Турските компании да ја изберат Македонија за инвестирање

Сите турски инвеститори што сакаат да вложуваат надвор, тоа да го сторат прво во Македонија. 

Земјата со централна позиција на Балканот, претставува порта кон европскиот пазар од 500 милиони жители, нуди бројни деловни поволности, а допрва ќе биде и уште поатрактивна поради нејзината ЕУ и НАТО перспектива која и конкретно и се отвора.

Ова беше истакнато пред економските новинари од најпрестижните турски медиуми на денешниот настан што го организира Стопанската комора на Македонија и Турција (МАТТО) во Скопје.

Претседателот на МАТТО Ајдован Адемоски апелира, политичарите извонредните односи меѓу двете земји на речиси сите нивоа да ги реализираат и на економски план. Тенденцијата е, како што посочи, сегашната многу мала трговска размена од 400 милиони долари да достигне една милијарда.

- Македонија е вистинска локација за турските инвеститори. Пред неа се ЕУ и НАТО перспективите, особено значајни за безбедноста и сигурноста на вложувањата. Земјата нуди и одлични можности за инвестирање, најмногу во слободните зони каде корпоративниот, персоналниот и данокот за опрема, вклучително и ДДВ се нула проценти, рече министерот за инвестиции Аднан Ќахил, дополнувајќи дека токму поради ваквите услови, производството во Македонија е 30 отсто поевтино во однос на другите земји.

Според министерот за економија Крешник Бектеши, земјава е мала, но цврсто чекори напред. – Македонија по неколку години станува стабилна земја во која секој инвеститор може да дојде и да ги реализира своите проекти. Веќе една година работиме на нова програма за привлекување инвестиции, а го креиравме и Планот за економски раст кој предвидува еднакви можности за домашните и странските компании, подвлече Бектеши.

Пред присутните, членките на МАТТО, ТАВ, Џевахир Холдинг, Суташ,..., ги претставија своите досегашни инвестиции во Македонија и најавија нови, со милионски суми.

Од 11 компании во слободните економски зони, пет се турски. Според статистиката, од вкупниот број странски инвестиции во Македонија, 1,8 милијарди долари се турски.

Економските новинари од Турција пристигнаа вчера, а ќе престојуваат во Македонија до 8 јули. Целта на посетата, чиј домаќин е МАТТО, е да се информираат за економските услови и потенцијалите кои потоа би ги пренеле во својата земја.

Бил Гејст: Состојбата со корона во САД ќе се врати во нормала до пролет

Гејтс смета дека епидемиолошката состојба ќе се подобри со помош на напредни медицински третмани и, како што рече, „неверојатните“ вакцини.

Еден од најбогатите луѓе на светот, милијардерот Бил Гејтс, коосновачот на „Мајкрософт“ , очекува дека состојбата со корона вирусот во Соединетите Американски Држави, со појавата на „ветувачки вакцини“ и терапија за ковид-19, ќе се врати во нормала до пролетта следната година.

– Следните четири или пет месеци ќе бидат доста тешки, освен ако не ги удвоиме нашите напори и не станеме сериозни – изјави Гејтс за НБЦ Њуз.Тој истакна дека само одговорното однесување може да придонесе за сузбивање на пандемијата и додаде дека затоа е потребно дополнително да се намали бројот на физички контакти и да се носи заштитна маска секаде каде што постои ризик од инфекција.

Гејтс смета дека епидемиолошката состојба ќе се подобри со помош на напредни медицински третмани и, како што рече, „неверојатните“ вакцини.

Тој се надева дека луѓето кои се во дилема дали да примат вакцина против коронавирус ќе бидат поохрабрени по податоците за позитивните искуства и дека тоа навистина помага.

ОЈО: Притвор за осомничен за недозволена трговија со марихуана

На 2 декември, при личен преглед на осомничениот, овластени полициски службеници кај него пронашле 147,6 грама наркотична дрога – марихуана. Дрогата му била одземена, а осомничениот бил приведен информираат од ОЈО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 2 декември, при личен преглед на осомничениот, овластени полициски службеници кај него пронашле 147,6 грама наркотична дрога – марихуана. Дрогата му била одземена, а осомничениот бил приведен.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, проценувајќи дека осомниченото лице би можело да се даде во бегство или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Без вода денеска „Марко Орешковиќ" и дел од „Димо Хаџи Димов"

Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Марко Орешковиќ" и дел од улицата „Димо Хаџи Димов" во Општина Кисела Вода.

Како што соопштија од ЈП „Водовод и Канализација" – Скопје, причината за прекинот е дефектот ф-80мм на улицата „Марко Орешковиќ".

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со активностите.

притисни ентер