Груевски имал 91 советник и соработници кои годишно чинеле 1,73 милиони евра

 Поранешниот претседател на Владата на Република Македонија Никола Грувески имал 91 советник и надворешни соработници за кои годишно биле издвојувани 1,73 милиони евра, објави денеска владината прес-служба.

- Владата на Република Македонија ги следи принципите на отвореност, транспарентност и отчетност во својата работа и во таа насока информира дека сите советници на премиерот Зоран Заев се јавно објавени на официјална веб страницата, а прашањата од медиумите поврзани со нивниот број и дневни работни активности се одговараат на дневна основа. Со цел јавноста да може да направи споредба со работењето на претходната Влада, ви ги презентираме трошоците за плати на сите 91 советник и надворешни соработници на поранешниот Претседател на Владата на Никола Груевски кои изнесувале 1,73 милиони евра годишно, се вели во соопштението од прес службата на Влада.

Потенцираат дека сумата за плати која била потрошена во тој период е тројно поголема од вкупната сума која оваа Влада ја издвојува за сите советници, посебни советници и надворешни соработници на премиерот

Поради обемот на архивирана документација и нестандардното архивирање, се вели во соопштението, се уште не се обработени податоците за периодот 2006 – 2010 година за ангажирани лица како советници и соработници на поранешниот премиер Никола Груевски.

- Податоците како и имињата на лица ангажирани во Владата на Република Македонија како советници и надворешни соработници на поранешниот претседател на Владата на Никола Груевски се обработени за период од 2010 до 2016 година. Само за една година Владата на Никола Груевски за надворешни соработници и советници има потрошено 71,6 милиони денари пари на граѓаните на Република Македонија, меѓу кои биле ангажирани и надворешни соработници со плата од 7.000 евра месечно, се наведува во соопштението.

Дополнително, информираат од владината прес служба, недостасуваат податоци од авторски агенции преку кои биле ангажирани надворешни соработници, што значи дека оваа бројка од 91 советник и надворешни соработници не е финална.

- Покрај индивидуалните договори за советување поранешниот премиер Никола Груевски има договори за консултантски услуги од меѓународни агенции за застапување, правни консултации, градење на бренд, за менаџирање на углед и слично во 2015 и 2016 година. Се работи за четири договори со вкупна вредност од: 569.000 евра или 34,99 милиони денари, информираат од Владата.

Доколку се земат предвид двете суми на годишно ниво, се вели во соопштението, финалниот износ кој Владата на Никола Груевски ја има потрошено за советници и соработници на премиерот изнесува: 106,64 милиони денари или 1,73 милиони евра пари на граѓаните на Република Македонија.

Во продолжение се примањата на некои од советниците и надворешните соработници кои посебно се издвојуваат:

Марјан Хрибар

Месечно 2500 Евра

Јехоша Шуки Глајтман

надворешен соработник надоместок Годишно 26.000 американски долари. Покрај надоместоците, на надворешниот соработник му се обезбедуваат патни трошоци, трошоци за исхрана и хотелско сместување за време на неговиот престој во РМ

Александар Никовски

Месечно 3000 Евра

Роберт Валтер

Месечно 7000 Евра

Христијан Мицкоски

ангажиран со надомест со коефициент 1.8. на Никола Груевски. го менува договорот со наредниот премиер Емил Димитриев во надворешен соработник за енергетика (нема сума на договорот)

Колин Џефери

Месечно 4000 Евра

Џорџ Р. Пери

Месечно 5000 американски долари

Во продолжение е целата листа на советници:

1. Азир Алиу

2. Александар Ѓорѓиев

3. Александар Митов

4. Александар Никовски

5. Ана Блажеска

6. Антонио Пеков

7. Бојан Петровски

8. Бранислав Саркањац

9. Вања Христовска

10. Василка Габер

11. Вера Димитриева

12. Весела Костовска

13. Виктор Михајловски

14. Виктор Новаковски

15. Виолета Марковска

16. Владо Поповски

17. Влатко Илиевски

18. Горан Лазов

19. Горан Мојсовски

20. Горан Торбаков

21. Горан Устијаноски

22. Данче Сотироска

23. Дарко Ангелов

24. Дебора Лакаордова

25. Дејан Бујишиќ

26. Дејан Герасимовски

27. Димитар Самарџиевски

28. Димитар Трифуновски

29. Димче Лазаревски

30. Дино Стеријевиќ

31. Ѓоко Николовски

32. Елена Ивановска

33. Елена Новачка

34. Елизабета Панговска

35. Иван Стојановски

36. Ирена Лесовска

37. Исмет Османи

38. Јана Глигоровска

39. Јасмина Апостолска

40. Јасминка Васкова Ташкова

41. Јордан Поповски

42. Јехошуа Шуки Глајтман

43. Катерина Димовска

44. Кенан Абди

45. Колин Џефри

46. Коче Гаврилов

47. Кристијан Арсов

48. Крсте Маљановски

49. Лазо Трпков

50. Луке Галески

51. Љупчо Ефремов

52. Марија Апостолова

53. Марија Влашчева

54. Марија Ивановска-Гуговска

55. Марија Јакимовска

56. Марина Ефремовска

57. Марјан Хрибар

58. Мартина Антиќ

59. Мартина Тевчева

60. Мери Атанасовски

61. Методиј Хаџи Васков

62. Милош Стокуќа

63. Мирвет Рамадани

64. Мичо Апостолов

65. Наталија Пешиќ

66. Ненад Коцевски

67. Панче Кралев

68. Перо Китановски

69. Огнена Никуљска

70. Роберт Валтер

71. Розета Видоеска

72. Розета Трајан

73. Сања Димитриевска

74. Саша Грујевски

75. Сашо Павлоски

76. Сашо Стефановски

77. Сенко Велинов

78. Славе Веловски

79. Славица Тодорова

80. Слободан Тодоровски

81. Слободан Трчков

82. Соња Тодороска

83. Срѓан Керим

84. Тања Костовска

85. Татјана Арсова

86. Тео Вајгел

87. Тодор Теменуговски

88. Фиданчо Велиновски

89. Христијан Мицковски

90. Христина Костовска Радинска

91. Џорџ Пери

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер