СДСМ: Расте бројот на црни сценарија на ВМРО-ДПМНЕ, сега се најмалку 30

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски упорно одбиваат да го поддржат успехот на Македонија и упорно се обидуваат да ја закочат македонската иднина.

ВМРО-ДПМНЕ не само што не сакаат државата да оди напред, туку имаат и најмалку 30 црни сценарија преку кои сакаат Македонија да ја направат нивен заложник.

1. ВМРО-ДПМНЕ сака Македонија да остане изолирана и затоа се обидува да го кочи пристапувањето во НАТО и ЕУ.

2. ВМРО-ДПМНЕ единствено сака да се избори за амнестија за криминалот на фамилијата.

3. ВМРО-ДПМНЕ е навикнато да ги малтретира гласачите, па сака да го ускрати нивното право на референдум да одлучат за сопствената за иднината на државата.

4. ВМРО-ДПМНЕ не сака независни медиуми и затоа пред референдум го блокира носењето на Законот за медиуми.

5. ВМРО-ДПМНЕ сака небезбедни граници, конфликт и неизвесност, затоа е против НАТО и ЕУ.

6. ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во минатото и зборува само за небиднина, наместо за иднина.

7. ВМРО-ДПМНЕ си го бара минатото со партизирани институции каде администрацијата е под диктат, затоа се против европските реформи.

8. ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да се врати времето на Сваровски судството.

9. ВМРО-ДПМНЕ шири поделби и граѓаните ги дели на наши и ваши, на Македонци и неМакедонци.

10. ВМРО-ДПМНЕ жали по сомнителни иневститори како Субрата Рој.

11. ВМРО-ДПМНЕ поддржува насилство, и уште полошо, бара амнестија за насилниците од 27 април.

12. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и неговите ментори сакаат минато, за повторно нелегално да прислушуваат и да им дишат во врат на илјадници граѓани.

13. ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и фамилијата сакаат да го крадат сопствениот народ преку провизии и криминални тендери, сакаат држава без ред и затоа се против ЕУ и НАТО.

14. ВМРО-ДПМНЕ повторно би сакало да апси новинари и затвора медиуми.

15. Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ повторно би распламтувало меѓуетнички тензии.

16. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно би сакале да организираат контра-протести како што правеа со години.

17. ВМРО-ДПМНЕ пак сака МВРО-ВМРО наместо МВР

18. Повторно ВМРО-ДПМНЕ бесрамно би ја фалсификувала волјата на граѓаните и би ги крадела изборите како во неколку изборни циклуси наназад

19. Криминалното ВМРО-ДПМНЕ повторно бара аболиција на бројни криминали на раководството на партијата.

20. ВМРО-ДПМНЕ пак насилно би исфрлала пратеници од Собранието како на 24 декември.

21. Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ би сакало повторно да се пресметува со неистомисленици, особено со граѓанскиот сектор.

22. ВМРО-ДПМНЕ сака да се врати времето на полициски упади во медиуми, на напади на новинари и нивните семејства.

23. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да ги врати тефтерите на Гордана Јанкуловска како единствен начин на функционирање на судството.

24. Расипничкото и криминално ВМРО-ДПМНЕ повторно би потрошило над 500 милиони евра на гипс картон и лажен барок заради остварување на желби на некој нов Никола Груевски.

25.ВМРО-ДПМНЕ повторно би сакало да договара провизии од над 20 милиони евра за промашени автопати.

26. Единствениот браник на кој се наоѓа ВМРО-ДПМНЕ е браникот на криминалот и незаконското работење.

27. ВМРО-ДПМНЕ повторно би криела убиства сторени од припадници на полицијата.

28. ВМРО-ДПМНЕ повторно би поттикнувало граѓани насилно да упаѓаат и да демолираат општински згради заради одбрана на бизнис интереси.

29. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно би ги малтретирала учениците, родителите и наставниците со екстерно тестирање.

30. ВМРО-ДПМНЕ повторно сака да ги уценува, малтретира и понижува земјоделците и нивниот труд.

И покрај се, обидите на ВМРО ДПМНЕ да ја втурнува Македонија и македонските граѓани во темнина и изолација не успевааат. Црните сценарија се пробиени и граѓаните јасно ги препознаваат.

Македонските граѓани и Македонија заслужуваат светла иднина и не смее да им биде одземена можноста да ја искажат својата слободна волја. Граѓаните ќе ја искористат можноста да кажат ДА за македонската иднина, да кажат ДА за ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот со Грција.

Центар за комуникации на Социјалдемократски сојуз на Македонија

Зеленски: Украина ќе влезе во НАТО по победата во војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден дека Украина ќе се приклучи во НАТО по победата во војната со Русија.

Зеленски го изјави ова за време на состанокот со офицери кои минуваат курсеви за професионално воено образование според стандардите на НАТО, со учество на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Според мое лично мислење, ние ќе бидеме во НАТО дури кога ќе победиме“, нагласи Зеленски. /МИА

Поднесено обвинение против поранешниот хрватски министер Баножиќ

Според извештаите, во текот на истрагата биле сослушани десетина сведоци и извршени неколку вештачења. 

Обвинителството во Винковци денеска поднесе обвинителен акт против поранешниот хрватски министер, Марио Баножиќ (45), неполни пет месеци по покренувањето на истрагата и речиси половина година од сообраќајната несреќа во која животот го загуби Горан Шариќ на 11 ноември минатата година.

Според Јутарњи лист, обвинетиот Баножиќ бил во близина на Винковци, а на пат кон ловиштето, возел автомобил Нисан по десната сообраќајна лента, надвор од населеното место од правец на Винковци кон Жупања и постапил спротивно на Законот за безбедност во сообраќајот, наведе обвинителството.

-Обвинетиот се товари дека возел со несоодветна брзина и дека почнал да престигнува група возила, односно преминал на левата страна на улицата наменета за сообраќај од спротивен правец, иако поради маглата била намалена видливоста. Тој е обвинет дека почнал да престигнува иако сообраќајната лента не била слободна на доволно растојание за да може безбедно да претекнува, имајќи ја предвид брзината на неговото возило и возилото што го престигнувал, се вели во соопштението на обвинителството.

Според извештаите, во текот на истрагата биле сослушани десетина сведоци и извршени неколку вештачења. /МИА

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6% од БДП

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за состојбата на јавниот долг заклучно со 31 март 2024 година. Согласно објавените податоци јавниот долг изнесува 8.769 милиони евра што претставува 58,6% од БДП.

Во првиот квартал се издадени државни хартии од вредност во износ од 219,2 милиони евра, повлечени се средства во износ од 175,5 милион евра по основ на склучени кредитни аранжмани со странски кредитори, како што е повлекувањето на втората транша од ММФ од кредитната линија за претпазливост и ликвидност и 57,6 милиони евра по основ заеми за јавни претпријатија и АД основани од државата и општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје. При тоа извршена е и исплата на обврски по основ на главнина за надворешен долг во износ од 82,7 милиони евра.

Министерството за финансии ја објавува состојбата на јавниот долг на квартално ниво, а при пресметката на јавениот долг во однос на БДП се користени податоци за вредноста на БДП за период 2005 - 2024 година, за 2022 година користен е податок за вредност на БДП објавен на веб страната на Државниот завод за статистика, додека податоците за 2023 се прелиминарни податоци на Државниот завод за статистика, а 2024 година е проектирана вредност на БДП на Министерство за финансии.

Исто така, денеска согласно утврдената динамика, Министерството за финансии ги објави податоците за состојбата на државниот долг кој заклучно со 31 март 2024 година изнесува 7.544 милиони евра што претставува 50,4% од БДП. Состојбата на државниот долг се објавува на месечно ниво.

Министерството за финансии транспарентно ги објавува овие податоци на својата веб-страница. Последниот податок укажува дека јавниот долг е во дефинираните граници со новиот Закон за буџети. Со новиот Закон за буџети е воспоставено правило со кое јавниот долг не треба да надминува 60% од БДП, што е согласно и со Мастришките критериуми. Министерството за финансии останува на определбата за одржување на јавниот долг на стабилно ниво и во рамки на утврдените критериуми.

притисни ентер