Спасовски: Тековната година неповторлива шанса за европерспективите на државите од Западен Балкан

Регионот на Западен Балкан оваа година има неповторлива шанса во однос на својата европска перспектива, а Берлинскиот процес има голем удел во реализирање на таа цел, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Струга.

Каде имаше обраќање на Подготвителниот состанок за усогласување на Меморандум за разбирање за размена на информации на земјите од Западен Балкан што во рамки на Берлинскиот процес же биде потпишан на Самитот во Лондон.

- Градењето модерни европски демократии пред се е во интерес на нашите граѓани, во интерес на нашите земји и од интерес на ЕУ. Стабилна, економски просперитетна и успешна Република Македонија подразбира стабилен и просперитетен регион. Република Македонија од пред речиси точно една година има ново лице, како држава на можности , а не на кризи, Македонија интегрирана во Европската унија и во НАТО преку исполнување на сите критериуми кои што се очекуваат од нас, рече Спасовски.

Целта на овогодинешниот Самит во Лондон за разлика од претходните во Берлин, Париз, Виена и Трст - меѓу другото - е зајакнување на регионалната безбедносна соработка во насока на справување со заедничките закани, меѓу кои и корупцијата, сериозниот и организиран криминал, трговијата со луѓе, дрога, оружје, борбата против тероризмот и насилниот екстремизам.

- Процесот на интеграција во ЕУ не е цел, туку механизам за да не направи нас - земјите од Западен Балкан - поподготвени да можеме да станеме дел од Европското семејство на нации. Со други зборови, рамката е дадена и зацртана. Перспективата е јасна. Треба да се завршат домашните задачи, нагласи Спасовски.

Амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет ја потенцираше важноста од одржувањето на овој состанок во Струга, во најголем дел за самите граѓани од регионот, како најзасегнати од ефектите од криминалните активности и корупцијата.

- Токму криминалот и корупцијата ја поткопуваат безбедноста на граѓаните од нашите држави, а безбедноста е една од трите главни теми за кои ќе се дискутира на претстојниот самит, кој ќе се одржи на 9 и 10 јули во Лондон. На тој самит ќе се посвети внимание на начините на кои би можеле да ја зацврстиме нашата соработка и секако се радуваме на присуството на министерот Спасовски на тој настан, рече Гарет.

Крводарителска акција во Уставниот суд по повод 60 години од своето постоење

Под мотото „Биди хуман - спаси живот” Уставниот суд организира крводарителска акција што ќе се одржи на 30 април, во периодот од 9 до 14 часот, во просториите на Судот. 

-Акцијата за дарување на крв се реализира во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, на иницијатива на Уставниот суд, по повод 60 години од своето постоење. Организирањето на оваа хумана активност е иницијатива на вработените од Судот и досега се пријавени околу 30 дарители од Уставниот суд, соопштија од Судот.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд, како што е наведено во соопштението, изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето на крв и мотивирање на поголем број на луѓе за доброволно дарување.

Во Велика Британија се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом

Во Велика Британија се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите.

Првата персонализирана mRNK вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите, се тестира врз пациенти во Велика Британија.

Таа вакцина функционира така што го поттикнува телото да ги бара и уништува клетките на ракот за да спречи враќање на смртоносната болест, а може да се прилагоди на секој човек за само неколку недели, пишува „Индипендент“.

Според весникот, втората фаза од испитувањето на вакцината, во чие производство учествувале фармацевтските гиганти „Модерна“ и „МСД“, покажала значително намалување на ризикот од повторување на ракот кај пациентите со меланом.

Сега е покрената финалната фаза на трите испитувања, кои ги предводи Универзитетската колеџ болница во Лондон (UCLH).

Д-р Хедер Шо, координатор на испитувањето, рече дека вакцината има потенцијал да излечи луѓе со меланом и дека се тестира за други видови на рак.

Новата вакцина има за цел да го поттикне имунолошкиот систем да се бори со специфичен тип на рак.

МАСИТ: Компаниите од ИКТ секторот треба да имаат стратегии и механизми за заштита

Компаниите од ИКТ секторот треба да имаат стратегии и механизми за заштита на интелектуалните права.

Поради брзото напредување на технологијата и глобализацијата, заштитата на правата од индустриска сопственост станува сè повеќе предизвикувачка. Затоа, компаниите во ИКТ секторот треба да имаат стратегии и механизми за заштита на своите интелектуални права, вклучувајќи ги патентите, заштитните знаци, авторските права и други форми на заштита, порачува Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) по повод 26 април, Светскиот ден на заштита на правата од индустриска сопственост.

МАСИТ потсетува дека индустриската сопственост вклучува различни аспекти како патенти, заштитни знаци, авторски права и заштита на индустриски дизајни. Овие права, нагласува, им овозможуваат на иноваторите и креаторите да заштитат своите идеи, иновации и креативни дела од нелегална употреба и присвојување.

Според Комората, заштитата на интелектуалните права им нуди на компаниите многу предности, вклучувајќи конкурентска предност, вредност на брендот, можност за заработка, поттикнување на иновации и сигурност на инвестициите. На овој начин, не само што директно се заштитуваат компаниите, туку и се поддржуваат иновацијата и креативноста во ИКТ секторот, што придонесува за позитивни ефекти врз целиот еко-систем.

-Светскиот ден на првата од индустриска сопственост на глобално ниво се одбележува секоја година на 26 април. Македонските ИКТ компаниите јасно ја гледаат користа и големото значење токму во овој сектор, каде иновацијата и креативноста се клуч за успехот. Со поддршка од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ, активно ги спроведуваме проектните активности во рамки на проектот за „Подигнување на свеста за потребата од заштита на правата од индустриска сопственост и воспоставување на иницијална правна помош во комората“. Во рамки на проектот, компаниите имаа прилика да се запознаат со суштинското значење и придобивките од спроведување на заштита на индустриската сопственост, при што краен исход е новата услуга во Комората кон компаниите членки на МАСИТ за постојана правна помош за заштита на интелектуалната и индустриската сопственост, информира Комората.

Со цел соодветна едукација на своите членови, на ова претходеле неколку едукативни работилници со македонски и регионални експерти во областа.

-Оваа иницијатива им овозможи на компаниите да се запознаат со значењето и придобивките од заштита на правата од индустриска сопственост, при што беа презентирани успешни искуства и добри практики. Во рамки на проектот, пет компании веќе поминаа низ процесот со поддршка на МАСИТ и Швајцарската Програма ИМЕ. На една од едукативните работилници присуствуваа и претставници на Formula Student Macedonia - македонските студенти кои конструираат F1 болид за меѓународниот натпревар на конструктори, со цел соодветно да се информираат, истакнува МАСИТ.

притисни ентер