Шест години затвор за бизнисменот Сеад Кочан

-Судот, обвинетиот Сеад Кочан го осудува на казна затвор во трање од 6 години. Согласно член 275 став шест од кривичниот законик. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Уапсен водачот на верска секта во Русија со над 10.000 членови (ВИДЕО)

Водачот на позната руска верска секта е уапсен заедно со уште две лица во Сибир, пренесува Би-Би-Си.

Сергеј Тороп, познат меѓу неговите следбеници како Висарион, ја основал „Црквата на последниот завет“ во сибирскиот регион Краснојарск во 1991 година.

Тројцата уапсени се обвинети за изнуда на пари и предизвикување душевна и физичка болка на своите следбеници.

Сергеј Тороп, Вадим Редин и Владимир Ведерников се осомничени за „основање на верска организација чии активности вклучуваат насилство врз членовите“.

Руските истражители изјавија за медиумите дека триото им земало пари на своите следбеници и дека извршиле психичко и физичко насилство врз нив.

Од основањето на сектата по падот на Советскиот Сојуз, 59-годишниот Тороп, инаку поранешен полицаец, привлече илјадници следбеници. Некои од нив веруваа дека Тороп е воскреснатиот Христос.

Следбениците на Црквата на последниот завет ја основале во 1995 година, нивната населба позната како Град на сонцето, во регионот Курага. Неколку стотици од нив живеат таму и во неколку други населени места во регионот. Руското Министерство за правда во 2000 година објави дека оваа секта има 10 000 следбеници ширум светот.

На членовите на последниот завет не им е дозволено да пушат, да пијат или да користат пари и мораат да живеат во скромни услови. Исто така, не им е дозволено да консумираат месо, кафе, чај, шеќер, леб со квасец и производи од пченица. Тие следат настава заснована на комбинација на методи на Руската православна црква и реинкарнација и се подготвуваат за „неизбежната апокалипса“.

Предвреме ќе се исплатат септемвриските пензии

Владата на денешната седница донесе одлука во понеделник, на 28 септември 2020 година да се врши исплата на пензии со висина до 11.000 денари.

Во вторник, на 29 септември 2020 година да се исплаќаат на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари,

Во среда, на 30 септември 2020 година да се врши исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во четврток, на 1 октомври 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

– Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за септември 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 септември 2020 година за да се обезбеди пензионерите со септемвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28 септември2020 година во четири групи, информираа од владината прес-служба.

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита, за септември 2020 година, според која податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 2 октомври 2020, по што деловните банки треба да обезбедат достапност на средствата за паричните права од социјална заштита за месец септември преку банкомати и во трговските мрежи од 5 октомври 2020 година.

Владата даде зелено светло за изградба на пруга до Албанија

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на железничката пруга Кичево – граница со Р. Албанија во две фази.

Владата го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства во износ од 426 милиони евра за финансирање на првата фаза од проектот делница Кичево – Струга, како и грант средства за техничка помош на овој проект.

Владата ја усвои и Информацијата со која ја одобри апликацијата за тековни проекти на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници за финансирање преку грантови за техничка помош на Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF), сопшти владината прес-служба.

притисни ентер