Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори
2Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори
3Мерлин од Мексико е нова сензација на Светското првенство- патката носи дрес и чорапи на репрезентацијата (ВИДЕО)
РакометМилосављев е нов голман на РК Вардар Репрезентативецот на Србија, Дејан Милосављев е нов член на РК Вардар, со кого потпиша договор во наредните три сезони, соопштија од тимот. Милосављев беше дел од репрезентацијата на Србија на ЕП во Хрватска, иако не доби шанса да брани. Тој е дел од сениорската репрезентација на Србија уште од 2015 години. Милосављев потекнува од екипата на Југовиќ од Каќ, две сезони настапуваше за Партизан од Белград, а малку време мина и во Катар во тимот на Лехвија како позајмен играч. Се очекува Србинот да биде достојна замена за Арпад Штербик, кој си замина од тимот по крајот на сезоната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Извештајот за Македонија на ЕП јасно покажува дека нема напредок во евроинтеграциитеОпозицискиот лидер Филипче смета дека граѓаните не треба да потклекнуваат на популистички говори дека македонскиот идентитет е загрозен на европскиот пат. Изгласаниот извештај за Македонија во Европарламентот јасно и недвосмислено покажува дека немаме напредок во евроинтеграциите, оценува лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче. Тој упати и апел до граѓаните, како што вели да не потклекнуваат пред популистички говори дека македонскиот идентитет е загрозен на европскиот пат а барањата за гаранции од ЕУ кои премиерот ги побара се легитимни но ова не е начинот тие да се остварат, изјави Филипче. „Европскиот парламент јасно порачува дека реформите не се спроведуваат а политичка волја да се продолжи европскиот пат, едноставно не постои. Зошто е тоа така? Па премиерот јасно и јавно кажува – нема да одиме напред кон Европа. Игра на емоцијата на луѓето, ги заплашува и додека во Брисел зборува за реформи, тука на луѓето им кажува дека тоа е предавство. Ние имаме право да бидеме дел од европското семејство затоа што заслужуваме да бидеме таму и ништо не е загрозено на патот кон Европа ниту може да биде.“ Во однос на изгласаните амандмани од бугарските европратеници кои се однесуваат на како што се вели во извештајот очекувања за „опипливи резултати од работата на Историската комисија„ и спроведување на Договорот за добрососедство, Филипче е на ставот дека тоа се веќе превземени обврски кои мора да се испочитуваат и тие не можат да бидат основа за евентуална идна блокада. „Каде што се превземаат обврски да се почитуваат договорите за добрососедство и да се охрабри да работи историската комисија, што не е услов, формален, официјален, да биде утре предмет на блокада на евроинтегративниот пат е нешто што го говориме цело време. Имаме чиста преговарачка рамка и дел од тоа е да се почитуваат малцинските права, затоа бугарите треба да влезат во Уставот, како едно малцинство од многуте, покрај хрватите и така натаму, и понатаму историската комисија која што треба да си работи, што не е ништо ново, многу земји имале такви историски комисии. “ На македонската економија и се заканува колапс и токму празниот буџет е мотивот за евентуални предвремени избори, а СДСМ се користи како алиби, тврди партискиот лидер Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
МакедонијаМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговориНема пазарање за идентитетот, Брисел да даде јасни гаранции дека нема да има нови билатерални услови, порача премиерот Мицкоски од партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ.. Мојата визија е Македонија да стане држава на можности, а не на изговори, нејзиното место е на масата во Брисел, но нема пазарење и отстапки за македонскиот идентитет и тоа е црвената линија, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во говорот на 36 -тиот партиски роденден што се одржа во Струмица. Тој ја обвини поранешната власт,дека со своите политики нанела сериозна штета на државата и на нејзиниот пат кон ЕУ. Мицкоски упати порака до европските институции дека очекува јасни гаранции дека нема да има нови билатерални условувања и потврда за македонските идентитетски обележја како неспорен факт. Осврнувајќи се на спорот со Бугарија, Мицкоски повторно повика Софија да ги спроведе пресудите од судот во Стразбур за регистрација на македонски здруженија таму. - Бидејќи ни велат дека ова било последно, тогаш ајде сите гласно да испратиме порака до тие што ни велат, донесете заклучок дека нема