, изрази подготвеност за соработка во насока на зајакнување на НАТО Алијансата.

Руте: НАТО останува камен-темелник на колективната безбедност

Премиерот на Холандија, Марк Руте по официјалното именување за следен генерален секретар на НАТО изјави дека Алијансата останува камен-темелник на колективната безбедност на земјите-членки.

- Извонредна чест е да се биде назначен за генерален секретар на НАТО. Алијансата е и ќе остане камен-темелник на нашата колективна безбедност. Водењето на оваа организација е голема одговорност, објави Руте на Икс.

Руте ќе го замени Норвежанецот Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на Алијансата од 1 октомври.

Амбасадорите од 32 земји на НАТО ќе го ратификуваат именувањето за време на состанокот на Северноатлантскиот совет (политичкото раководно тело на Алијансата) во Вашингтон на 9-11 јули./МИА

притисни ентер