Ѓорѓиевски и Петровски во „Само вистина“: Дијаспората во Австралија е против промена на уставното име

Во вечерашната „Само вистина“ ни гостуваа претставниците на Македонската дијаспора од Австралија.

Во вечерашната „Само вистина“ ни гостуваа претставниците на Македонската дијаспора од Австралија, Мелбурн Стефан Ѓорѓиевски Поешевски маркетинг менаџер во два весника и почесен член на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“ и Аце Петровски претседател и доживотен член на КУД ,,Никола Карев“ од Мелбурн. 

И двајцата во „Само Вистина“ говореа за она што и е потребно на дијаспората во Австралија за полесна комуникација  со матичната земја, но и за тоа зошто дијаспората покажа многу мал одѕив на изборите во 2011 и 2014-та година а се потрошија околу 3 милиони евра. Стефан Ѓорѓиевски Поешевски и Аце Петровски информираа дека Македонците во Австралија не биле задоволни од предлозите за пратеник, кога би бил тој предлог на наш избор а не да ни го бира СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ тогаш ние би гласале повеќе, велат.

И двајцата порачаа дека дијаспората е против менување на уставното име, реагираат што министерот за дијаспора Адеми не отишол да ги посети и очекуваат дека со Законот за дијаспора и со Стратегијата за дијаспора 2018-2023 година дека ќе им биде полесно да ги артикулираат нивните потреби и барања. Рекоа дека околу стотина Македонци од Австралија сакаат да инвестираат во Македонија и дека треба отвореност на владата и институциите за да ги привлече.

Повеќе гледајте во видеото на „Само Вистина“

Паника во авион, во рачен багаж патник носел 20 змии

Анонимен патник предизвика паника во авион кој летал на линија од Германија до Русија. Во неговиот рачен багаж се откриени 20 змии.

Патникот при на екипажот на авионот му изјавил дека змиите ги купил на пазар во Германија.

-Змиите биле спакувани во канистри во неговата торба: Немаше документи за змиите. Од која врста се змиите ќе одредат стручњаци, но неофицијално станува збор за не отровни змии, е наведено во соопштението од прес центарот на интернационалниот аеродром Шереметјево.

Змиите сега се во карантин во Москва, поради тоа што на патникот немал соодветни документи за истите, вклучувајќи и одобрение од ветеринар за пренесување на змиите од Диселдорф во Русија.

Според извештајот, германските аеродромски власти  во Диселдорф истакнале дека немале никаков инцидент при безбедносната проверка и воедно истакнуваат дека внесувањето на змии во авион не е нелегално, но дека е потребно соодветно одобрение за тоа.

Ексклузивно интервју на Мицкоски за Канал 5

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  во ексклузивно интервју за Канал 5 вели  дека нема раскол во најголемата опозициска партија.

Мицкоски говори и за актуелните прашања во однос на референдумот и договорот со Грција.

Со лидерот на најголемата опозициска партија разговараше Мирјана Трпческа. 

Сите душегрижници кои мислат дека во ВМРО-ДПМНЕ  има раскол или недоразбирања од голем размер, се лажат.ВМРО-ДПМНЕ е единствено, вели Мицкоски.

Во видеото погледнете го целото интервју.

Порошенко ја тужи ББЦ за клевета поради напис за средба со Трамп

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја тужи британската телевизиска мрежа ББЦ за клевета поради написот во кој се тврди дека Киев платил за средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во написот објавен во мај, ББЦ наведува дека поранешниот адвокат на Трамп – Мајкл Коен добил меѓу 400.000 и 600.000 од украинскиот претседател за да ја организира првата средба меѓу Порошенко и Трамп во Белата куќа во јуни 2017 година.

Според тој напис, кој се повикува на неименувани украински извори, цел на состанокот било зголемување на влијанието на Киев во Вашингтон, на тој начин што состанокот не би изгледал како куса средба, туку како „вистински разговор“.

Порошенко во тужбата наведува дека текстот е исклучително штетен, не само за неговата функција претседател на држава, туку и за неговата репутација како политичар и претприемач.

Тој бара од британската телевизија да ги демантира тврдењата и да исплати отштета за клевета.

притисни ентер