Од 9 до 11 ноември Вип Арената во Скопје домаќин на 47 издание на „Златен гонг“

Една од најтрофејните спортски манифестации во Македонија, Златен Гонг, оваа година ќе се одржи по 47-ми пат. Вип Арената при СЦБТ, мала сала од 9-11 ноември 2017 (петок и сабота ), ќе ги собере боксерите од Македонија и уште 6 други држави,согласно доставената програма.

Натпреварите ќе започнат со полуфиналните борби во петок со почеток од 16:00 до 19:00 часот додека свеченото отварањето на настанот ќе се одржи во петок од 17:30 часот. Во сабота е предвидено да се одржат финалните борби со почеток од 11:00 часот, а доделувањето на наградите и признанијата е предвидено со почеток од 14:00 часот. За учество на гонгот се пријавени околу 40 боксери.

На прес конференцијата во Агенција за млади и спорт, директорот Дарко Каевски потенцираше дека оваа манифестација станува македонски спортски бренд на Балканот и Европа и од таа причина Агенцијата за млади и спорт се јавува како генерален покровител.Поддршката која Агенцијата за млади и спорт е во насока на дополнителна афирмација на боксот во Македонија, како е ден од нашите најуспешни спортови.

-Се надевам на фер плеј борба и судење и упатувам покана до сите вљубеници на боксот да уживаат во перформансите на сите учесници,- изјави Каевски.

Свое излагање околу спортската манифестација и околу очекувањата имаше и селекторот на македонската боксерска репрезентација Петре Чурлиновски.

Запленета голема количина фалсификувани производи во Нови Сад и Белград

Запленета голема количина фалсификувани производи во Нови Сад и Белград, меѓу кои има бисквити, детергенти и шампони.

Пазарните инспектори на српското Министерство за трговија открија нелегално производство на фалсификувани хемикалии за домаќинство, детергенти и шампони од марката „Проктер&Гембл“, како и фалсификувани бисквити Плазма.

„Ова е откриено во акцијата за сузбивање на продажбата на фалсификувани производи на српскиот пазар“, изјави денеска министерот за трговија Томислав Момировиќ.

Тој рече дека на овој начин е спречена употребата на фалсификувани производи и избегната е потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

Момировиќ истакна дека во акција со припадници на Министерството за внатрешни работи и Основното обвинителство од Нови Сад, извршен е инспекциски надзор на повеќе локации во Нови Сад и Белград и запленета е поголема количина фалсификувани производи.

„Меѓу тие производи се 2.021 кондиторски производи, 205 хемиски производи за домаќинството, вклучувајќи детергенти за садови, детергенти за перење и средства за лична хигиена, над 11.000 пакувања за кондиторски производи и хемикалии за домаќинство, 26 буриња од по 120 литри суровини за правење течен детергент за садови и алишта, огромен број на декларации, налепници и бар кодови подготвени за лепење на амбалажата и пуштање во оптек“, рече Момировиќ.

Маск сака од „X“ да напраци „YouTube“

Откако Илон Маск го презеде „Twitter“ (сега „X“), видеата станаа многу важна ставка кога станува збор за оваа социјална мрежа. Сега, „X“ лансира апликација која ќе работи на сите уреди.

Извршната директорка на „X“, Линда Јакарино, најави дека се воведува „содржина што можете да ја гледате на паметни телевизори“, односно апликација која ќе содржи алгоритам за видеа, заедно со трендови и теми, а ќе се напојува со вештачка интелигенција .

Оваа апликација ќе биде достапна за телефони и паметни телевизори, а компанијата сака да биде нешто слично на „YouTube“. Ќе работи слично - двете платформи, кога сугерираат што да гледате, ја земаат предвид вашата историја на пребарување, што гледаат другите, како и содржината на самите клипови.

„X“, како што рековме, ќе користи вештачка интелигенција за да предложи видеа што е најсигурно дека ќе ви се допаднат. Друга сличност помеѓу „X“ и апликацијата „YouTube“ е тоа што ќе можете да се префрлите од вашиот телевизор на вашиот телефон и да продолжите да гледате.

Ќе поддржува и „кастинг“ од мобилни телефони, но се уште не е кажано кога точно ќе се најде на пазарот „X“апликацијата за видео.

Извор: Б92

Столе Попов добитник на годинашниот „Златен објектив“

Столе Попов, режисер, сценарист, продуцент и автор, е добитник на годинашниот „Златен објектив“, традиционално признание што го доделува Кинотеката на Македонија по повод нејзиниот роденден.

Попов, како што наведува Кинотека, ја задолжи националната кинематографија не само со својот наградуван филмски опус, туку и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на филмската уметност и филмското образование.

Столе Попов е роден 1950 година во Скопје, а во 1973 година дипломира на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Снима уште како студент, а со првите документарни филмови како филмски професионалец – ОГАН (1974) и АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА (1977), тој веќе се етаблира како талентиран филмски творец со препознатлив стилски и естетски сензибилитет. Од 1978 година, се вработува во „Вардар филм“ – и веќе следната, 1979 година, со ДАЕ, документарецот за ромското население во Скопје – станува прв македонски автор кој е номиниран за престижниот американски „Оскар“, тогаш како претставник не само на македонскта, туку и на југословенската кинематографија во тоа време. Потоа, снима бројни рекламни филмови – за Алкалоид, ГП Маврово и ХЕК Југохром, а првиот негов игран филм – ЦРВЕНИОТ КОЊ, го реализира во 1981 година. По тоа следуваат долгометражните филмови СРЕЌНА НОВА ‘49 (1986), ТЕТОВИРАЊЕ (1991), ЏИПСКИ МЕЏИК (1997) и ДО БАЛЧАК (2014), поголем број негови менторски и продуцентски проекти, како и неговиот професорски ангажман на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Член е на Европската филмска академија, а еден период беше и директор на државната продуцентска куќа „Вардар филм“ во тоа време.

Во 2011 година неговите филмови (три документарни и четири играни дела) беа дигитално реставрирани и објавени во форма на ДВД-издание – што воедно беше и првиот проект за дигитална реставрација реализиран од страна на Кинотеката.

Речиси сите негови филмови – и документарните и играните – се наградувани на бројни регионални и на светски фестивали, а некои од нив – како на пример ТЕТОВИРАЊЕ и СРЕЌНА НОВА ’49 – се здобиваат и со култуен статус кај различни генерации од тогашната домашна македонска и југословенска публика, и тој статус само се зголемува и продлабочува со минувањето на времето...! Тоа е и еден од најголемите и вистински показатели за неговата авторска оригиналност и специфична филмска естетика и квалитет – заедно со неговата филмска оставштина и залог помеѓу поновите генерации на филмски автори и промислувачи на филмот кои дошле и доаѓаат по него – поттикнати, окуражени и инспирирани од неговиот длабок естетски и специфичен филмски опус, и од неговиот високо значаен стилски авторски белег кој тој го остава во македонската кинематографија...

По повод Денот на Кинотеката, 29 Април, сите кинотечни печатени и електронски изданија досега (значајниот број издадени книги од областите на кинотечната и филмска наука, историја и уметност, сите изданија на кинотечното списание КИНОПИС и сите ДВД-изданија на Кинотеката) ќе се продаваат со „роденденски“ попуст од 50 отсто во просториите на Кинотеката.

Кинотеката го одбележува својот роденден на датумот кога во „Службен весник“ е објавен Законот за формирање на Кинотеката - 29 април 1974 година. Иако Кинотеката формално почнува да работи со полн капацитет и со полна организациска структура дури две години потоа, во 1976 година, кога ги добива своите први канцеларии и депо и почнува да собира архивски материјали, формирајќи ги првите аудиовизуелни збирки и организирајќи ги првите кинотечни филмски проекции, сепак го одбележува како свој роденден 29 април. Последните две децении, по тој повод и околу тој датум, Кинотеката го објавува годишните добитници на сега веќе традиционалното признание „Златен објектив“, кое им се доделува на филмски автори и работници кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Досегашни добитници на ова признание, досега биле режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, актерот и режисер Коле Ангелов, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митровска, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Луковска-Дончиќ и Спасе Тасевски, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, продуцентот Панта Мижимаков, филсмките критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски Доре, композиторот Љупчо Константинов, костимографите Елена Дончева и Зорица Тодорова-Младеновиќ, тон-мајсторот Глигор Паковски, сликарот Коле Манев и филмскиот работник Коста Крпач.

Свеченото доделување на „Златниот објектив“ на Столе Попов ќе се одржи кон крајот на мај оваа година, во просториите на Кинотеката на Македонија.

притисни ентер