Тајландските спасувачи во трка со времето за спасување на децата заглавени во пештерата

Командантот на тајландските морнарички „Фоки“ кои работат на спасувањето на децата заглавени во поплавената пештера во северниот дел на земјата, денеска истакна дека останала „ограничена количина време“ за извлекување на децата.

- Прво мислевме дека децата можеме долго да ги одржуваме во живот во пештерата, но сега се сменија многу работи. Имаме ограничена количина време, рече денеска командатот на „Фоките“ Арпакорн Јуконгкаев на прес-конференција.

Командатот на нуркачките сили не изнесе повеќе детали за спасувањето на 12-те деца на вораст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер од пештерата во која влегле после тренинг на 23 јуни.

Јуконгкавев ова го изјави неколку часа откако поранешен припадник на „Фоките“, кој работел на спасувањето, ја загубил свеста додека нуркал и подоцна починал.

Станува збор за поранешниот тајландски морнарички нуркач Саман Гунану кој ја загубил свеста додека излегувал од пештерскиот комплекс, во кој доставувал боци со кислород.

- Неговата задача беше да испорача боци со кислород. Тој немаше доволно кислород за себе додека се враќаше, рече еден тајладски официјален претставник и додаде дека се работи за човек кој некогаш работел во морнарицата, а сега се приклучил на акцијата за спасување.

- Во пештерата е тешко. Тој се удави на патот кон надвор. Негов колега се обиде да му пружи прва помош, но не успеал. Кога го извлековме повторно се обидовме да му пружиме прва помош, но не реагираше, и тогаш го префрливме во болница, изјави Јуконгкаев.

Во акцијата за спасување на децата се вклучени 1.000 лица, а меѓу нив има нуркачи, воен персонал и волонтери.

Високиот командант на тајландската армија Чалогчаи Чајакам рече дека сега е најитно на децата да им се достават боци со кислород, откако локалните власти соопштија дека загрижува и тоа што се намалува нивото на кислород во комората на пештерата во која се наоѓаат децата.

Ситуацијата со децата заглавени во пештерата на Тајланд беше влошена синоќа кога спасувачи волонтери, наместо да испумпаат, впумпале дополнителна количина вода во пештерата.

Командирот на акцијата за спасување Наронгсак Останакорн рече дека волонтерите, дејствувајќи самостојно, впумпале вода во дел од пештерата кој е поплавен и кој моментално се празни со цел децата, заедно со својот тренер, да можат безбедно да преминат.

- Можеби веруваат дека нивните техники се ефектни за вадење подземна вода, но се што не е планирано прво мора да го проверат со нас. Се тркаме против вода која се слева во пештерата, иако ги затворивме каналите по кои тече, рече командирот.

На волонтерите им е укажано на грешката што ја направиле, а претставник на Министерството за внатрешни работи на Тајланд, Пунсак Вунгсатнгием, за „Гардијан“ изјави дека нивото на водата во изминатите неколку дена е намалено за 40 отсто, со што речиси е расчистена делницата од 1.600 метри која децата ќе мора да ја поминат.

Децата моментално се наоѓаат на околу четири километри од влезот на пештерата, на еден каллив дел над површината на водата.

Проблем се уште предизвикуваат комуникациите, додека спасувачите разгледуваат кои опции ги имаат за извлекување на децата пред сезоната на монсуни, која официјално почнува утре.

Властите засега не успеаја да воспостават телефонска линија, а патот од децата до површината трае малку повеќе од шест часа.

Според последните информации, децата и тренерот се изнемоштени, со помали повреди, но во стабилна состојба и целосно здрави.

Утре се очекуваат обилни врнежи дожд што ќе предизвикаат поголем дел од пештерата да стане многу тежок или речиси непрооден. Одредени експерти за пештери изјавиле дека најбезбедна опција би била на децата и тренерот да им се обезбедат доволно залихи и во пештерата да го почекаат крајот на сезоната на монсуни која трае до октомври.

Властите истражуваат и други опции кои вклучуваат претрага на пештерата и барање други начини за побрзо испумпување на водата.

Ју-Ес- Еј Тудеј наведува дека идеална ситуација би била нивото на водата да се спушти до висина на половините на децата за да можат одејќи да излезат од пештерата носејќи појаси за спасување наместо нуркачите да ги извлекуваат низ длабоката вода што би било исклучително опасен потфат.

Проблемот е во тоа што повеќето од децата незнаат да пливаат, како и фактот дека некои делови од пештерата се целосно поплавени.

- Побарав 13 комплети за нуркање во случај да мораме да ги извлекуваме во овие услови и кога не сме сто проценти подготвени, рече командирот на акцијата за спасување Наронгсак Останакорн.

Иако спасувачите полека ги учат децата на основните техники за нуркање, експертите се загрижени дека спасувањето низ матни и темни води ќе биде исклучително опасно.

- Никој никого нема да научи се за нуркање во пештера, но се обидуваме да ги запознаеме со маските затоа што дишењето во нив е сосема поинакво, изјави инструкторот за нуркање Клаус Расмунсен кој им помага на тајландските морнарички „Фоки“.

Тајландската морнарица завчера на Фејсбук објави две нови снимки на кои се прикажани припадници на „Фоките“ кои третираат полесни повреди на стапалата и нозете на децата, а некои од децата и се смеат на шегите на припадниците на оваа морнаричка единица.

На снимката се гледа како други деца спијат покриени со топли кебиња.

Милијардерот и претрпиемач Илон Маск на Твитер напиша дека сака да им помогне на децата заглавени во пештарата на Тајланд. Еден корисник на Твитер го праша Маск дали би сакал да ја понуди својата помош за спасувањата на децата на што Маск изрази верување дека Владата на Тајланд „држи се под контрола“, но додаде дека би бил среќен да помогне доколку постои начин да го направи тоа.

