ВМРО-ДПМНЕ: Не треба да се чудиме зошто е изготвен „нон пејпр“ од влијателни земји во ЕУ

За жал се потврдија повеќемесечните стравувања како и наши укажувања во однос на евроинтеграциите на Македонија, дека земјата ризикува да не добие датум почеток на преговори. 

Не само заради спорот со името туку и заради катастрофалното ниско ниво на реформи. Укажувавме дека реформи нема во клучните области, како владеење на правото, борба против организиран криминал и корупција, реформи во администрацијата, економски реформи како и реформи во клучните области како здравство, труд и социјала, образование и екологија. Тоа јасно беше посочено во извештајот на Европската Комисија за Македонија, кој иако беше позитивен, имаше јасна критика во делот на реформи. И пред објавување на извештајот, а и откако се објави извештајот, јасно укажувавме дека реформи нема, а дека причината поради која Македонија доби позитивен извештај се исклучиво политичките критериуми. Тие се доволни за Комисијата да препорача почеток на преговори, но се недоволни земјите членки да прифатат почеток на преговори затоа што бараат реални реформи, бараат граѓаните на Македонија да живеат според европските, а не според африкански стандарди и јасно кажаа дека неподготвени земји веќе нема да се примаат во Европската Унија.

Затоа не треба да не чуди што влијателни земји како Франција, Холандија, Данска составуваат „нон пејпр“ во кој се спротивставуваат на давањето датум за почеток на преговори на Македонија во Јуни. Овие земји се пријатели, а не непријатели на Македонија. Тие само го констатираат она што Европската Комисија претходно го напиша, а владата не сакаше да го прочита, нешто за што и не ни треба извештај од Европската Унија за да го видиме. Граѓаните тоа секојдневно го чувствуваат. Знаат добро граѓаните на Македонија дека реформи нема, дека напредок нема, дека економија тоне, криминал и рекет има на секој ќош, корупцијата цвета и има неформален брак помеѓу власта и нереформиораното судство каде власта на Заев ги пишува, а судот ги објавува политичките пресуди. Знаат граѓаните и за министрите кои работат од 10 до 2 и директорите од 12 до 2, а остатокот од времето го трошат или по кафеани или во подготовка на криминални зделки.

Затоа не треба да не чуди што Европската комисија напиша, а земјите членки во својот „нон пејпер“ потврдија каква катастрофална политика води Владата на Заев, таму пишува “За Македонија, и покрај вистинските промени во општата атмосфера во земјата, извештајот не покажува јасен суштински напредок во спроведувањето на Итните реформски приоритети. Имплементацијата на новите судски реформи е “тукушто започната“ и треба долгорочен напредок и континуирана промена во однесувањето. Неопходни се повеќе напори за да се обезбеди регрутација врз основа на заслуги и деполитицизација на јавната администрација. Борбата против корупцијата и организираниот криминал се уште не даде задоволувачки резултати и покрај поставената правна и институционалната рамка, корупцијата преовладува во многу области и продолжува да биде сериозен проблем, додека пак капацитетот на институциите за ефективно да се справат со корупцијата има покажано структурни и оперативни недостатоци, меѓу кои што е и политичкото мешање”.

Ова не го кажувам јас или ВМРО ДПМНЕ, туку Европската Комисија и затоа не треба да не чуди што во документот изработен од неколку земји членки на Европската Унија стои дека во однос на датум за почеток на преговори би се навратиле само и кога итните реформски приоритети ќе бидат исполнети.

Значи Заев може да ги распродава националните интереси колку сака, може да прифати и најсрамен и најпонижувачки договор во однос на спорот кој што го имаме со Грција, но тоа нема да му ја покрие неработата и корупцијата затоа што таа се гледа и Македонија нема да добие датум за почеток на преговори со Европската Унија. Заев може да ја нареди во судот па да добие ослободителна и сите да ги убедува дека тоа што го слушнале и виделе не е така, но неможе во истото да ги убеди Франција, Холандија и Данска како и другите земји членки на Европската Унија.

Јас со месеци зборував дека постои договор помеѓу врвни функционери во Македонија и Албанија како би се закочил реформскиот процес во Македонија и двете земји би се ставиле во една група. Тоа и се случи. Значи не било она што го кажував јас научна фантастика туку било вистина за жал! Македонија која беше далеку пред Албанија сега е во иста група и за двете земји нема почеток на преговори со Европската Унија, затоа што во двете земји цвета криминал и корупција, нема реформи, економијата оди надолу и се уништува здравството, социјалата и образованието.

Повикувам веднаш Владата да преземе одговорност и клучните луѓе во овие области Министрите за надворешни Димитров, евроинтеграции Османи, Внатрешни работи Спасовски, Финансии Тевдовски, Економија Бектеши, здравство Филипче и Труд и социјала Царовска да поднесат оставки!

НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции

Северноатлантскиот совет (НАК) денеска изрази солидарност со Германија по злонамерната кибер кампања против Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и со Чешка, која се соочува со злонамерни кибер активности против нејзините институции.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението на НАК се наведува дека одговорноста за овие злонамерни кибер активности, Германија и Чешка му ја припишаа на актерот АПТ28, кој е спонзориран од Русија, а пред се од руската воена разузнавачка служба - Главната дирекција на Генералштабот на руските Вооружени сили (ГРУ).

НАК додава дека со загриженост забележува дека истиот актер упатува закани насочени и кон други национални владини ентитети, оператори со критична инфраструктура и други ентитети низ Алијансата, вклучително и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска.

- Силно ги осудуваме злонамерните кибер активности насочени кон поткопување на нашите демократски институции, националната безбедност и слободното општество. Злонамерните кибер активности насочени против Германија и Чешка потврдуваат дека кибер просторот е под ризик во секое време. Актерите на кибер заканата упорно се обидуваат да ја дестабилизираат Алијансата, се наведува во соопштението на Северноатлантскиот совет.

Во реакцијата натаму се посочува дека НАТО останува посветени на спротивставување на суштинската, континуираната и зголемена кибер закана, вклучително и кон демократските системи и критична инфраструктура на неговите членки.

- Ние сме решени да ги искористиме потребните потенцијали со цел да го одвратиме, да се одбраниме и да се спротивставиме на целиот спектар на кибер закани со меѓусебна поддршка, вклучително и со разгледување на координирани одговори. Промовираме слободен, отворен, мирен и безбеден кибер простор. Ги повикуваме сите земји, вклучително и Русија, да ги почитуваат своите меѓународни обврски и меѓународното право и да дејствуваат во рамката на одговорно однесување на една држава во кибер просторот, како што е потврдено од сите членки на Обединетите нации, се додава во соопштението на НАК.

Студениот бран не предизвика штети во земјоделието, дождот добредојден за пролетната сеидба

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика оштетувања во земјоделството. 

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика сериозни оштетувања во земјоделството иако падот од 10 до 15 степени предизвика негативни состојби кај растенијата. Падот на температурите сепак не беше драстичен и под нулата заради тоа што беше проследен со доста облачнсот и не предизвика мрзнење туку можни се само мали проредување кај одредени овошни видови. Спроед агро метролозите земјоделците полека се навикнуваат на климатските промени и сите негативни последици.

Засега врнежиет кои ги имаме како последица на овој бран се исклучително добре дојдени. Со овие врнежи кои дојдоа по сушниот период се создадоа идеални услови за пролетната сеидба а се во последен момент и за есенските посеви за да имаат добар принос.

Можноста за појава на доцни пролетни мразеви полека одминува речиси за сите земјдоелски региони според податоците за апсолутна појава на доцни пролетни мразеви.

Под мотото „Будење“, во Србија се одбележува годишнината од страшниот масакр

Под мотото „Будење“, Србија денеска одбележува една година од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Во 08:41 часот утринава медиумите во Србија ги прекинаа телевизиските и радио програмите. Тоа е времето кога точно пред една година Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му, почна да ги убива соучениците, а уби девет ученици и училишниот чувар во училиштето.

Пред училиштето дојдоа родителите на убиените деца, а се собраа и голем број граѓани, пријатели, роднини на жртвите, за да им оддадат почит. Глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

На самиот влез во училиштето беше поставена просторно-уметничка инсталација „превез на плачот“ на која беа испишани имињата на сите жртви од училиштето Рибникар. Граѓаните се повикуваат да дојдат на целодневниот форум во Ташмајданскиот парк и да разговараат со членовите на тимот за воспоставување меморијален центар за жртвите на ова масовно убиство.

По палењето на свеќите, граѓаните ќе можат да го посетат т.н „простор на тишината“, како што организаторите го нарекоа просторот на улиците околу ОУ „Владислав Рибникар“.

Во петок, во 20:30 часот на РТС 1 ќе биде пуштен документарниот филм „Болка“, во чест на убиените ученици.

Против родителите на малолетниот Кецмановиќ, Владимир и Миљана Кецмановиќ поведени се кривични и пет граѓански постапки. Убиецот нема да одговара бидејќи немал 14 години кога ги извршил убиствата. Тој е на лекување во психијатриска болница.

притисни ентер