Станојковиќ повика дваесет фудбалери за натпреварите со Србија

Македонската репрезентација составена од фудбалери до 16 години на 25 и 27 ноември ќе одигра два контролни натпревара против Србија на гостински терен.
Селекторот Вујадин Станојковиќ за овој дуел повика 20 фудбалери.

Голмани: Христијан Стевковски и Благојче Иванов.

Одбрана:Андреј Кировски, Антонио Митрев, Бојан Илиевски, Мерис Факиќ, Тодор Тодоровски.

Среден ред: Христијан Делевски, Васко Трајков, Марио Наумоски, Елмаз Елиф, Михаил Маневски, Енис Фазлагиќ и Алтин Сефо.

Напад: Христијан Трапановски, Бобан Здравевски, Јани Атанасов, Филип Таневски, Филип Јовановски, Мена Аздрен.

- Со двата натпревари против Србија бројката на контролни натпревари која ја имаме во изминатиот период ќе изнесува четиринаесет. Тоа значи дека влегуваме во фаза кога мораме да го имаме речиси финалниот состав на тимот што ќе биде носител на натпреварите во предквалификациите, идниот месец ќе ги дознаеме и противниците во групата. Во Стара Пазова нашата цел е да направиме увид во моменталната форма на повиканите играчи, во составот има и неколкумина нови имиња, да видиме на терен на кое квалитативно ниво сме во овој период и колку можеме да се спротивставиме на силната репрезентација на Србија, изјави селекторот Станојковиќ.

СП 2018: Јапонија и Сенегал со нерешен резултат

Јапонија и Сенегал одиграа нерешено 2:2 во натпревар од групата Х на Светското првенство во Русија.

Двете репрезентации покажаа релативно израмнета игра особено во однос на поседот на топката и контролата на теренот, но сепак Сенегал беше за нијанса поквалитетен што се одрази со поголем притисок врз јапонскиот гол и бројот на шанси за погок.

Сенегалците стигнаа до рано водство со голот на Садио Мане во 11-та минута, но Јапонија преку Такаши Инуи во 34-та израмни на 1:1, резултат со кој се замина на паузата.

Во второто полувреме Сенегал повторно поведе 2:1 во 71-та минута со голот на Муса Ваге, но по седум минути Кеисуке Хонда израмни на 2:2.

Во оваа група Јапонија и Сенегал сега имаат по четири бодови, а Полска и Колумбија се без бодови, но ќе се соочат вечерва. Без разлика на исходот од натпреварот меѓу Полска и Колумбија, местата во осминафиналето во оваа група ќе се решаваат во последното коло.

Чилиќ го совлада Ѓоковиќ и го освои Квинс

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ ја освои титулата на АТП турнирот од серијата 500 во Квинс, Лондон.

Чилиќ во финалето го совлада најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови (5:7, 7:6, 6:3).

Натпреварот траеше речиси три часа, а за Ѓоковиќ ова беше прво финале по пауза од 11 месеци и имаше шанса да го освои првиот трофеј по повредата, но потфрли во клучните моменти и му овозможи на противникот целосен пресврт.

За Чилиќ ова е 18 титула во неговата кариера.

Хамилтон лесно до триумф во Франција

Британскиот возач Луис Хамилтон од Мерцедес победи на трката за Големата награда на Франција.

Втор беше Макс Верстапен од Ред Бул, додека третата позиција ја освои Кими Раиконен од Ферари, кој во последните кругови го претекна Даниел Рикиардо од Ред Бул и го остави на четвртото место.

По почетните проблеми и казната Себастијан Фетел од Ферари успеа да се најде на петтата позиција.

Во самиот старт на трката дојде до контакт меѓу Фетел и возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, по што двајцата накратко беа надвор од патеката, но ја продолжија трката. Бидејќи до контактот дојде по грешка на Фетел, возачот на Ферари доби казна од пет секунди.

Шести беше Кевин Магнусен од Хас, а Ботас заврши како седми.

Со оваа победа Хамилтон се врати на првото место во генералниот пласман.

притисни ентер