Хрвати благодарение на Срби ќе го гледаат натпреварот против Грција

Навивачи на хрватскиот фудбалски национален тим, благодарение на Срби, ќе присуствуваат на натпревар против Грција во Атина, и покрај договорот на двете федерации дека на бараж дуелите за СП нема да присуствуваат поддржувачи на гостинската репрезентација, објавија хрватските медиуми.
Според информациите на порталот Индекс, неколку групи хрватски навивачи добиле билети со помош на Србите, кои се во пријателски односи со Грците, а на стадионот „Јоргос Караискакис“ во Пиреја ќе бидат Хрвати кои живеат во Атина.

Истиот извор пренесе дека Хрватите добиле неколку билети и од Грци, кои се незадоволни од резултатот на првиот натпревар во Загреб (4:1) и минималните шанси на нивниот тим да изберат пласман во Мундијалот во Русија.

Натпреварот помеѓу Грција и Хрватска ига се вечерва во Атина од 20:45 часот. /МИА

СП 2018: Хрватскиот селектор го врати Калиниќ дома

 Атмосферата во хрватската репрезентација е малку нарушена и покрај рутинската победа над Нигерија на почетокот на Светското првенство. 

Хрватските медиуми објавија дека селекторот Златко Далиќ го отстранил од националниот тим Никола Калиниќ.

Оваа одлука на селекторот е резултат на одбивањето на Калиниќ да влезе во игра пет минути пред крајот на натпреварот со Нигерија.

- Златко Далиќ по натпреварот со Нигерија изјави дека нема повредени играчи, туку постојат само неколку мали „проблемчиња“. Тешко дека одбивањето на Калиниќ да влезе во игра може да се нарече „проблемчиња“, пишуваат хрватските медиуми.

Селектор Далиќ не сакаше да коментира за овој настан и се очекува својот став да го соопшти попладне на прес-конференција. 

Михајловиќ ќе биде новиот тренер на Ристовски во Спортинг

Српскиот фудбалски стручњак Синиша Михајловиќ се наоѓа во Лисабон каде се очекува во најскоро време да биде промовиран во нов тренер на Спортинг.

Поранешниот тренер на Торино и на српската репрезентација се договорил со португалскиот клуб на двегодишна соработка.

За Спортинг настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

По бурната сезона „зелено-белите останаа без тренер, откако тимот го напушти Жорге Жезус, а исто така од Спортинг си заминаа и поголем број играчи. 

Мурињо: Англија мора да го порази Тунис, но исто така се зборуваше и за Бразил и Аргентина

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека репрезентацијата на Англија мора да го совлада Тунис на дуелот од Светското првенство 2018.

- Дали го гледавте Тунис како играше со Португалија. Искрено, не ми се допадна тој натпревар. Тунис по својот потенцијал и стил е сличен на Мароко. Англија треба да победи, но истото тоа важеше и за Бразил и за Аргентина. Мислам дека натпреварот ќе биде интересен, изјави Мурињо.

Натпреварот Тунис – Англија ќе се игра во Волгоград вечер со почеток во 20 часот.

Три часа претходно (од 17 часот) ќе почне другиот меч од 1.коло во Г-групата меѓу Белгија и Панама. 

притисни ентер