Џафери: Собранието нема да биде заробеник на политичките партии

 Собранието на Република Македонија  попладнево со 62 гласа „за“ ја утврди потребата за донесување по скратена постапка на измени и дополнувања на Изборниот законик што се однесуваат на изборот на членови на Државната изборна комисија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара точката да биде тргната од дневен ред што не беше изгласано од владејачкото мнозинство, кое со измените предлага ДИК да се бира со 61 пратеник, наместо со двотретинско мнозинство и Комисијата за прашања на изборите и именувањата да не го гледа предлог-законот.

Претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, врз основа на член 117, став 1 од Деловникот на Собранието на РМ, ја задолжи Комисијата за европски прашања, како што рече, како матично работно тело, и Законодавно правната комисија, да расправаат за законот. Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби засега не кажува кога ќе ја закаже седницата.

По процедуралната реакција од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев во која, како и пред седницата, тој апелираше да се повлечат предложените измени, Џафери рече дека нема процедурални пречки парламентарното мнозинство да се изјасни за предложениот закон.

Како што појасни Данев, и претходно побарал едночасовна пауза затоа што биле убедени дека предлог законот ќе биде повлечен затоа што се носи без консултации и поддршка од опозицијата.

- Ова е тажен ден за демократијата во Република Македонија, и лош ден за демократијата и интересите на граѓаните. Тоа што беше до ВМРО-ДПМНЕ во овие четири месеци е исполнето, учествуваме во сите реформски закони, бевме критикувани и од нашите членови дека гласаме двотретински закони но на прво место ни беше партискиот интерес, рече Данев апелирајќи да преовладаат разумот и државничкото однесување за државниот и граѓанскиот интерес во Македонија.

Џафери појаснувајќи дека нема процедурална пречка за изјаснување за законот, наведе дека политичките партии презеле обврска за измена на Изборниот законик во делот на ДИК, но и дека дека нема да го блокираат изборот на ДИК за што се воспоставил инструментот двотретинско мнозинство за да биде и гарант дека тоа е консензуално решено.

- Од кои причини не се познати, досега политичките партии тактизираа околу изборот на ДИК и со тоа се доведува во прашање правото на граѓаните да се изјаснат по она што е најавено и побарано од сите политички партии дека по однос на договорот ќе има и референдум. Исправени пред ова, Собранието не може да биде заробеник на однесувањето на политичките партии по однос на обврските и надлежностите што ги има, рече Џафери.

Појасни дека Владата е една од надлежните институции за предлагање закони, и потенцираше дека во тој контекст процедурално нема никаква пречка да се излезе пред Собранието со предлог закон без оглед како ќе се толкува и каква ќе биде содржината на законот.

- Во тој контекс нема никаква пречка Собранието да се изјасни по предлогот на Владата како надлежен и овластен орган за предлагање соодветни материјали пред Собранието. Тука не би требало да спориме оклу процедурата. Политичкото - да, сите треба да си мислиме, а првенствено опозицијата која се противи на сето ова, рече Џафери.

Тој нагласи и дека нема пречка политичките партии да продолжат со дијалогот и да изнајдат консензус, а според Деловникот, во фаза на расправа законот може да се повлече.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев во поддршка за носење на предлог-законот рече дека ВМРО-ДПМНЕ пред 4,5 месеци имале предлог одлука за распишување оглас за избор на ДИК. Потоа, појасни, тоа станало предмет на разговори во тек на кои политичките партии се договориле дека ќе има политички договор за избор на партиска ДИК составена од седум члена каде три ќе ги предложи опозицијата вклучувајќи го и претседателот на ДИК, а четири мнозинството, вклучувајќи и заменик претседател.

- ВМРО-ДПМНЕ се согласи на тоа пред еден месец и цел месец чекаме претседателот на Комисијата за избор и именувања да свика седница затоа што објавивме оглас конкурираа 47 кандидати. Сега чекаме повеќе од еден месец за да свикаат седница за да се избере ДИК онака како што се договорија најголемите политички партии, но ништо од тоа, рече Тунтев, прашувајќи како ВМРО-ДПМНЕ сега не сака референдум ако десет години претходно се изјаснувале дека тоа е највисокото демократско средство за изјаснување за прашањето за името.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара, но не му беше дозволено процедурално изјаснување, со образложение дека не е координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, а повикувајќи се на известувањето што го добиле собраниските служби.

Предлог-законот за измени и дополнувања на Изборниот законик е предложен како 12. точка на дневниот ред на 53. седница. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ еден по еден бараа најнапред да биде тргната точката од дневниот ред, а потоа и други промени во редоследот седницата. Со тоа тие го одолговлекуваат почетокот на расправата за точките од дневниот ред.

Пратеникот Трајко Велјановски предложи изменте на Изборниот зкаоник да бидат тргнати од дневен ред, укажувајжи дека никогаш Изборен законик не бил носен без опозицијата. Неговиот предлог не беше изгласан од мнозинството.

Пред пратениците тој исто така предложи, како што рече, една од шестте сали за комисии во Собранието да биде со европско знаменце и именувана Артан Груби и секогаш таму да се носат закони со европско знаменце по желба на Владата.

- Владата се наоѓа во една сопка бидејќи не го заменила членот кој вели дека од рок од еден месец од постапување на Изборниот законик треба да се избере ДИК, а тоа е 29 јуни. Како ќе се избере тој нов состав. Пак ќе го кршите законот. Како мислите да учествува опозицијата доколку на сила го носите овој закон и каква порака им давате на граѓаните во изборните процеси, вклучувајќи го референдумот, кој треба да се спроведе по вољата на граѓаните кога на сила го менувате законот, рече Вељановски.

Претходно, заменик-министерот за правда Оливер Ристовски појасни дека со Предлог законот се менува членот 27 од Изборниот законик.

- Сето ова е предложено до Собранието со цел да се разреши проблемот што се појави со блокирањето на процесот за избор на ДИК и со тоа изгледа ќе се разрешат фиктивно настанатите состојби, рече Ристовски.

Уставот на РМ, дополни, го уредува потребното мнозинство за донесување на одлуки кое варира во зависност од законската материја или избраната именуваната позиција за која се носи одлука.Дополнително освен овие уставни решенија определени закони предвидуваат двотретинско мнозинство за избор на членови на тела во конкретниот случај двотретинското мнозинство за избор на членови на ДИК според Изборниот зкаоник.

Ристовски укажа и дека и Венецијанската комисија го опфаќа проблемот со нефункционалноста на институциите. Таа јасно и недвосмислено наведува дека потребата од избор или именување на членови на некое тело или носители на функции со квалификувано мнозинство не смее да се претвори во контрапродуктивен инструмент за блокирање на процесите за формирање на клучните институции во системот, рече Ристовски.

Силна соларна бура ја погоди Земјата, за утре се најавува уште една експлозија

Сончева бура ја погоди Земјата порано од очекуваното и сега се засилува. Ова го објави Центарот за следење на вселенското време при рускиот институт за применета геофизика.

Според податоците, геомагнетната бура се очекувало да биде од категоријата Г2, која е со умерен интензитет, но утрово таа се засилила до категорија Г3, што е силен интензитет.

На 30 април и 1 мај биле регистрирани моќни соларни изливи.

Сончевите блесоци се поделени во пет класи според јачината на рендгенското зрачење - најслаби се класата А, а потоа следат B, C, M и X.

Сончевите блесоци се моќни експлозии во сончевата атмосфера кои испраќаат соларна плазма во вселената. Облаците од оваа плазма можат да предизвикаат геомагнетни бури кога ќе стигнат до Земјата.

- Две коронални експлозии го погодија магнетното поле на Земјата на 2 мај. Поединечно, ударот беше мал, но предизвика силна геомагнетна бура од класата Г3 со поларници далеку на југ. Се очекува уште една коронална експлозија да го погоди магнетното поле на Земјата на 4 мај, објави порталот Space Weather.

Репортери без граници: Македонија со најголема медиумска слобода во регионот

Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади.

Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, се наведува во извештајот на организацијата „Репортери без граници“.

Медиумски пејзаж

Иако телевизијата е доминантен извор на информации, онлајн медиумите играат важна улога. Сепак, мора да се направи разлика помеѓу професионални онлајн редакции кои вработуваат новинари и објавуваат оригинална содржина, и поединечни портали кои вршат плагијат и копираат содржина. Исто така, постои голем јаз помеѓу употребата и довербата: најгледаните ТВ станици имаат низок индекс на доверливост.

Политички контекст

Целокупното опкружување останува поволно за слободата на печатот, но владините агенции не се многу транспарентни и критичкото новинарство е сè повеќе подложно на напади. Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат под притисок на властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност.

Правна рамка

Додека уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, земјата бавно го усогласува законодавството за медиумите со стандардите на Европската унија, на која има намера да и се придружи. Процедурите на SLAPP служат како инструменти за заплашување и притисок врз независните медиуми. Осудата за клевета, во 2023 година, на медиумот IRL за нејзината истрага од општ интерес постави опасен преседан. Новиот закон со кој повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното поврзано ширење на влијание.

Економски контекст

Иако одредени видови медиумска концентрација се забранети со закон, редакцијата на некои од главните ТВ канали е изложена на економски притисоци од нивните сопственици. Државното финансирање е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми во голема мера се потпираат на донаторите. Странските грантови засновани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој. Новинарството е многу несигурна професија. Некои медиуми се подложени на влијанија од страна на маркетинг агенциите.

Социокултурен контекст

Иако не постојат јасни ограничувања во социјалната и културната средина кои влијаат на слободното новинарство, социјалните медиуми и дигиталната сфера генерално го фаворизираат ширењето на дезинформации и сајбер-закани. Во комбинација со ниските професионални стандарди, тие придонесуваат за намалување на довербата на јавноста во медиумите и го отвораат патот за напади врз новинари врз основа на пол, етничка припадност или религија.

Безбедност

Новинарите често се мета на вербални напади. Под изговор за заштита на државните тајни и личните податоци, тие можат да бидат изложени на судски притисок и произволни правни постапки. Сепак, судовите имаат тенденција да ја поддржуваат слободата на печатот и да ги штитат новинарите. Во главниот град беше назначен специјален обвинител кој ќе ги води случаите на напади врз новинари, а се разгледува и отворањето на слични канцеларии низ целата земја.

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи

ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче.

По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката.

Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.

ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.

Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност.

Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја,се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер