Гевгелија со 950.000 евра европски пари реализирала седум проекти

Само преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција и Бугарија, во периодот од 2007 до 2013 година во општина Гевгелија сe  реализирани шест проекти со европски грант од 950.000 евра од кои повеќето капитални.

Според досегашната успешна соработка со ЕУ и искуствата што од неа ги стекна општината преку реализација на проекти во рамки на прекуграничната соработка и успешното справување за време на бегалската криза, општина Гевгелија веќе ги применува eвропските стандарди и вредности.

Само преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција и Бугарија, во периодот од 2007 до 2013 година во општина Гевгелија сe реализирани шест проекти со европски грант од 950.000 евра од кои повеќето капитални.

Со европски пари се изградени Пречистителната станица кај Вардар, новиот систем за снабдување со дополнителни количества на вода за пиење, изградбата на регионалниот пат Негорци-Серменин, изградбата на канализациски линии во Прдејци и Мрзенци, уредување на каналот „Рауљ“ и изградбата на пешачката патека покрај археолошкиот локалитет на Вардарски рид.

- Покрај подобрувањето на инфраструктурната слика на општина Гевгелија, овие проекти придонесоа за унапредување на прекуграничната соработка, посебно со општините во Грција и Бугарија, а се разбира и за зајакнување на капацитетот на локалната самоуправа, истакна гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков.

Поцков нагласи дека со примената на европските стандарди и вредности, општина Гевгелија ќе настојува на проширување на оваа соработка.

- По преземањето на градоначалничката функција се заложив за обезбедување на оновните предуслови за остварување одржлив економски и еколошки развој на општина Гевгелија што значеше продолжување и финиширање на веќе започнатите проекти и обезбедување улови за нови проекти кои ќе го поттикнат локалниот економски развој. Во моментот од ИПА програмата ги реализираме проектите за уредување на излетиштето „Динќут“ и за регулација на дел од коритото на Сува Река за кои од ЕУ ни се доделени 686.000 евра, вели Поцков.

Покрај ова, во вториот проектен повик од ИПА општина Гевгелија аплицираше со два проекта од областа на туризмот и животната средина со општините Разлог и Банско од Бугарија. Доколку бидат одобрени, во областа на туризмот средствата ќе бидат потрошени за реновирање и опремување на училиштето во село Конско (објект кој е прогласен за споменик на културата), а во делот на заштитата на животната средина ќе се гради пречистителна станица во селото Моин.

Бројот на Австријци кои живеат во сиромаштија се зголеми за повеќе од 50 проценти

 Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 минатата година, соопшти Заводот за статистика на земјата.

Според бројките презентирани од Статистика Австрија, погодените луѓе не можеле да си дозволат многу секојдневни работи како кирија, греење или храна.

Децата и младите се релативно почесто погодени од сиромаштија отколку возрасните.

Во опасност од сиромаштија се 41 отсто од самохраните родители и 31 отсто од семејствата со најмалку три деца.

Според податоците, процентот на жители во ризик од сиромаштија би изнесувал дури 42 отсто без државна социјална помош.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

притисни ентер