Едмонд Адеми: Достоинствен договор што го потврдува идентитетот и ја гарантира иднината - Канал 5

Едмонд Адеми: Достоинствен договор што го потврдува идентитетот и ја гарантира иднината

Овие денови, сите ние, граѓаните на Република Македонија, во државата и во дијаспората, учествуваме и го испишуваме новото поглавје во нашата историја. 

Едмонд Адеми: Достоинствен договор што го потврдува идентитетот и ја гарантира иднината

Поглавје во кое со конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство го решаваме отвореното прашање меѓу Република Македонија и Република Грција, истовремено градиме пријателство и меѓусебна доверба меѓу двете држави и двата народа, кое никогаш не било поголемо.

Ова го истакна министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми за договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името.

- Ставаме крај на тридецениски спор и излегуваме од стегите на изолацијата. Сите ние храбро влегуваме во решавање на спор што земјата ја влечеше надолу. Кога се мислеше дека нема излез, ние се одваживме. Пред нас е договор во кој е исцртана достоинствена визија за нашата земја и тргнуваме напред. Договорот ги утврдува на пријателски начин интерпретациите на поимот Македонија, при што на достоинствен начин се заштитени достоинството, националниот, културниот и севкупниот идентитет на нашите граѓани, вели Адеми.

Македонците, како што рече, имаат право да се определуваат како Македонци без никакви ограничувања.

- Македонски јазик, македонски народ, Македонец, Македонка, заштитени и зајакнати. Потврден македонски идентитет признаен од сите наши соседи, од Република Грција и од меѓународната заедница. Засекогаш, нагласува Адеми.

Според него, во рацете на граѓаните е клучот за отворање европска перспектива за економски развој и подобар живот. Граѓаните на Македонија, како што рече, се тие што ќе го дадат последниот збор, доистоинствено и слободно на референдум.

Едмонд Адеми апелира граѓаните да не се плашат и да не се колебаат за нивната иднина и оти имаат можност сами да одлучат за договорот на референдум.

- Знаеме дека имаме добар, достоинствен договор што го потврдува идентитетот и ја гарантира нашата иднина, нагласи Адеми. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жител на Желино со Мерцедес удрил во полицаец, кој му сигнализирал да застане

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(53) од с. Стримница, Општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. 

Жител на Желино со Мерцедес удрил во полицаец, кој му сигнализирал да застане

На 24.07.2026 на ул. „Маршал Тито“ во Тетово, пријавениот додека управувал патничко возило „мерцедес“ не застанал по наредба на полициски службеник, при што истиот продолжил да се движи и со возилото удрил полициски службеник додека извршувал службени дејствија., соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алесандра Амброзио ги запали мрежите со снимка во минијатурно бикини (ФОТО)

Бразилската манекенка Алесандра Амброзио (45) ужива на одморот на Бали, а на Инстаграм сподели нови фотографии во бикини. 

Алесандра Амброзио ги запали мрежите со снимка во минијатурно бикини (ФОТО)

Поранешниот ангел на Викторија Сикрет позираше во оскуден костим за капење од брендот Fae, познат по моделите кои откриваат многу кожа, пишува Ало! .

Таа избра бикини Lumi & Jones Savanna со зебра шема и светло портокалови рабови. Фотографиите ги навела: „Улувату, со сол уште во мојата коса“.

Таа на фотографиите позира речиси без шминка, со пуштена коса, а портокалово саронг искомбинирала со бикини.

Се огласи и Викторија Сикрет

Нејзината објава го привлече вниманието на бројните следбеници, а меѓу коментарите се најде и еден од официјалниот профил на Викторија Сикрет. Нашето девојче“, напишаа тие. Одговорија и навивачите. „Блескаш“, ѝ рекол еден следбеник, додека друг искоментирал: „Мојот ангел“.

Амбросио престојува на Бали со нејзиниот вереник Бак Палмер, дизајнер на машки накит.

Според објавите на социјалните мрежи, изгледа дека на одмор им се придружиле и нејзините деца Ања и Ноа кои ги има со поранешниот партнер, претприемачот Џејми Мазура.

Тие се вратија на местото каде што ја запроси

Манекенката и нејзиниот вереник се вратија на Бали, каде Палмер ја запроси на 11 август оваа година. Тие потоа ја споделија радосната вест на Инстаграм со серија фотографии направени покрај океанот. Во едното, Алесандра позира во плетено бело и кафено бикини, додека Бак носи црни гаќички за капење.

На друга фотографија тие ги покажаа малите тетоважи со срце што и двајцата ги имаат на зглобовите. „Би те избрал во овој и во секој друг живот. Засекогаш, љубов моја“, напиша Амбросио покрај објавата со која ја потврди свршувачката.

По ангажманот во август, манекенката им се врати на деловните обврски. Таа во Лос Анџелес учествуваше на овогодинешното шоу на Викторија Сикрет, а сега повторно ужива на Бали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата.

Постои основано сомнение дека осомничената, раководителка на филијала на штедилница во Кавадарци, подолг временски период преземала дејствија на измами и злоупотреби на парични средства на штедачите. Таа реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани и не ги евидентирала прописно нивните депозити, прибавувајќи така противправна имотна корист.

Со цел обезбедување докази, врз основа на наредба обезбедена од Судот по барање на јавниот обвинител вчера беа извршени повеќе претреси и беше одземена документација и други предмети.

Откако дејствијата на осомничената биле откриени, штедилницата го прекинала нејзиниот работен однос.

Поради ризикот од бегство, јавниот обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска за осомничената да се јавува во судот.

Јавното обвинителство продолжува да презема дејствија за целосно испитување на настанот, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер