„Катимерини“: Да тргнеме напред, најпосле

Договорот за решавање на спорот околу името на Македонија не е дипломатска победа за Грција, како што грчкиот премиер Алексис Ципрас се обиде да го прикаже во своето обраќање кон нацијата на 12 јуни.

Ниту, пак, тоа е дипломатска победа за Северна Македонија, како што колегата на Ципрас, Зоран Заев се обиде да го продаде.

Ова го пишува „Катимерини“ во коментар во врска со договорт за името, нагласувајќи дека спротивно на оние кои веруваат дека „целата дипломатија е продолжување на војната со други средства“, во меѓународните договори нема победи и порази. Она што постои е неопходен компромис за да може земјата да престане да живее во минатото и да се движи кон иднината, со многу предизвици и уште повеќе проблеми.

- Триумфалниот тон на двајцата премиери е разбирлив. Покрај очигледните политички придобивки што очекуваат да ги добијат, тие им се обраќаат на значителен дел од нивните популации кои пораснаа со симболи како што се копја и шлемови на македонските фаланги, со црно-бела перцепција на историја предавана на училиште. Овие луѓе ја доживуваат дипломатијата во согласност со воените кампањи раскажани во учебниците во кои (вистинскиот или имагинарен) непријател се согласи безусловно да се предаде - и покрај фактот што безусловното предавање беше прилично редок феномен, коментира весникот.

- Поедноставената историја која сите ја учевме, венчана со неопходни митови за да го заокружиме раскажувањето, е плодно тло на кое цвета националистичкиот популизам. Не е лесно да се искоренат националните митови со кои пораснавме, и поради оваа причина треба да имаме мали очекувања за референдумот во Северна Македонија. Треба да имаме предвид дека најмалку една генерација порасна со смешни теории промовирани од администрацијата на Груевски - т.е. дека Славомакедонците кои пристигнале во областа во 6 век п.н.е. биле директни потомци на Александар Велики, пишува „Катимерини“ додавајќи дека „овие луѓе веруваат дека откажувањето од историското наследство во полза на Грците ќе биде чин на капитулација и тие се подготвени да постават бесилки на нивните плоштади“.

Според весникот, постигнувањето привремен договор беше успех за двајцата премиери и тие треба да добијат пофалби за тоа. Сите преостанати прашања, празнини и сиви области во однос на конечниот договор, се нормални, и животот неизбежно ќе донесе уште повеќе. Прашањето е дали двата народи можат да ја видат големата слика зад пречките што вештачки ги преувеличија националисти кариеристи.

- Мудрите набљудувачи на двете страни треба да престанат да потресуваат. Да не фантазираме за победи, порази, триумфи и катастрофи. Договорот е само чекор напред кој долго се чекаше. Има уште многу што треба да се направи и тоа е она на кое мораме да се фокусираме за доброто на народот – она за што наводно се залагааат националистите од двете страни, пред се, заклучува „Катимерини“. /МИА

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер