Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија

 Премиерот Зоран Заев денеска изрази, како што рече, огромно задоволство од вчерашната одлука за добивање датум за преговори со Европската унија во јуни 2019.

- Имајќи предвид дека во мај 2019 година се изборите за Европскиот парламент, одлуката на ЕУ е комплетно со нашите очекувања. Ние сме среќни и дополнително мотивирани, рече Заев денеска пред почетокот на својот говор на 98. РОС-РОТ семинар во Собранието.

Тој им се заблагодари на сите земји членки на Европската унија за оваа, како што рече, мотивирачка одлука за Македонија.

- Посебно ми е драго што нашите два соседа, Бугарија и Грција водеа плодна дискусија и се изборија за оваа посакувана одлука за Македонија како и за Албанија, рече премиерот.

Тој исто така и честита и на Албанија за вчерашната одлука на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург.

Одговарајќи на прашања на присутните, Заев кажа дека во петок ќе има состанок и дека после тој состанок ќе објават очекувања на одлука од Самитот на НАТО.

ВМРО ДПМНЕ е за нов Клинички центар кој би се градел наспроти ,, Жан Митрев Клиника“

Многу е едноставно, ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, но само со изготвен проект, а не со физибилити студија од 35 страни.

Филипче треба да изработи проект, а потоа со истиот да бара пари, односно заем за реализација на вака сериозен капитален проект. Сега Филипче сака да се изгласа закон за заем од 503 милиони евра за проект кој е само во неговата глава, се наведува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ има многу јасен предлог. Предлогот е, комплетно реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кое би чинело околу 100 милиони евра како и изградба на ургентен клинички центар кој би бил наспроти „Жан Митрев Клиника“ и со кој би се поврзале Поликлиниката „Букурешт“ и ГОБ „8-ми Септември“. Освен ова решение, треба да се изградат уште три универзитетски клинички болници во Тетово, Штип и Битола кои би чинеле по десетина милиони евра, се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ

СЗО ја одобри кинеската вакцина „Синофарм“ за итна употреба

Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба вакцината против Ковид-19 на кинескиот производител Синофарм.

Вакцината, една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад.

Исто така, СЗО за првпат одобри за итна употреба на кинеска вакцина против заразна болест.

Фактот дека вакцината на Синофарм е на списокот на СЗО на итни вакцини е сигнал до националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и ќе овозможи да се вклучи во системот Ковакс, глобална програма за сиромашните земји.

СЗО досега одобри итна употреба на вакцините против Ковид-19 кои ги развија Фајзер/Бионтек, Астра Зенека, Џонсон и Џонсон и Модерна.

Бочварски: На семејството на Верица ќе му биде доделен стан во Струмица

Министерот за транспорт и врски ,Благоја Бочаварски анјави на ФБ дека на семејството на трагично загинатата Верица , чии органи беа дадени за транпалнтација , ќе му биде доделен стан.

„Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.

Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост.“, напиша Бочварски на ФБ

притисни ентер