повеќе билатерални прашања, дека е константа и факт македонскиот многувековен идентитет, култура, традиција, обичаи, јазик. И дека нема повеќе никој да ја отвора таа тема. Нема цена. Нема слава, нема моќ што може да ме убеди дека без овие работи, ќе прифатиме било што. Ова е нашата црвена линија. Сите треба да не слушнат гласно и јасно. Нема пазарење со идентитетот наш македонски. Доста беше, кажа Мицкоски. Во обемниот говор, Мицкоски се осврна и на претстојната реконструкција на Владата и најави промени во ешалоните на власта, поради забележани слабости во работата. Без да прецизира од кого не е задоволен, но со индиректна порака посочи дека дел од функционерите се одвоиле од граѓаните и станале недостапни, а сите отстапувања ќе бидат нотирани и санкционирани. -Очигледно. Добивам поплаки дека дел од министрите и директорите се недостапни за народот, а има и такви на кои приватните патувања им станаа помили од посетата на селата и градовите. Заборавија од каде дојдовме и како започнавме. И ова е порака дека нема да толерирам занес во привилегиите што ги нуди власта. Ние сме овде да му служиме на народот. Чистиот образ тешко се одржува, а лесно се губи. Кога јас можам да одговорам во текот на денот на стотици луѓе, сигурен сум дека тоа го може секој тоа да го прави. И секој заслужува одговор. И нема изговор овој сто пати ми пратил. Сто и еднаш ќе одговорите. Не прифаќам оправдувања од ниту еден именуван функционер дека е уморен. Ако е уморен, чесно е да си оди, изјави Мицкоски. Околу полемките во јавноста дали власта соработува со одредени опозиционери лидерот на Вмро-Дпмне порача дека компромиси со криминалот нема да има..Според Мицкоски опозицијата се плаши од предвремени избори, порачувајки и да внимава што посакува, бидејќи, како што кажа, може да им се оствари, а ВМРО-ДПМНЕ вели тој е подготвена за секое сценарио. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсен е екс-претседателот на ФФМ – Илчо ЃорѓиоскиУтринава во координирана акција уапсен е екс-претседателот на ФФМ – Илчо Ѓорѓиоски – неофицијално, тој и уште 11 физички лица, како и 14 фирми, се опфатени во истрага на ОЈО ГОКК отворена пред шест години .Утринава во координирана акција уапсен е екс-претседателот на ФФМ – Илчо Ѓорѓиоски – неофицијално, тој и уште 11 физички лица, како и 14 фирми, се опфатени во истрага на ОЈО ГОКК отворена пред шест години по кривична пријава од Финансова полиција за наводна проневера на над 2,5 милиони евра во периодот кога бил претседател на Федерацијата. Според сомнежите од истрагата, при водењето на финансиите на ФФМ, преку различни механизми, како фиктивни фактури, договори за услуги кои не биле реално извршени и исплати преку фирми, биле извлекувани пари од федерацијата. Во моментов дополнителни детали нема ниту од Обвинителството, ниту од МВР и Финансова – оти истрагата е во тек, а посочија и дека се вршат претреси на повеќе локации и дека станува збор за долгогодишна предистражна постапка. Од ФФМ пак велат, според доставената документација до надлежните институции штетата нанесена на ФФМ од 2015та до 2019та година надминува 2,5 милиони евра. „Според документацијата доставена до надлежните институции, вкупјната штета нанесена на Фудбалската федерација на Македонија за периодот од Јануари 2015 година, до крајот на 2019 година, изнесува повеќе од 2,5 милиони евра. На крајот на 2025 година од федерацијата беше побарана дополнителна документација, која во целост беше доставена до надлженото обвинителство на почетокот на 2026 година. Истовремено, со официјален допис повторно беше укажано на висината на утврдената штета и беа доставени дополнителни релевантни информации.“ Во пријавата на Финансова полиција беа опфатени и тогашните раководители на финансии и сметководство и на одделот за судии и судење, како и сопственици и управители на повеќе компании. Финансова тогаш наведе дека осомничените сториле повеќе дела, меѓу кои се перење пари, злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, несовесно работење, проневера, измама и фалсивикување на деловни книги. Наведено беше и дека Ѓорѓиоски како претседател не извршил соодветен надзор, и овозможил исплати од сметките на ФФМ кон повеќе правни лица врз основа на фиктивни фактури за услуги и стока, кои никогаш не биле испорачани. Исто така, според Финансова, преку фиктивни фактури биле исплатени над 200.000 евра од сметките на „куќата на фудбалот“ што директно нанело штета врз федерацијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter