Вицепремиерот Османи гостин во вестите на Канал 5

Вратите на Европската унија за Македонија се ширум отворени и од вас зависи дали тоа ќе го искористите или не, со оваа порака еврокомесарот Јоханес Хан.

Вратите на Европската унија за Македонија се ширум отворени и од вас зависи дали тоа ќе го искористите или не, со оваа порака еврокомесарот Јоханес Хан, го означи почетокот на скрининг процесот, кој треба да утврди колку е земјава подготвена за отпочнувањето преговорите со Унијата.

На оваа тема во вестите на Канал 5 Александар Видиновски разговараше со вицепремиерот Бујар Османи.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред, жичницата нема да работи

 Јавниот превоз во Скопје денека ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје.

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Променливо облачно, попладне и вечер на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

-До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Од четврток дневната температура ќе биде во опаѓање, а во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Македонија гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори

Гласачките места се отвораат во точно седум часот, и ќе се гласа до 19 часот.

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.. Вчера гласаа затворениците, болните и изнемоштени лица, како и 2569 лица од дијаспората но само за претседател, но не и за пратеници, поради недоволен број на пријавени..

На едно избирачко место во општина карпош е нашиот репортер Игор Манасиевски.. Игор дали навреме почна гласањето ?

притисни ентер