ВМРО-ДПМНЕ: Македонија на чело со СДСМ е пред економски колапс

Република Македонија на чело со СДСМ е пред економски колапс.

Граѓаните живеат се потешко, а СДСМ им порачува на сиромашните дека повисоките акцизи секако немале да ги погодат бидејќи тие и онака не возеле.

Економијата стагнира, правната држава е деградирана, институциите се злоупотребуваат.

Стопанството е во слободен пад. Моторот на македонската економија, градежништвото ги преживува најтешките денови.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – март 2018 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 775 469 илјади денари, што е за 61.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 281 136 илјади денари, што е за 12.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во време кога цела Европа и регионот бележат стапки на раст, само Република Македонија тапка во место.

На државата и се случува катастрофа во режија на економското цунами, Заев - Тевдовски - Анѓушев.

Стандардот на граѓаните е се полош, а платите на граѓаните се далеку од ветените 500 евра.

Ова што и се прави на Република Македонија е економски геноцид.

Македонскиот граѓанин како и целата економија се во постојан грч и неизвесност.

Република Македонија со вакви политики оди во непосакуван правец.

Единствена цел на картелот предводен од СДСМ е да да ја одржи ситуацијата на заробена и неперспективна држава со нефункционални институции.

ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите обесправени, сите оние разочарани и излажани од Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, на голем антивладин собир на 02 јуни во 20 часот пред зградата на Владата на Република Македонија.

Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

Блинкен го повика Хамас да се согласи за примирје за да им помогне на луѓето во Газа

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

Највисокиот американски дипломат Антони Блинкен го повика Хамас да го прифати планот за примирје во Газа и покрај израелското предупредување дека армијата ќе продолжи да се бори против палестинската милитантна група по каков било прекин на огнот.

Посредниците предложија договор за примирје со кој би се запреле борбите на 40 дена и би се размениле заложници.

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

„Хамас треба да каже „да“ и треба да го заврши тоа“, рече Блинкен синоќа додека беше во Израел на својата седма турнеја на Блискиот исток од почетокот на конфликтот во октомври.

Тој подоцна додаде: „Ако Хамас всушност тврди дека се грижи за палестинскиот народ и сака да види итно олеснување на неговото страдање, треба да го прифати тој договор“. /МИА

притисни ентер