Затворен автопат во Британија за да можат патки да поминат

Автопатот бил затворен еден час за да можат патките сигурно да го поминат автопатот.

Возачите на автопатот М25 морале да чекаат еден час за да продолжат со своето патување бидејќи автопатот бил затворен од страна на полицијата за да можат 30 патки да го поминат автопатот сигурно.

Видео: Убаво претпразнично изненадување на момците од „Дрим тим“

„Сладок си мој животе“ е насловот на најновото музичко парче на момците од Дрим тим.

Станува збор за проект зад кој стојат Коки Коцев како автор на музиката, Орце Зафировски, чиј е текстот, и Ангел Ќосев кој го потпишува аранжманот. Песната, која добро ќе ве размрда во овој претпразничен период е снимена во студиото Подрумот, додека видеото е направено за време на американската турнеја на Дрим тим.

„Велат спонтаните работи се најубави, така излезе и со спотот за оваа тема. Идејата се роди случајно, сакавме убавото патување во САД, а за време на кое имавме можност да се видиме и дружиме со наши драги луѓе да го овековечиме со спот, и така и се случи. Песната е убава, позитивна, па сакавме и целата атмосфера во спотот да биде таква“, велат момците од Дрим тим.

И тука не завршуваат новитетите од нив - наскоро ќе следува и продолжението од проектот Етно Балкан, односно вториот дел, кој повторно се работи во режија на маестро Велков и Дрим тим. Во завршна фаза се и инструменталните дела на Никола Коцев – труба, кој за следната 2019 година најавува албум; Александар Ангелов – кларинет, како и Сашко Велков, кој подготвува нова композиција што би требало да биде промовирана во исто време со спот. Нов материјал, односно нови песни од веќе проверената екипа - С. Велков, Н. Коцев и А.Ќосев, се подготвува и за вокалот Дејан – Чуле.

До премиера и промоцијата на најавените проекти и сето она на кое момците веќе извесно време работат со полна пареа ќе следуваат гостувањата низ Европа, односно дочекот на Новата 2019 година во Германија, и репризата односно одбележувањето на Василица во Швајцарија каде Дрим тим се на 12 и 13 јануари.

Јаготка на шлагот во следната 2019 година или заокружување на една приказна ќе биде јубилејниот концерт на составот, кој е замислен како убаво патување низ кариерата и една голема дружба со колегите со кои соработувале. Се вели ’денот по утрото се познава’, па ако имаме вака набиена агенда за стартот на 2019 што ли се ќе се случи до крајот на годината.

Научниците предупредуваат, Земјата до 2030 год. ќе се врати во состојбата од пред 3 милиони години

Научниците предупредуваат дека климата на Земјата во 2030 година ќе биде како пред три милиони години, пишуваат истражувачите во студија објавена во магазинот на „Американската научна академија“.

Тоа е периодот на средината на Пилоцен, кога на Земјата владеела суша, Северна и Јужна Америка се уште не биле споени, Гренланд не бил замрзнат, а нивото на океаните било 18 метри повисоко од денешното.

Просечната температура тогаш вила од 1,8 до 3,6 степени Целзусови повисока од денешниот просек.

-Одиме кон многу драматични промени во исклучително кратко време, изјавил Џек Вилијамс, професор на наука за Земјата и стручњак за палео-екологија и климатологија на Универзитетот во Висконсин.

Ако се продолжи со испуштањето на јагледордиоксидот во атмосферата како досега, истражувачите проценуваат дека до 2150 година Земјата ќе се врати во состојба во која била пред 50 милиони години, во зората на еволуцијата на првите цицачи, кога веќе одамна биле изумрени диносаурусите(пред 65 милиони години).

На замрзнатите капи на половите на Земјата им треба уште долго да се стопат, така да Гренланд нема повторно да стане зелен веќе во следниот век, изјавил професорот Вилијамс.

За тоа време нито нивото на океаните нема да порасне за сите 18 метри. Но, загревањето ќе ги изненади живите суштества на кои им биле потребни милиони години да се развијат во сегашната форма.

-Поради тоа многу животно ќе исчезнат, дополнил професорот Вилијамс во изјава за АФП.

Видео: Русите тестираат супер транспортер!!

Русите тестираат нов супер транспортер, прототипот „Иљушин Il-112“ на небото треба да го замени легендарниот „Антонов АН-26“.

Првиот прототип на „Иљушин Il-112“ излегол од салата за монтажа и прв пат се појавил на пистата. Овој процес е означен како голема настан во авио-индустријата.

Лесниот супер транспортен авион  од новата генерација би требало да го замени легендарниот но, веќе застарен „Антонов АН -26“.

Леталото со корисна носивост од пет тона наменето е за тактичен воздушен транспорт, долетот на новиот авион е 2400 километри.

притисни ентер