Според информациите, средбата треба да почне во четврток вечер, а главните активности, според последната агенда, се во петок на 18 мај.
Разговорите треба завршат со вечера на која се поканети и лидерите на парламентарните политички партии.
Поканети се премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, кој го потврди присуството, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој, исто така, ќе присуствува, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, од Алијансата на Албанците Зијадин Села и од БЕСА Билал Касами.
Ова би можело да биде првата средба на лидерите, по разговорите на Заев со грчкиот премиер Алексис Ципрас на самитот во Софија на 17 мај.
Дополнително Мицковски ќе присуствува на состанокот на европските народни партии на 16 мај, исто така, во софија.