Зградата на ВМРО -ДПМНЕ обоена по протестите - Канал 5

Зградата на ВМРО -ДПМНЕ обоена по протестите

Доцна синоќа, по протестот против промена на името, фрлена е црвена боја врз зградата на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. 

Зградата на ВМРО -ДПМНЕ обоена по протестите

Доцна синоќа околу 23 часот по завршувањето на протестите пред собранието со црвена боја офарбана е зградата на Вмро Дпмне. Од партијата веднаш по настанот откако го пријавиле во полиција свикаа и прес конференција пред седиштето за да соопштат дека партискиот штаб е нападнат и кукавички каменуван. Настанот го оценија како акт на насилство и вандализам но и напад врз оние кои ги штитат македонските национални интереси. Прстот го вперија кон структури блиски до власта по принципот на шарената револуција.

Откако се потпиша договорот со Грција пред собранието речиси секојдневно се организираат протести маршеви кои не добија поддршка од најголемата опозициска партија. Мицкоски на средба со дел од луѓето од протестите им посочил дека партијата наместо на улица битката ќе ја води во институциите.

Владеачката СДСМ во своето соопштение го осуди нападот, отфрлија било каква поврзаност со оценка дека тие не може да се посочуваат за виновници за поделбите внатре во опозициската партија. Сдсм јасно и недвосмислено беше дел од шарената револуција без тоа да го крие во време кога државата требаше да се спаси од криминал, поделби и изолација но сега државата се води исклучиво во интерес на граѓаните.

Со став за тоа дали фарбањето на партискиот штаб на ВМРО е внатрепартиска поделба се јави Единствена Македонија. Тие ја советуваат опозициската партија да не бараат кој фрлаше боја кон седиштето бидејќи ќе ја откријат страшната вистина дека седиштето на ДПМНЕ го офарба ВМРО.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турист паднал од 12 метри височина, адреналинското возење се претвори во хорор- камерата цело време снимала (ВИДЕО)

Она што требаше да биде возбудлива авантура се претвори во кошмар за турист од индиската држава Карнатака, откако паднал од висина од речиси 12 метри додека се возел со жичарница во одморалиште во Дандели.

Турист паднал од 12 метри височина, адреналинското возење се претвори во хорор- камерата цело време снимала (ВИДЕО)

Инцидентот се случил кога, според семејството, безбедносниот механизам откажал, објавува NDTV.

Видеото се појави на мрежите

Туристот, идентификуван како К. С. од градот Виџајапура, претрпел повеќекратни скршеници во рацете и нозете откако ја изгубил заштитата на средина од возењето и паднал на земја.

Страшниот инцидент бил снимен со камера, а видеото брзо се проширило на социјалните мрежи.

Според семејството, безбедносната сопирачка на жичарницата „попуштила“, додека К. С. висел во воздух, по што се струполил на земја.

Семејството го обвини менаџментот на одморалиштето за небрежност, тврдејќи дека опремата „не била правилно одржувана“.

Бараат одговорност од менаџментот

Повредениот маж прво бил однесен во Владината болница во Дандели, по што бил префрлен во болница во Виџајапур.

Поради потребата од специјализиран третман, тој подоцна бил префрлен во Мираџ, каде што бил згрижен.

Семејството бара одговорност од менаџментот на одморалиштето, тврдејќи дека „несреќата можела да се спречи“ со редовно одржување на опремата и соодветни безбедносни проверки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена била избодена за време на молитва во црква

Жена во 50-тите години е сериозно повредена во напад со нож што се случил во црквата на Светиот крст во Трамор, округ Вотерфорд, Ирска.

Жена била избодена за време на молитва во црква

Жена во 50-тите години е сериозно повредена во напад со нож што се случил во црквата на Светиот крст во Трамор, округ Вотерфорд, Ирска, за време на рецитирањето на бројаницата, непосредно пред мисата во 10 часот наутро.

Таа била во главната црква кога била нападната, објавува RTE, по што била однесена во Универзитетската болница Вотерфорд со сериозни, но не опасни по живот повреди.

Полицијата уапсила маж во 30-тите години во блиската куќа и му бил запленет нож. Тој моментално е во притвор во полициската станица во округот Вотерфорд.

Парохискиот свештеник, отец Ричард О'Халоран, потврди дека еден верник е повреден во нападот.

Епархијата Вотерфорд и Лизмор изјави дека е „длабоко шокирана од насилниот инцидент“ што се случил за време на службата, со порака за поддршка на повредената жена и благодарност до верниците кои помогнале „за време на овој ужасен настан“.

Истрагата е во тек, според ирската телевизија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Две жени и тројца мажи се удавија во американската држава Охајо.

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О'Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во државата Охајо, објави Њујорк Тајмс.

Група од најмалку седум лица - два пара, нивниот возрасен пријател и две деца - престојувале покрај брегот на реката при зајдисонце. „Некои од нив ловеле риба кога еден од возрасните влегол во реката да плива“, рече шерифот Џефри Балцер.

Детето истрчало на патот и запрело автомобил

Кога пливачот почнал да се бори да остане на површината, двајца други возрасни се обиделе да му помогнат, но самите почнале да тонат. „После тоа, уште двајца возрасни се обиделе да ги спасат, пред сите петмина да исчезнат во реката“, им рече Балцер на новинарите на прес-конференција.

„Не е невообичаено едно лице да почне да се дави, а други да се обидуваат да го спасат, иако немаат потребни вештини, па затоа завршуваме со повеќе смртни случаи“, нагласи шерифот.

Властите беа известени за несреќата откако едно од двете деца истрча на блискиот пат и го запре автомобилот. На возачот му беше кажано дека „неговото семејство е удавено во реката“. Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на настанот и брзо ги пронајдоа двете жени и ги извлекоа од водата. Набргу потоа, тие беа прогласени за мртви во блиската болница.

Телата на тројцата исчезнати мажи беа пронајдени следниот ден. Шерифот рече дека двете деца, и двете под десетгодишна возраст, биле згрижени од локалните служби за заштита на деца по трагедијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер