ТИ бара отфрлање на планот за реорганизација на „Фени Индустри“

 Транспаренси Интернешнел Македонија продолжува со мониторингот на постапката за стечај во Фени индустри АД Кавадарци. 

И ги повикува сите институции во државата вклучително Судскиот совет, Финансиската полиција, Јавното обвинителство да преземат мерки во рамки на своите надлежности за да ги испитаат сите незаконитости во постапката.

Директорката на Транспаренси Интернешнел Македонија Слаѓана Тасева на денешната прес-конференција рече дека станува збор за проблем што е многу поголем од Скопје 2014 и по обем и пари и по штета за Република Македонија.

- Затоа укажуваме денеска да се обрне внимание, затоа што утре ќе биде доцна, рече Тасева.

Тасева го повика стечајниот судија Валентина Ѓеоргиевска да постапи според Законот за стечај и да го отфрли планот за реорганизација на стечајниот должник Фени индустри АД Кавадарци како ненавремен укажувајќи на суштински повреди.

- Транспаренси Интернешнл Македонија смета дека стечајниот судија морал да донесе решение за отфрлање на планот како ненавремен и постапката да ја продолжи согласно законот, рече Тасева.

На новинарско прашање зошто застапува интереси на компанија која претходно е прогласена за коруптивна, Тасева одговори дека тие само постапуваат по претставка и тоа не значи дека застапуваат било чии интереси.

- Ние работиме само објективно и врз основа на факти и дали таа претставка ќе покаже едно или друго се уште не знаеме, затоа што во тек е проверката, рече Тасева.

Посочи дека Транспаренси Интернешнел Македонија го гледа интересот на Република Македонија и тоа е дека некој денеска прави криминал со оваа стечајна постапка.

- Очекувам, ако вака остане состојбата, дека Фени нема да трае подолго од септември или декември оваа година. Тие вработени ќе останат на улица. Овој гигант ќе биде прогласен за нерентабилен и Република Македонија ќе го изгуби Фени, рече Тасева.

Прашана за посочувањата од вицепремиерот Кочо Анѓушев повеќе да работат на тоа како дошло до оваа стечајна постапка, Тасева рече дека постапувањето на тоа што било претходно е работа на институциите што ги контролираат оние кои денеска се на власт.

- Нека работат институциите да видат што било вчера. Нашата работа е да ја следиме работата на оваа влада. Тоа никогаш не и се допаѓало на ниту една влада, ама тоа е нашата работа и ќе продолжиме да го правиме. Наше е и денеска да не се краде, рече Тасева.

Посочи дека сите овие документи ќе ги достават до институциите. /МИА.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

Слета првиот авион со кинеска делегација во Белград, со Си ќе пристигнат 400 претставници

Членови на кинеската делегација, министри и претставници на институции пристигнаа во Белград во рамки на дводневната посета на Србија, која денеска ќе ја започне кинескиот претседател Си Џинпинг.

Вицепремиерот и министер за финансии на Србија, Синиша Мали заедно со министерот за трговија Томислав Момировиќ ги чекаа првите гости од Кина и ги пречекаа на аеродромот.

Претседателот Си вечерва ќе го посети Белград, а ќе ја предводи 400-члената кинеска делегација во Србија, објави Курир.

притисни ентер