Онлајн изданието на „Форчен“ наведе дека засега не е јасно како Маск би можел да помогне но потсетува дека постои опција за пробивање на пештерата од површината и спасување на децата на тој начин.

Маск, меѓу другото, е сопственик и на фирмата „Боринг Компанија“ која се занимава и со пробивање тунели.

Децата и нивниот тренер беа пронајдени живи во пештера на Тајланд, девет дена откако исчезнаа во неа по поплава, исцрпени се и имаат помали повреди, а преживеале со пиење вода која капе од сталактитите.

Спасувачките тимови на Тајланд во понеделникот ги пронајдоа 12-те деца, на вораст од 11 до 16 години, и нивниот 25-годишен фудбалски тренер, кои на 23 јуни влегле во пештерата Там Луанг./МИА.

Ужас во Аризона: Татко си ги пронашол двете тригодишни близначки удавени во базен

Полицијата ги објави имињата на близначките кои трагично загинаа откако нивниот татко ги извлекол нивните безживотни тела од базенот во дворот.

Тригодишните девојчиња, Валентина и Пеналапи Руиз, починале во четвртокот во болница во Феникс, Аризона, соопштија официјални лица, пишува Daily Mail..

„Прелиминарните информации сугерираат дека дошло до случајно давење“, соопшти вчера полицијата.

„Во овој момент, нема ништо што откриле иследниците што изгледа сомнително“, рече пожарникарот на Феникс, Роб Мекдејд, за таткото на близнаците кој се јавил на 911.

Мекдејд додаде дека децата биле под вода „неодредено време“ пред да пристигне помошта околу 15:30 часот во четвртокот.

Девојчињата биле итно пренесени во блиската болница каде што биле прогласени за мртви, соопштија официјални лица.

Воздушните снимки од домот покажале базен во облик на бубрег што немал ограда околу него.

Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил- најмалку 57 загинати, 67 исчезнати (ВИДЕО)

Бројот на загинати од поројниот дожд во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на 57, соопштија локалните власти, додека десетици се уште не се пронајдени, пренесува Ројтерс.

Цивилната заштита на Рио Гранде до Сул соопшти дека 67 лица се уште се водат како исчезнати, додека повеќе од 32.000 луѓе се раселени поради невремето, кое зафати речиси две третини од 497-те градови во државата, која граничи со Уругвај и Аргентина.

Поплавите уништија патишта и мостови во повеќе региони во земјата. Невремето предизвика и лизгање на земјиштето и делумно уривање на брана во мала хидроцентрала. Друга брана во градот Бенто Гонкалвес исто така е во опасност од уривање, соопштија властите.

Во Порто Алегре, главниот град на Рио Гранде до Сул, езерото Гуаиба се излеа, поплавувајќи ги улиците. Меѓународниот аеродром во Порто Алегре ги укина сите летови на неодредено време.

Во следните 36 часа се очекуваат врнежи од дожд во северните и североисточните предели на државата, но количината на врнежи се намалува и би требало да биде далеку под врвот забележан претходно оваа недела, соопшти државната метеоролошка служба.

Сепак, „нивото на водата во реките треба да остане високо неколку дена“, изјави денеска гувернерот Едуардо Леите во видеото на неговите социјални мрежи, додавајќи дека е тешко да се каже колку долго.

Рио Гранде до Сул се наоѓа на географската точка меѓу тропската и поларната атмосфера, што создава метеоролошка шема со периоди на интензивен дожд и други со суша.

Локалните научници веруваат дека оваа шема се интензивира поради климатските промени.

Обилните дождови веќе го погодија Рио Гранде до Сул во септември минатата година, кога екстратропски циклон предизвика поплави во кои загинаа повеќе од 50 луѓе. Ова се случи по повеќе од две години постојана суша поради феноменот Ла Ниња, со само слаби дождови.

Најбогатата актерка на светот има 3 милијарди долари, но ретко кој ја знае (ВИДЕО)

Кога ќе помислите на најбогатите актерки во светот, веројатно ви паѓаат на ум познати имиња како Џулија Робертс, Сандра Булок, Анџелина Џоли или Џенифер Анистон, но големи се шансите никогаш да не сте го чуле името на најбогатата актерка на светот.

Имено, оваа титула ѝ припаѓа на американската актерка Џејми Герц, чие богатство се проценува на 3,2 милијарди долари. Ако се прашувате која е, не сте единствените затоа што изгледа дека луѓето не можат да се сетат на неа.

58-годишната ѕвезда ја започнала својата кариера во 1981 година со улога во „Бескрајна љубов“ и оттогаш се појавила во голем број филмови, вклучувајќи ги „Изгубените момчиња“, „Твистер“, „Крстопат“, „Помалку од нула“, „Квиксилвер“ и „Шеснаесет свеќи“.

Покрај тоа, таа се појави во хит сериите Seinfeld, The Neighbors, Modern Family и This is Us, а неодамна глумеше во филмот „I Want You Back“ од 2022 година, но таа ретко се појавува на екранот.

Сепак, нејзиното богатство не се должи само на нејзината актерска кариера. Актерката е во брак со милијардерот и инвеститор Тони Реслер, со кого е косопственик на НБА тимот Атланта Хокс. Имаат четири деца, а интересно, кога се венчале во 80-тите, Џејми била хранителка бидејќи компанијата на нејзиниот сопруг пропаднала, но тој подоцна се опоравил и заработил милијарди.

Инаку, официјално најбогатата актерка на светот е холивудската ѕвезда Дина Мерил, чие богатство се проценува на 5 милијарди долари. Мерил починала во 2017 година, со што Џејми сега стана најбогатата жива актерка на светот.

притисни ентер