Судски совет: Од утре ќе работиме на проверка на наводите за рачно делење на судските предмети

Месец и половина откако Судскиот Совет формираше комисија за разгледување на извештајот на АКМИС Системите, ќе излезе со првична оценка.

Што разгледале и забележале трите членови од Комисијата, претседателот на Судскиот Совет Зоран Караџоски не сакаше да открие многу.

На седница ќе разгледаат што да споделат со јавноста. Не сакаше да открива многу детали.

„Од целото работење од минатиотите години, претпоставувам дека е така, могу голема фама се крена за тие незаведени 860 предмети. Тука апсолутно нема таква бројка на предмети, знам дека се побарани како конкретна бројка на предмети, кои се и од која пригода се тие предмети“, изјави претседателот на Судскиот Совет, Зоран Караџоски.

Новинарите, оневозможени да споредат дали постоеле 860 предмети во Кривичниот суд, кои не биле доделени на судија, зашто министерството за правда не го дава извештајот. Заменикот – министер Оливер Ристовски, образложи извештајот од АКМИС Системите да го побараме од министерот Билјен Саљији, зашто тој го водел проектот. Саљији, пак, вели дека функцијата му е техничка, ингеренциите се кај заменикот Ристовски.

Затоа министерот за правда Билјен Саљији, кој сега е во оставка, лани во декември меѓу другото обелодени непочитување на годишниот распоред на судовите, неприменување на АКМИС Системот, а судиите не се бирале по случаен избор, однапред се знаело кај кој судија ќе се падне одреден предмет.

Сега, овие забелешки за работата на судовите го разгледува Судскиот совет, а извештајот е и во Обвинителството.

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Генералното собрание на Обединети нации денеска со големо мнозинство гласаше за резолуција за подобрување на статусот на Палестинците во ОН, вклучително и полноправно членство на Палестина во светската организација.

Резолуцијата е усвоена со 143 гласови „за“, девет „против“ помеѓу кои САД и Израел. Додека 25 земји беа воздржани. Тоа не им дава на Палестинците полноправно членство во ОН, туку едноставно ги признава како квалификувани да се приклучат.

Резолуцијата на Генералното собрание „утврдува дека Државата Палестина … треба да биде примена за членство“ и „препорачува Советот за безбедност да го преиспита прашањето позитивно“.

Апликацијата за да стане полноправна членка на ОН прво треба да биде одобрена од 15-члениот Совет за безбедност, а потоа и од Генералното собрание. Ако мерката повторно биде изгласана од Советот, најверојатно САД повторно ќе стават вето.

Со денеска изгласаната резолуцијата Палестинците добиваат некои дополнителни права и привилегии од септември 2024 година – како место меѓу членките на ОН во собраниската сала, но нема да имаат право на глас./МИА

Руската Дума го изгласа Мишустин за прмеиер

Државната дума на Русија на пленарна средба усвои предлог за резолуција за именување на Михаил Мишустин за премиер.

За тој предлог гласаа 375 пратеници, 57 беа воздржани, а ниту еден од пратениците не гласаше против.

Новиот премиер треба да поднесе предлози за структурата на федералните извршни тела до претседателот на Русија најдоцна една недела по неговото именување./МИА

Борел: Шпанија, Ирска и Словенија со план симболично да ја признаат Палестинската држава

Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат палестинската држава на 21 мај, изјави денеска шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.

„Колку што знам да, бидејќи така ми кажа министерот (Хозе Мануел) Албарес“, рече тој мислејќи на министерот за надворешни работи на Шпанија.

Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.

„Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа“, додаде Борел./МИА

притисни ентер