Нов убавец на Бугати!!!!

„ Sky View “ е новиот додаток наменет за идните сопственици на скапоцен автомобил Бугати, а се навикнати во секој миг да го гледаат небото и кога возат со брзина од 400 км. на час.

Поглед кон небот6о и брзина поголема од 400 км.на час во моментов нуди само Бугати и тоа во изведбата со две фиксирани стакла на кровот.

Според официјалното соопштение, вградувањето на повеќеслојно стакло е изведено со цел да се задржи истата или сличната звучна и термална изолација, и да се има непречен поглед кон небото.

Стаклениот панел има четири слоја, секој со фукнција.Покрај звучната и топлинската изолација, стаклото има премаз за заштита од УВА и УВБ зрачењето.

Инаку Бугати „ Chiron“ опремен со „ Sky View“ стаклените панели на кровот премиерно ќе биде преставен на крајот на август.

притисни ентер