Министерот Чулев во посета на Одделенијата за внатрешни работи во Кичево и Гостивар

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во рамки на денешните работни обврски ги посети одделенијата за внатрешни работи во Кичево и Гостивар. 

Во рамки на посетата оствари работни средби со раководството на двете организациски единици. Во фокусот на двете средби беше организација на парламентарните избори и мерките и активности кои се преземаат за справување со криминалот и активностите кои се преземаат за спречување на понатамошно ширење на коронавирусот.

На територијата на ОВР Кичево во првото полугодие не се евидентирани посериозни кривични настани , а како факт кој беше потенциран е успехот на оваа организациска единица во делот на санцкионирање на сторителите на недозволена сеча на шуми што е дел од оперативната акција „Гора“

.За што говори и фактот дека во изминатиот период е поднесена кривична пријава против раководителот на подрачната единица на Македонски Шуми во Гостивар. На територијата на ОВР Гостивар во однос на пандемијата од Ковид19, во овој момент има 8 кластери и истите се под контрола, полициските службеници секојдневно преземаат мерки за контрола на лицата во изолација и самоизолација со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот.

Од страна на раководството на двете одделенија за внатрешни работи беше нагласена подговеноста за спроведување на парламентарните избори за кои се очекува да поминат во најдобар ред.

Министерот Чулев потенцираше дека професионалното постапување на полициските службеници не треба да биде предмет на компромис кога е во прашање политиката, затоа што крајна цел на Министерството за внатрешни работи е организирање на фер, демократски и безбедни избори и оваа цел може да се постигне само со професионално и одговорно постапување, соопшти МВР.

Од утре се отвора Лувр, се очекуваат по 10.000 посетители дневно

Утре повторно се отвора музејот Лувр во Париз, но со одредени ограничувања поради епидемијата на коронавирус.

Некои делови од најпосетуваниот музејски комплекс на светот сепак ќе бидат затворени за посетителите.

Лувр беше затворен на 13 март, поради што музејот забележа загуби од над 40 милиони евра, изјави директорот на музејот, Жан-Лук Мартинез.

„Во најдобар случај, ќе имаме од 20 до 30 проценти од посетителите во однос на бројот што го имавме минатото лето, што е помеѓу 4.000 и 10.000 на ден“, рече тој.

Од 10 милиони посетители во 2018 година, скоро три четвртини се странски туристи, пренесува РФИ.

Сопругот на Карлеуша со детали за вооружениот напад:Беа вооружени со ножеви и електоршокери , повредија девојка

Фудбалерот Душко Тошиќ , сопругот на пејачката Јелена Карлеуша  утринава објави детали за инцидентот во Белград.

Поранешниот играч на српската репрезентација бил нападнат на Калемегдан додека тренирал со други фудбалери и неговиот тренер.

Тошиќ ги објасни деталите за нападот во објавата на Инстаграм. Покрај него, биле нападнати и неколку други играчи и координаторот на српскиот фудбалски сојуз за физичка подготовка, Андреја Милутиновиќ. Напаѓачите имале ножеви и електрични шокери, а повредиле и девојка , случаен минувач. Полицијата набрзо ги уапсила.

"За да се спречат шпекулации, точно е дека моите колеги фудбалери (од кои тројца се странци) и јас бевме нападнати утрово на тренинг на Калемегдан. Бевме нападнати од група хулигани кои беа вооружени со ножеви и електрични шокери", напиша Тошиќ, додавајќи:

„За среќа, сето тоа заврши без поголеми последици. Полицијата навремено реагираше и ги уапси напаѓачите кои за жал сериозно повредија девојка, која случајно минуваше“.

Според Б92, тројца млади ги пресретнале Тошиќ и Милутиновиќ и од нив барале пари. Тошиќ, наводно, успеал да ги одврати од нападот, велејќи им дека нема ништо со себе и дека дошол набрзина.

Во својата кариера, Тошиќ, меѓу другите, играл за Вердер, Портсмут, Црвена звезда и Бешикташ, а од 2018 година е член на кинескиот Гуангжу. Тој одиграл 26 натпревари за Србија, а беше и на Светскиот куп во 2018 година.

притисни ентер