Димитров: Потпишувањето на договорот овие денови

Потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција ќе се случи овие денови, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Дочје веле, кое го пренесува МИА.

Тој интервјуто го даде по средбата во Берлин со неговиот германски колега Хајко Мас.

- Ќе следи овие денови, текстот треба да помине на Влада. Ќе видиме што се случува и во Атина и таму има политички турбуленции, дали ќе има нешто посебно во грчкиот Парламент или нема да има, може тоа да биде викендов, може тоа да биде веднаш и по викендот, рече Димитров, одговарајќи на прашањето колку е извесно договорот да биде потпишан викендов во Преспа на грчка територија.

На потпишувањето на договорот, како што рече, ќе има високи гости.

- Ќе има високи гости, бидејќи како што спомнав во моментов во светот нема можности за други големи успеси и убаво е на една ваква работа да се даде тежина. Наша задача како дипломатија е да нудиме решение и за најтешките прашања и во таа смисла и Фредерика Могерини тоа го искажа во нејзината изјава и го спомена ова прашање како пример дека дипломатијата сепак може да функционира, рече Димитров, одговарајќи на прашањето дали на потпишувањето ќе присустуваат високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и генералниот секетар на ОН, Антонио Гутереш.

Во врска со вчерашната средба со претседателот Ѓорге Иванов нагласи дека сите во Македонија треба да ги обединат силите околу еден основен постулат, без разлика на ставовите во однос на договорот со Грција.

- Сите сакаме Македонија да оди напред, сите сакаме нашиот идентитет да биде заштитен, афирмиран, промовиран. Мислам дека полесно ќе разговараме за разликите ако се најдеме на овој постулат. Македонија можеби имаше шанса да направи, да извлече подобро во изминативе години. Мислам дека не најдовме храброст да се решиме од оваа котва, што не влече надолу во пливањето, во ова пливање. И сега кога има влада што се реши серозно да влезе, што мисли каде ќе биде Македонија за десет, 20 години, без притоа да го наметнува решението. Наша задача како политичари, а политиката е уметност на можното, да гледаме реално на ситуацијата, да се соочиме директно во очи, да го гледаме проблемот, да најдеме решение и тоа решение да им го понудиме на граѓаните, нагласи тој.

Истакна дека ниту тој, ниту друг министер, ниту премиерот, ниту претседателот, па дури ниту Собранието не можат да го заменат референдумското изјаснување на граѓаните, бидејќи се работи за нивната иднина.

- Време е за лидерство, со тоа што мора шансата што ја создадовме да им овозможиме на граѓаните да се изјаснат. Ова никому ова не е лесно. И мислам дека храброста е токму во соочувањето со проблемите. Доколку има алтернативни опции други патишта кон иднината убаво би било и тие да ги слушнеме, нагласи шефот на дипломатијата.

Изрази задоволство од денешната средба со Мас и нагласи дека охрабрувачки ги примил неговите пораки.

Во врска со тоа дали добил конкретно ветување од Мас за некакви гаранции за датумот за преговори вели дека добил конкретни заложби што тој лично ќе прави.

Следниот вторник има мошне важна заедничка владина седница на Германија и Франција, на која ќе стане збор и за Македонија и за нејзините европски перспективи, информира министерот.

- Договоривме уште некои други кoнкретни работи што ние може да направиме, што тие може да направат, меѓутоа клучно и Германија и Франција се основните столбови на ЕУ, а сето тоа на некој начин создава дополнителна одговорност. Одговорност кога има шанса за прогрес, таа шанса да се зграпчи и да се искористи. И во таа смисла мислам дека во тој контекс ќе се најде разбирање меѓу овие две држави и сите други да ја искористиме шансата што сами си ја создадовме, нагласи Димитров.

Во врска со укажувањето на Мас дека не е неопходно Македонија и Албанија да одат во пакет кога се работи за датумот за почеток на преговори Димитров вели дека Македонија има инстерес сите нејзини соседи да одат напред.

- Колку попрогресивна Албанија имаме, и Србија и другите држави толку полесно и ќе не биде и нам да одиме напред. Истовремено факт е дека Македонија беше премногу долго заклучена во чекалната, го најдовме клучот, граѓаните ќе изберат дали тој клуч ќе се употреби да се отвори вратата. Би било стратешки погрешно па дури и трагично после таа врата да има уште некоја врата, која што нема врска со нас. Процесот на пристапување функционира само тогаш кога е базиран на перформанси. Ако ние успеваме и одиме напред мора да не пресретнат со позитивни одлуки, за да имаме мотив, истакна македонскиот министер за надворешни работи во интервју за Дојче веле. /МИА

Собранието на Косово ќе разгледува нацрт-резолуција за извештајот на Стејт департментот

Собранието на Косово денеска на предлог на опозицијата ќе ја разгледа нацрт-резолуцијата што се однесува на наодите од извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата во Косово.

Опозицијата и власта имаат различни оценки за тој извештај, а пратениците од владејачката Самоопределување веќе најавија дека нема да гласаат за предложената резолуција.

На дневен ред на денешната седница што треба да започне во 11:00 часот има 22 точки на дневен ред.

Како што претходно оцени Косовскиот демократски институт, парламентот се соочува со хроничен недостаток на кворум, поради што одредени точки не се усвојуваат со месеци, јави Бета. /МИА

Велики Четврток: Рано наутро пред изгрејсонце се бојадисуваат првите велигденски јајца

Денеска е велики четврток, и со него почнуваат велигденските прзаници. На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, се бојадисуваат првите велигденски јајца.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христовите ученици и нивните наследници. Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет. Утринава канал 5 беше во домот на Лиле Цветковска.

Стапи во сила Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд

Благодарение на овој договор, се очекува трговијата меѓу ЕУ и Нов Зеланд во рок од една деценија да порасне за 30 отсто.

Индустријата и земјоделците од Европската Унија добиваат мноштвото нови извозни можности со стапувањето во сила на Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд, кој се очекува да ги намали годишните извозни давачки на европските компании за околу 140 милиони евра, соопшти Европската комисија.

- Благодарение на овој договор, се очекува трговијата меѓу ЕУ и Нов Зеланд во рок од една деценија да порасне за 30 отсто, при што извозот од Унијата потенцијално би се зголемил на 4,5 милијарди евра годишно. Инвестициите на ЕУ во Нов Зеланд имаат потенцијал да се зголемат и за 80 проценти. Овој историски договор, исто така, вклучува обврски без преседан за одржливост, вклучително и почитување на Парискиот договор за климата и основните работнички права, се додава во соопштението.

Со Договорот се укинуваат царините за клучните извозни земјоделско-прехранбени стоки од ЕУ, вклучително и свинското месо, виното, шампањското, чоколадата и кондиторските производи. Дополнително, со спогодбата се гарантира заштита на близу 2.000 вина и жестоки пијалаци од ЕУ, како и на 163 од европски производи со гарантирано географско потекло, како Фета сирењето, истарската пршута или чоколадните бонбони со марципан од Либек.

Од друга страна се обезбедени царински квоти за увоз на говедско и овчо месо и млечни производи во ЕУ.

Договорот предвидува и полесен пристап на компании од ЕУ до договори за новозеландски државни набавки на стоки, услуги и концесии, како посебна помош за извозот на малите бизниси.

Преговорите за Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд започнаа во јуни 2018 година. Договорот беше потпишан на 9 јули минатата година, по што тој беше одобрен од страна на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ, на 22, односно 27 ноември. Од друга страна, постапката за ратификација на Договорот во Нов Зеланд заврши на 25 март годинава. /МИА

притисни ентер