Работната недела во собранието ќе започне со свечените изјави на членовите на Државната изборна комисија (ДИК), избрани минатата недела со што и официјално се создаваат услови тие да ги преземат своите функции и да почне организацијата на референдумот.
По свеченоста, новиот состав на ДИК ќе ја одржи и првата конститутивна седница. Со што и ќе може да започне организирањето на референдумот за името.
Според законот, референдум на државно ниво распишува собранието и тоа по сопствена иницијатива или по предлог на најмалку 150 илјади граѓани.
До претседателот на собранието денеска се очекува да се поднесе иницијатива за одлука за распишување на референдум која се поднесува со најмалку 20 потписи.
Се очекува денешната иницијатива биде потпишана од 70-тина потписи од народните избраници.
Претседател на ДИК е Оливер Дерковски, потпретседател на ДИК е а Дитмире Шеху предложена од ДУИ.
Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од БЕСА се членови на највисокото изборно тело во државата.