Торес повторно ќе игра во Англија

Шпанскиот фудбалер Фернандо Торес би можел во јануарскиот преоден рок да се врати во Англија.
Торес се поврзува со трансфер во екипите на Њукасл или Саутемптон.
Доколку се реши да се пресели во Њукасл, тој повторно би работувал со менаџерот Рафа Бенитез, на чие инсистирање Торес дојде во Ливерпул во 2007 година.
Интерес за Торес пројави и тимот на Саутемптон каде тренер е Маурицио Пелергино поранешниот асистент на Бенитез од времето кога Торес го носеше дресот на Ливерпул.
Торес (33) сезонава добива мала минутажа од Диего Симеоне, кој настапи на шест натпревари, додека на само два меча беше меѓу стартните единаесетмина. Минутажата на Торесе ќе биде уште помала, откако во зимскиот период право на настап за „јорганџиите“ ќе имаат Диего Коста и Витоло.
Доколу се реши да се врати во Англија, и да заигра за било која од овие две екипи, за поранешниот шпански репрезенттивец тоа ќе биде трет тим од оствовото за кој настапил. Торес покрај четирите сезони во Ливерпул, го носеше и дресот на лондонски Челзи од 2011 до 2015 година./MИА

СП 2018: Роналдо и донесе победа на Португалија против Мароко

Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија.

Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо.

Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол.

Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку пати се обиде да го зголеми водството преку контранапади.

Мароко со два порази ги загуби шансите за пласман во следната фаза, а Португалија со четири освоени бода е на чекор од осминафиналето. /МИА

Вардар против Пјуник, Хонвед противник на Работнички, Шкупи против славниот Глазгов Р. во 1. коло од Лигата на Европа

 Вардар за противник во 1. квалификациско коло во Лигата на Европа ќе го има тимот на Пјуник од Ерменија.

Ова е резултат на ждрепката која денеска се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.

Првиот натпревар треба да се игра на 12 јули во Ереван, а на реваншот седум дена подоцна, Вардар да биде домаќин. 

До сега Вардар нема играно официјален европски натпревар против тим кој доаѓа од Ерменија, додека Пјуник два пати ги има одмерено силите со македонски претставник, односно со Победа и со Тетекс, каде што два пати беше успешен. 

Унгарскиот Хонвед прв ривал на Работнички во ЛЕ

 Екипата на Хонвед е противник на Работнички во првото квалификациско коло од Лигата на Европа на УЕФА. Ова го одреди денешниот ждреб во Нион.

Првиот меч ќе се одигра на 12.јули во Будимпешта, додека реваншот треба да се одигра седум дена подоцна во Скопје.

Минатата сезона Хонвед го заврши на четвртото место во првенството на Унгарија. 

Шкупи го доби славниот Глазгов Ренџерс за ривал во квалификациите од ЛЕ

Трофејниот шкотски клуб Глазгов Ренџерс ќе му биде противник на Шкупи во првото квалификациско коло од фудбалската Лига Европа.

Првиот натпревар на 12 јули ќе се игра во Шкотска, а во реваншот домаќин ќе биде Шкупи.

Претходно на жрепката во седиштето на УЕФА во Нион, ривалите за првата рудна ги добија и другите два македонски претставника.

Вардар ќе игра со Пјуник од Ерменија, додека Работнички ќе се сретне со Хонвед од Унгарија. 

Македонија заедно со Словенија и Црна Гора организатори на женското ракометното ЕП 2022

 Европската ракометна федерација на денешниот конгрес во Глазгов, Шкотска донесе одлука Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора да бидат заеднички организатори на Европското првенство за ракометарки во 2022 година.

Федерациите на трите земји ги исполнија критериумите и ги задоволија сите барања при инспекциите на ЕХФ во текот на изминатиот период, по што официјализирано е дека градовите Љубљана, Скопје, Цеље и Подгорица, со своите арени „Стожице“, „Борис Трајковски“, „Златорог“ и „Морача“ ќе организираат по една од четирите групи во првата фаза од првенството.

Љубљана и Скопје ќе бидат домаќини и на по една од групите во главната фаза, додека завршницата од шампионатот ќе се игра во словенечкиот главен град.

Покрај условите за одигрување на овие натпревари од највисоко ниво, заедно со искуството на организација на големи настани на трите федерации, како посебно добра препорака за доделување на организацијата.

- Кампањата, која ќе се одвива под слоганот „We Can Handball“, како главна цел го има засилувањето на брендот на женскиот ракомет во Европа и Светот, така што со подобрување на сите негови производи, тој ќе се приближи до она што глобално претставува машкиот ракомет. Предложени се низа проекти под слоганите “We Teach Handball”, “We Travel Handball”, “We Care Handball”, “We Support Handball” и “We Work Handball”, меѓу другите, чија реализација нема да биде фокусирана само во земјите на одржување на Првенството, туку низ цела Европа, објави РФМ на својата официјална веб страница.

Целта на предложените проекти се опфаќање на широк аудиториум за приближување на фановите до своите идоли, промоција на женскиот ракомет, како и да се промовира самиот настан. 

притисни ентер