СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ има најмалку 13 црни сценарија во кои сака да ја турне Македонија

Христијан Мицкоски во улога на раководител на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги брани криминалот и поделбите, со единствена мисија да го кочи напредокот на Република Македонија.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат најмалку 13 црни сценарија во кои сакаат да ја турнат Македонија.

1. ВМРО-ДПМНЕ сака Македонија да остане изолирана и затоа се обидува да го кочи пристапувањето во НАТО и ЕУ.

2. ВМРО-ДПМНЕ единствено сака да се избори за амнестија за криминалот на фамилијата.

3. ВМРО-ДПМНЕ е навикнато да ги малтретира гласачите, па сака да го ускрати нивното право на референдум да одлучат за сопствената за иднината на државата.

4. ВМРО-ДПМНЕ не сака независни медиуми и затоа пред референдум го блокира носењето на Законот за медиуми.

5. ВМРО-ДПМНЕ сака небезбедни граници, конфликт и неизвесност, затоа е против НАТО и ЕУ.

6. ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во минатото и зборува само за небиднина, наместо за иднина.

7. ВМРО-ДПМНЕ си го бара минатото со партизирани институции каде администрацијата е под диктат, затоа се против европските реформи.

8. ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да се врати времето на Сваровски судството.

9. ВМРО-ДПМНЕ шири поделби и граѓаните ги дели на наши и ваши, на Македонци и неМакедонци.

10. ВМРО-ДПМНЕ жали по сомнителни иневститори како Субрата Рој.

11. ВМРО-ДПМНЕ поддржува насилство, и уште полошо, бара амнестија за насилниците од 27 април.

12. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и неговите ментори сакаат минато, за повторно нелегално да прислушуваат и да им дишат во врат на илјадници граѓани.

СДСМ

Јелена Карлеуша за бракот со Душко Тошиќ: Ситуацијата е очајна долго време

Контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша повторно ја разбранува јавноста со коментар за бракот со екс фудбалерот а сега менаџер Душко Тошиќ. 

Многумина не веруваат дека Јелена Карлеуша се уште е во брак со Душко Тошиќ, а таа сега ги откри деталите од нивниот заеднички живот.

- Луѓето се шокирани кога велам дека сè уште сме во брак. Сите мислеа дека сме разведени, но не сме. Сите мислат дека не живееме заедно, но живееме. Ситуацијата е очајна долго време, затоа што јас не сум човек што лаже.

Жал ми е за тоа, бидејќи верувам дека јас и Душко никогаш не смееме да бидеме некој што се гледа низ каков било нишан - изјави Карлеуша за Курир. рс.

Таа исто така додаде: - Тој е татко на моите деца и член на моето семејство. Го сметам за најблизон и за него би направила се, би застанала пред куршум би им се спротивставила на десет луѓе за него би направила се, истакнала популарната пејачка.

- Воопшто не размислувам за темата љубов и тоа дека сега треба да почнам од почеток, но знам дека заслужувам љубов. Некој да ме гушне, да ме сака, да каже некој убав збор... Тоа одамна го немам. Знам дека заслужувам, но не можам да кажам дека ми недостига, бидејќи сум целосно замрзната на таков начин на живот,сега сум како машина - раскажала Карлеуша во интевјуто, која потоа отркила кога последен пат сопругот Душко ја прегрнал и и кажал убав збор.

-Поминаа години, повеќе од пет години не сме во тие односи. Сето тоа го заменив со она што го црпам од моите деца, Атина и Ника. Привлекувам емоции, внимание, убави зборови и комплименти од моите обожаватели. Затоа им се давам многу, бидејќи немам љубов во приватниот живот. Можам да бидам среќен со себе, не ми треба друга личност за да бидам среќен. Друга личност не ме прави целосна, ниту моите потреби се врзани за друга личност. Среќата ја наоѓам во разни ситуации и ситници. Мојата среќа не зависи од тоа дали некој маж ќе ме сака или не, заклучила Карлеуша.

Герасимовски: Започна инсталирање на смарт јавно осветлување

Денеска започна инсталирањето на Тип 2 светилките кои се дел од паметното осветлување на јавни површини во Општина Центар. 

Тип 2 светилките ќе бидат инсталирани на споредни улици низ целата општина односно близу основни училишта, градинки, паркови, шеталишта итн. Од овој тип светилки ќе бидат инсталирани вкупно 2.637 парчиња. Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека Општина Центар е носител на иновациите кои носат бројни бенефити на граѓаните.

„Денеска започна инсталацијата на Тип 2 светилките кои ќе бидат инсталирани близу предучилишните и училишните институции како и паркови, шеталишта и споредни улици во општината. Ова лед осветлување со технологија за автоматско димирање односно само ја зголемува и намалува светлината следејќи го заоѓањето на сонцето носи дополнителни заштеди за општината без зголемување на ризикот за безбедноста на сообраќајот и сигурноста на граѓаните“, вели Герасимовски.

Процесот за менување на јавното осветлување со нови старт светилки Општина Центар го започна пред две недели со поставување на лед светилките од Тип 1 кои се инсталираат на најфреквентните улици во општината. Поставувањето се одвива етапно според урбани заедници поставувајќи ги паралелно различните типови сијалици кои ги има вкупно четири. Општина Центар преку реализација на овој проект ќе ја унапреди енергетската ефикасност со тоа што ќе оствари заштеда до 70% на потрошувачката на електрична енергија за јавно осветлување и повеќе од 75% на трошоците за одржување на постојниот систем.

Општина Центар

Најмалку две лица загинаа во руските напади во Харков

Најмалку две лица загинаа, а шест беа ранети денеска во руските напади врз Харков, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов.

„Според првичните извештаи, две лица се убиени, а шест се повредени во нападите на Харков“, напиша Синегубов на Телеграм.

Харков, каде што живеат повеќе од 1,4 милиони луѓе пред војната и лоциран во близина на границата со Русија, се повеќе е цел на руските напади во последните неколку недели.

Во нападите значително беше оштетена електричната инфраструктура, поради што во градот беа воведени рестрикции за електрична енергија. /МИА

притисни ентер