Грција треба да ги информира ЕУ и НАТО дека нема пречки за интеграцијата

Грција го стокми писмото со поддршка за Македонија.

Атина чека знак од македонската влада и веќе денеска или утре да ги извести Туск и Столтенберг дека сите препреки за евроатланските интеграции за земјава се отстранети. Ставот 4 од членот 2 од договорот постигнат со Грција е јасен.

По добивање на известување дека Собранието на Втората страна ја ратификувало оваа Спогодба, Првата страна веднаш:

-ќе го извести Претседателот на Советот на Европската унија дека дава поддршка за почеток на преговори за членство на Втората страна.

-ќе го извести Генералниот секретар на НАТО дека дава поддршка НАТО да ѝ упати покана за пристапување на Втората страна.

Македонија се надева дека веќе во вторник, и покрај тврдиот став на Франција и Холандија и непредвидливоста на Австрија, прво на Европскиот Совет, а по два дена и на Самитот на ЕУ на земјава ќе и биде доделен датум за отпочнување преговори со Унијата. Во однос на НАТО, пак, поканата останува неизвесна. Во договорот јасно стои дека за покана во алијансата е неопходна целосно финализирање на договорот, но генералниот секретар на алијансата Столтенберг остава можност тоа да се случи и на самитот на 11 јули.

-Се надевам дека ќе има напредок со поранешната југословенска Република Македонија бидејќи тие постигнаа договор со Грција за проблемот со името. Тоа зависи од финализирањето на договорот во Скопје. Но јас се надевам дека ќе можеме да почнеме преговорите за членство на самитот, односно да донесеме одлука за нивен почеток на самитот на НАТО во јули, ако се се одвива според планираното околу ратификацијата и референдумот кој ќе се одржи подоцна оваа година, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Грчката опозиција во меѓувреме се закани дека кога ќе дојде на влас, ќе направи се да ги смени негативните елементи од договорот. Одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, за грчка „Антена“ рече дека нема да го поддржи договорот во парламентот и појасни зошто:

-Комбинацијата на името Северна Македонија со прифаќање македонски јазик и македонска националност е експлозивна. Тоа навистина е основа на еден нов иредентизам. Зошто? Бидејќи постои една Северна Македонија и очигледно и Јужна Македонија, во очите на Скопјаните, но не во нашите очи, за нас постои една Македонија, вели Кумуцакос.

Но, предупредувањата на Нова Демократија, која според рејтингот, се очекува да победи на изборите следната година, сепак ќе се покажат како јалови, ако се суди според завршните одредби во договорот. Во членот 20 стои дека одредбите од оваа Спогодба остануваат во сила за неопределен период и се неотповикливи. Не се дозволени никакви измени на одредбите од членот 1, став (3) и (4) од оваа Спогодба, членови, кои се однесуваат на суштинските делови, името, јазикот и идентитетот.

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

притисни ентер